Македонија Случувања

Во с.Бучин – Крушевско како и во Скопски Сарај пронајдени гранати од прва светска војна

На 21.12.2018 година во 09,10 часот телефонски во Полициското одделение Сарај, И.Р. пријавил дека забележал стара граната. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување пронајдената граната е подигната за понатамошна постапка.

На 21.12.2018 година во 12,15 часот во ПС-Крушево, В.С (22) од с.Бучин-Крушево, пријавил дека С.Ј (55) од с.Бучин-Крушево, пред околу една недела во нива во негова сопственост пронашол артилериска граната кал.75мм од Првата Светска војна.Од пиротехничар од ДЗС-Битола пронајдената експлозивна направа е подигната за понатамошна постапка.

Извор: Билтен МВР