Забава Занимливости Настани

Ракун се качил на зграда со 90 ката, па извел неверојатен потег (ВИДЕО)

На луѓето секоја невообичаеност им го привлекува вниманието, па затоа не е чудно кога во Њу Џерси сите погледи беа насочени кон една зграда од 9 спрата, каде што несреќниот ракун се обидуваше да остане на ѕидот со предните и задните нозе, но без успех.

На видеото што се шири на социјалните мрежи се гледа животното што стои на ѕидот од повеќеспратницата, додека толпата го гледа овој неверојатен настан од земјата, пишува Унилад.

Ракунот некое време се обидуваше да се држи, а потоа направи несекојдневна работа.

Скокна од зградата и кога сите мислеа дека тука е крајот, ракунот се дочека на сите четири нозе, а потоа побегна во непознат правец со брзината на светлината.

Како тоа изгледаше, погледнете на видеото:

Close