Случувања
Првата руска вселенска станица другата година на Месечината

Слетувањето на првата автоматска станица во историјата на модерната Русија на Месечината е планирано за средината на октомври 2021 година, објави руската државна вселенска агенција Роскосмос.
– Во зависност од датумот на лансирање, ќе се определиме за една од двете опции на летот – за 4,5 или 5,5 дена. Се претпоставува дека подготвителните операции во орбитата на Месечината ќе трае околу пет дена. Значи, летот до Месечината ќе трае десет дена – се наведува во веб-страницата Роскосмоза.
Последната советска меѓупланетарна автоматска станица беше Луна 24, лансирана во 1976 година. Ова ќе биде прв пат модерната Русија да испраќа вселенско летало на Месечината.
Планирано е Луна 25 да слета во близина на јужниот пол на планетата на Земјата. По слетувањето на Месечината, станицата Луна 25 ќе спроведе научни истражувања за својствата и составот на поларната почва и ќе ја истражува поларната егзосфера на Месечината. Вселенските летала порано не слетале во поларниот регион на Месечината. Сите советски и американски мисии, како и авиони на други земји, слетаа на умерени ширини или во екваторот.
Македонија
Предмалку земјотрес регистриран со епицентар на 14км западно од Гостивар

Предмалку почуствуван земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтер.
Од информациите на ЕМСЦ епицентарот се наоѓа 14км западно од Гостивар.
Повеќе информации наскоро.
M3.0 #earthquake (#земјотрес) strikes 14 km S of #Gostivar (North Macedonia) 9 min ago. Effects reported by eyewitnesses: pic.twitter.com/KN9eLxYtHZ
— EMSC (@LastQuake) March 6, 2021
Македонија
За 24 часа, денес нови 722 случаи на Ковид-19 во земјава

Во последните 24 часа се направени 3.701 тестирања, а регистрирани се 722 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 375
-Прилеп 44
-Кавадарци 35
-Гевгелија 29
-Битола 25
-Гостивар 23
-Тетово 22
-Куманово 20
-Охрид 16
-Штип 15
-Крива Паланка 14
-Неготино 13
-Велес 11
-Струмица, Струга и Кочани по 10
-Богданци 9
Кичево, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Берово и Крушево по 5
-Валндово 3
-Делчево, Пробиштип и Демир Капија по 2
-Кратово и Демир Хисар по 1
Починати се 8 лица, по 4 пациенти од Скопје (81г,75г,74г,73г) и по 1 пациент од Пробиштип (88г), Струмица (88г), Кичево (72г), Куманово (70г), и Битола (61г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Регистрирани се 186 оздравени пациенти од:
-Скопје 50
-Прилеп 29
-Кавадарци 25
-Куманово 15
-Тетово 14
-Велес 9
-Неготино 8
-Кочани и Гевгелија по 6
-Гостивар 5
-Струмица и Крушево по 4
-Богданци 3
-Штип, Свети Николе и Валандово по 2
-Делчево и Пробиштип по 1
Досега во земјата се направени вкупно 540.725 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 106.832, бројката на оздравени пациенти е 94.461, на починати е 3.185, а бројот на активни случаи изнесува 9.186.
Свет
Авион полн со патници принудно слетал во Софија поради агресивно однесување на човек, за делото му прети затвор од 10 години

Авион кој летал од Париз до Њу Делхи морал принудно да слета во Софија поради агресивното однесување на еден од патниците, за што му се заканува казна затвор од 10 години, соопштија денеска бугарските власти.
Патникот на „Ер Франс“, инаку државјанин на Индија, започнал агресивно да се однесува набргу по полетувањето вчера попладне.
Како што објасни службеникот на Националната агенција за истраги, Ивајло Ангелов, тој се скарал со другите патници, ја навредил стјуардесата и тропнал на вратата од кабината.
Заради неговото однесување. капетанот мораше да побара принудно слетување во Софија, пренесува Ројтерс.
Човекот, чие име не беше соопштено, бил изнесен од авионот и обвинет за загрозување на безбедноста на летот, за што му се заканува казна затвор од 10 години.
– „Ние ги истражуваме неговите мотиви и однесување, за што нема разумно објаснување“, за медиумите рече Ангелов.
-
Кичево2 дена
Важна информација од Кичевска Парохија
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за денес (5 март) петок
-
Спорт3 часа
(ФОТО) Кичевчанецот Николоски е државен шампион за 2020 во мотоспорт – категорија „Ендуро Е2 класа“
-
Временска прогноза12 часа
Од ноќеска голем пад на температурите, од среда дожд и снег – Ова се најновите детали за времето кај нас
-
Занимливости3 дена
(ФОТО) За 8-ми март женски продукти на акција само во АТВА Маркети – Кичево
-
Кичево12 часа
Спречен пожар на поголема површина во атарот на с.Карбуница – кичевско
-
Случувања3 дена
(ВИДЕО) Од низата снимки кои се појавија од земјторесот во Грција, на оваа се гледа морничавиот момент, бутикот се помести од своето земјиште
-
Свет1 ден
Откриено колку можат честиците од Коронавирусот да преживеат