Култура
Од денес започнуваат Рамазанските пости!
За верниците од исламска вероисповед од денеска започнува Светиот месец – Рамазан, месец на пости и религиозна посветеност. Во наредните 30 дена муслиманските верници ќе постат од изгрејсонце до зајдисонце.
Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. Истовремено, верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Во постот се поштедени болните, децата, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа.
Честит месец Рамазан на сите муслимани!
Нека овој месец Ви донесе телесно и духовно прочистување, здравје и бериќет.
Нека вашиот пост биде лесен и прифатен.
Култура
Честитки по повод верскиот празник „Рамазан Бајрам“ на сите припадници на исламската вероисповед
Токму денес на сите наши читатели, поддржувачи на пишаниот збор од информативен и јавен карактер – Ви го честитаме срдечно највозвишениот ден од исламскиот календар, празникот Рамазан Бајрам, посакувајќи празнична радост во сите муслимански семејства.
/Порта.мк
Култура
Денес се слави „Благовец“ празник на мајките, честит именден на Благој, Благица, Блаже..
Името на празникот Благовештението е истоименито со Евангелието.
Тие носат исто име. Евангелие е Благовестие, Благовештение. Празникот така и се нарекува на грчки јазик: Евангелизмос (ЈО Еујаггелисмовч), а на старомакедонски (црковно-словенски) јазик: Благовештение(БлаговѕГен·е). Составено е од два збора: блага + вест, радосна вест.
Свето Благовештение е Богородичен празник, односно еден од празниците посветени на Пресвете Богородица. Тие се поврзани со животот на Божјата Мајка. Таков е и овој празник. Со право некои го сметаат и за двоен празник: Господов и Богородичен. Господов, бидејќи на овој ден Господ Исус Христос се воплотил зачнал, а Богородичен, бидејќи Богородица постанала Божја мајка.
Полното име на празникот е: Благовештение на Пресвета Богородица. Се сретнува, обично во руски и црковно-словенски богослужбени книги и како Благовештение на Пресветата Владичица наша Богородица и Приснодева Марија.
Бил именуван и како: Благовештение на Марија од ангелот, Зачнување Христово, Почеток на искупувањето, Почеток на спасението, Благовештение за Христа, а во ВИИ век е усвоено името: Благовештение на Пресвета Богородица.
Благовештение го празнуваат и Источната и Западната црква.
Неговото народно именување е Благовец, Благоец, Благостене, Благовден, Половина Велигден, Блошчење, Кукувден.
Благовец празник на мајките
Благовец е празник на Божјата Мајка, а според старата црковна традиција е и празник на сите мајки Денот на мајките. Новото нецрковно време го заменуваше со празнувањето на 8 Март, па се подзаборава дека Благовештение е празникот на мајките.
На Благовец е денот на мајките, затоа што Богомајката Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки. Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание.
Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.
Денес, бакнете ја мајка ви. На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените.
Именден
Именден празнуваат: Благој, Блаже, Блажо, Благин, Благомил, Благомир, Благовестин, Благун, Евангел, Вангел, Блага, Благица, Благана, Блажена, Благојка, Благуња, Благодатка, Благовеста, Бонка, Вангелија, Евангелица и др.
Датум на празникот
Празникот Благовец е секогаш на 7 април (односно 25 март, по стар стил). Датумот не го менува и е од групата на постојаните празници.
Постојат две причини за поврзувањето на Благовец со овој датум: Првата е поврзаноста со Божик, а втората, со создавањето на човекот.
Уште од древноста, секогаш се празнувал на овој датум. Благовец е строго поврзан со Божик. Се празнува точно девет месеци пред Божик. Неговата поврзаност со Христовото раѓање не му дава да биде изместен, бидејќи тој е датумот на зачнувањето (7 април / 25 март с.к.), а девет месеци потоа е Раѓањето на Господа Исуса Христа (7 јануари / 25 декември с.к.).
Култура
Соопштение за Крстопоклона Недела и за празникот Благовештение
Минувајќи ги деновите на благословениот пост, се наоѓаме веќе на неговата средина, во која е забодено чесното дрво на Крстот Христов за поклонение, за да нацрпиме сила за до крајот. Но оваа година ни се дава удвоена сила поради тоа што до Крстот Христов е и Пресветата Богородица, односно во Крстопоклона Недела се слави и Благовештението на Пресветата.
Затоа, со особена радост ве покануваме на сеноќното молитвено бдение во Манастирот на Светото Благовештение – Пречиста Кичевска, коешто ќе започне во сабота, на 6 април, во 20:30 часот. На наша голема чест и радост на бдението молитвено ќе присуствуваат Митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил од Вселенската Патријаршија, Митрополитот на Дидимотихо, Орестијада и Суфли г. Дамаскин од Црквата на Грција, како и Митрополитот Европски г. Пимен, Епископот Делчевско-каменички г. Марко и секако, нашиот Старец и Игумен, Епископ Антаниски г. Партениј.
Света Архиерејска Литургија ќе биде отслужена одделно од бдението и ќе започне во недела, во 09:00 часот.
Благодатта на Пресветата Царица во нејзиниот Свештена Пречистанска Обител ги повикува сите да земат удел во радоста на манастирската слава.
Петок
– 19:00 Акатист на Пресвета Богородица
Сабота
– 16:00 Мала Вечерна
– 20:30 Бдение
Недела
09:00 Божествена Архиерејска Литургија
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (18 април)
-
Кичево14 часа
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за петок (19 април)
-
Кичево12 часа
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Хроника16 часа
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
-
Магазин2 дена
Социјалната мрежа X воведува претплата за нови корисници
-
Спорт1 ден
Кралскиот клуб по „пенал рулетот“ обезбеди полуфинале, Начо: „Магична ноќ, за ова се живее“
-
Магазин2 дена
Кинескиот одговор на ChatGPT достигна 200 милиони корисници