Живот Здравје

Пушачи обавезно земајте Б витамин!

Ракот на белите дробови е една од најчестите болести во светот, а речиси 90 отсто од случаите се предизвикани од пушењето. Еве малку добри вести за пушачите: ако се зголеми внесувањето на витамин Б, ќе го намалите ризикот од рак на белите дробови, според истражување спроведено од страна на Меѓународната агенција за истражување на ракот.

Во истражувањата се вклучени околу 400.000 луѓе, а резултатите покажаа дека високите нивоа на витамин Б во крвта го намалува ризикот од рак за 50 проценти, па можеби тоа објаснува зошто некои пушачи не се разболуваат од оваа болест.

Ракот на белите дробови е најчеста болест во светот, а речиси 90 отсто од случаите се предизвикани од пушењето. Годишно умираат од оваа болест повеќе од еден милион луѓе, покажа едно истражување објавено во списанието на Американското медицинско здружение.

Од друга страна, оваа форма на рак влијае на луѓето кои никогаш не пушеле и оние кои веќе долго време се ослободени од овој порок, па поради тоа е спроведено ново истражување од кое е откриено поврзаност помеѓу ниското ниво на витамин Б во телото и појавата на ракот.

“Ние имаме констатирано дека исхрана може да игра клучна улога во спречувањето на ракот на белите дробови”, заклучи авторот на истражувањето Пол Бренан.

Close