Без категорија
Вака се создава животот на една пчела, импресивно видео кое сигурно ќе ве интересира (ВИДЕО)

Фантастична „тајмлапс“ снимка на создавањето на живот во пчеларските сандаци. Од ларва до вредна и неуморна работна пчела – вака се раѓаат едни од најимпресивните ципокрилни инсекти и животински заедници на планетата Земја.
Пчелите се ципокрилни инсекти кои се приспособени се за исхрана со цветен прав и со нектар. Нивното значење во природата и за човекот е големо, почнувајќи од производите што ги даваат, мед и восок, па до опрашувањето што го вршат кај растенијата. Групата опфаќа видови што имаат осаменички начин на живеење, или пак се здружуваат во добро организирани семејства.
Социјалните видови пчели живеат во заедница од 20.000 до 70.000 пчели работнички, една матица и од 800 до 3.000 трутови, што се јавуваат само во текот на летото. Секој од овие членови во заедницата врши точно определена работа.
Во Македонија е позната расата мариовска пчела од видот европска медоносна пчела (Apis mellifera)
Целосната видео снимка прегледајте ја со кликнување ТУКА
Без категорија
Наскоро преку камера ќе може да се измери пулсот и ритамот на дишење

Google додава две важни функции на апликацијата Fit на моделите Pixel – и наскоро ќе ги додаде и на другите телефони со Android.
Имено, со помош на оваа апликација, корисниците ќе можат да го измерат пулсот и да го следат ритамот на дишење во иднина. Овие функции, се разбира, треба да се користат само за следење на општата здравствена состојба и проверка на параметрите, и тие во никој случај не можат да го заменат лекарскиот преглед.
За да ја измерите брзината на дишење (број на вдишувања во минута), доволно е да ја насочите предната камера на телефонот кон главата и градите. За пулсот, треба да го ставите прстот над камерата каде што се наоѓаат сензорите, пренесува порталот The Verge.
– Лекарите го бројат бројот на вдишувања кај пациентите забележувајќи колку пати градите се зголемуваат и спуштаат, а апликацијата Fit треба да работи на сличен начин. Ние користиме вештачка интелигенција за да измериме различни параметри и да им помогнеме на луѓето да го одржат најдоброто можно здравје – пишуваат од Google Health.
ФОТО: researchgate.net
Без категорија
Eurosport 1 & 2 HD од понеделник на Total TV, вистинско спортско уживање за сите стари и нови корисници..

Нашите партнери од РиД Електроника Кичево ги известуваат своите ценети корисници на Тотал ТВ дека заклучно со ден 08.02.2021 понеделник дека позиција (170/171) ќе се емитуваат ултра популарните светски канали на ЕУРОСПОРТ 1 и 2 HD.
Бидете во тек со најактуелните спортски збиднувања само преку најквалитетниот ТВ стрим од Тотал ТВ.
Доколку немаш дома? .. За Кичево и околината информирај се на 070/855 540 или на фан страната РиД Електроника
Без категорија
(ФОТО) Кинеската сонда ја испрати првата фотографија од „Марс“ направена на 1,1 милиони километри од планетата

Кинескиот вселенски брод Тјанвен-1 ја испрати првата слика од Марс, соопшти денеска Кинеската вселенска агенција. Тијанвен-1 беше лансиран во јули и се очекува да влезе во орбитата на Марс околу 10 февруари, а планот на мисијата е да слета на површината на „црвената планета“, пренесува Гардијан.
Фотографијата е направена на 1,1 милиони километри од планетата.
Тијанвен-1 тежи пет тони и носи ровер кој треба да ја истражува површината на Марс.
Кина се надева дека ќе го спушти роверот во мај во областа Утопија, местото каде што некогаш погоди голем предмет.
Гардијан додава дека Кинезите инвестирале милијарди долари во вселенска програма, која е под надзор на армијата, а нивниот план е да се изгради вселенска станица во орбитата на Земјата до 2022 година.
-
Спорт1 ден
(ФОТО) Кичевчанецот Николоски е државен шампион за 2020 во мотоспорт – категорија „Ендуро Е2 класа“
-
Временска прогноза2 дена
Од ноќеска голем пад на температурите, од среда дожд и снег – Ова се најновите детали за времето кај нас
-
Кичево2 дена
Спречен пожар на поголема површина во атарот на с.Карбуница – кичевско
-
Кичево19 часа
ЕВН КЕЦ Кичево: За утре најавени прекини во електрична енергија, Мак.Брод, како и регионот – с.Манастирец, Пласница, Крапа…
-
Свет1 ден
Авион полн со патници принудно слетал во Софија поради агресивно однесување на човек, за делото му прети затвор од 10 години
-
Свет2 дена
Откриено колку можат честиците од Коронавирусот да преживеат
-
Македонија1 ден
Предмалку земјотрес регистриран со епицентар на 14км западно од Гостивар
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за денес [6 март] сабота