Следете не

Здравје и убавина

Зошто раните во устата заздравуваат побрзо?

Објавено пред

на

Раните во устата зараснуваат побрзо од повредите на други делови на кожата, а сега научниците се обидуваат да дознаат како устата залекувањето го прави побрзо.

Според истражувањата објавени минатата недела во Science Translational Medicine,  некои од поголемите регулатори на активноста на гените се вклучени во “прекувремената” работа која устата ја презема во залекувањето на раните без лузни. Овие регулатори коишто всушност претставуваат протеини, познати како SOX2, PITX1, PITX2 и PAX9, се активни во кожните клетки наречени кератиноцити во устата, но не и во клетките на кожата од раката. Регулаторите го држат под контрола воспалението коешто  може да доведе до создавање на лузни, а ги вклучуваат  молекуларните програми поврзани со движењето на клетките и затворањето на раните, велат истражувачите од Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего и Националниот институт за здравство во Бетесда, Мериленд.

Разбирањето на механизмите за брзо зараснување на раните во устата може да донесе терапии со кои раните на кожата би се залекувале без лузни. Бидејќи регулаторите се вклучени во многу биолошки процеси, вклучувајќи го и развојот на организмот, научниците треба да се откријат кој од овие процеси е најзначаен при заздравувањето на раните, вели Луис Гарса (Luis Garza), истражувач на процесите во кожата и дерматолог при Факултетот за медицина Џон Хопкинс. Споменатото истражување моѓе да понуди некои одговори.

Истражувачите направиле мали ранички со иста димензија во устата и на внатрешниот дел од надлактицата кај 30 доброволци. Раните во устата зацелиле за околу три пати побрзо од раните направени во кожата на раката. Во просек зацелувањето се одвивало со брзина од околу 0,3 милиметри на ден кај раните во устата споредено со нешто помалку од 0,1 милиметар на ден кај раните на раката. Намалувањето на количините на PITX1 и SOX2 во кератиноцитните клетки во устата одгледувани во лабораториски садови довело до промена во активноста на гените поврзани со клеточното движење. Зголемување на нивоата на SOX2 во кожата на глувците го скратило времето на лекување од девет на речиси три дена.

Можеби не треба да изненадува тоа што површинскиот слој во усната празнина и другите слузокожни мембрани брзо заздравуваат. Според Гарса ова можеби се должи на еволуцијата на ‘рбетниците во океанот. Тој уште додава: “Голем дел од нашето време сме го поминале учејќи како да ги заздrавиме рани под вода. Затоa, има смисла тоа штo раните на нашата влажна слузница заздравуваат многу добро”.

Здравје и убавина

Истражување покажало кое време е погодно за појадок

Објавено пред

на

Доста познато е дека појадокот е најважниот оброк во денот, но веста е дека експертите сметаат дека треба да се јаде во рани зори.

Имено, според новото истражување, појадувањето до 7 часот би можело да го продолжи животниот век.

Претходните истражувања покажаа дека јадењето доцна навечер го нарушува внатрешниот часовник на телото и го зголемува ризикот од развој на дијабетес тип 2 и срцеви заболувања. Сепак, само неколку студии се осврнаа на прашањето дали времето за појадок има слично влијание. Затоа научниците од Универзитетот во Њујорк сакале да откријат дали времето на првиот оброк во денот е поврзано со долговечноста.

За таа цел, тие неколку децении следеа повеќе од 34.000 Американци на возраст над 40 години.

Волонтерите го забележаа времето на оброци, а научниците ги споредија со стапката на смртност за време на студијата.

Резултатите, објавени во списанието Journal of Nutrition, покажаа дека оние кои појадувале помеѓу 6 и 7 часот наутро имале шест отсто помали шанси да умрат предвреме од сериозни болести како што се срцеви заболувања или рак, отколку оние кои појадувале редовно во 8 часот наутро како 12 отсто помал ризик од рана смрт од оние кои го консумирале првиот оброк во 10 часот, известува Б92.

Се смета дека прескокнувањето на појадокот или јадењето доцна го нарушува „часовникот за исхрана“ на телото – внатрешно програмирање кое го контролира ослободувањето на диететски хормони, како што е инсулинот.

Овој хормон помага во согорувањето на гликозата од крвотокот, а неговото ниво го достигнува својот врв во раните утрински часови. Јадењето подоцна може да значи дека телото постепено произведува помалку инсулин и го зголемува нивото на гликоза во крвта, што доведува до дијабетес и срцеви заболувања.

Извор: vesti-online

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Овие намирници дефинитивно содржат најмногу протеин

Објавено пред

на

Познато е дека месото е најбогатиот извор на протеини, но овие шест видови на зеленчук содржат аминокиселини, така што за да ги добиете сите хранливи вредности од нив потребно е правилно да ги користите.

Грашок

Половина шолја грашок содржи три ипол грама протеини. За да направите идеално избалансиран оброк, подготете свежа супа од грашок, грашок на пареа со друг варен зеленчук по избор.

Спанаќ

И Попај го јадел затоа што знаел колку е богат со протеини. Половина шолја спанаќ содржи три грама протиени.

Компир

Речиси сите знаат дека и компирот е богат со протеини. Испечете го компирот или сварете го и искористете ги неговите протеини.

Брокула

Не само што е богата со влакна туку содржи и два грама протеини во една порција, Брокулата можете да ја подготвите на многу начини, па така таа никогаш нема да ви здосади.

Прокељ

Оваа намирница не ја обожуваат баш сите но таа е вистинска ризница на протеини, витамин К и калиум. Помага во борбата против супстанците кои предвизвикуваат рак.

Пченка

Покрај тоа што е многу вкусна намирница, пченката исто така е богата и со протеини. Подгответе ги салата од пченка или едноставно испечете ја пченката и уживајте.

ФОТО: NatureFriend

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Дали избегнувањето алкохол додека земаме антибиотици е лоша комбинација или не?

Објавено пред

на

Избегнувањето на алкохол додека земаме антибиотици е едно од оние логични здравствени правила во кои едноставно безусловно веруваме, како правилото дека после оброк треба да чекаме 30 минути пред да влеземе во морето…

Правилото за алкохол и антибиотици е исто така одличен изговор доколку сакате да ја поминете сабота вечер дома, бидејќи повеќето луѓе ќе го прифатат како оправдано. Но, колку е точно ова правило?

Иако постојат анегдоти за тоа како алкохолот посилно „удира“ кога се меша со антибиотици, сепак секојдневно не слушаме приказни за тоа како луѓето морале да одат во болница бидејќи ги измешале овие две работи. Овој совет датира од 1950-тите

Кога биле измислени антибиотиците, тие се сметале за супер-лек, а потоа разорните болести (од обични инфекции до сифилис) можеле одеднаш да се излечат за само неколку дена или недели.

Сифилисот и другите сексуално преносливи болести предизвикани од бактерии, исто така, почнаа успешно да се лекуваат со антибиотици (тогаш беше откриен пеницилинот), и секој можеше да излезе и да слави!

Затоа, во 1950-тите и 1960-тите, лекарите ги советувале своите пациенти да не консумираат алкохол за време на терапијата за да не носат лоши одлуки и да ја шират болеста додека не биде целосно излечено. Само алкохолот не ја намалува ефикасноста на антибиотиците

Многу луѓе веруваат дека алкохолот ќе ја намали способноста на антибиотиците да ги уништат бактериите со кои се борат – дури 81% од пациентите во болница во Лондон мислеле дека е така. Но, се чини дека антибиотиците продолжуваат да ја вршат својата функција дури и кога алкохолот се појавува во нашето тело, но симптомите што ги имате може да се влошат.

Исто така, алкохолот може да ја влоши состојбата на вашиот имунолошки систем, што ја оневозможува успешната борба против инфекцијата. Проблемот лежи и во фактот што алкохолот го спречува квалитетниот сон и го намалува нивото на енергија и го дехидрира вашето тело, а сето тоа се важни фактори кои се важни за целосно закрепнување (без разлика дали антибиотиците ќе продолжат да делуваат нормално). Алкохолот може да ги влоши несаканите ефекти од антибиотиците

Иако ефективноста на антибиотиците ќе остане непроменета, некои несакани ефекти може да се влошат кога се мешаат со алкохол. Најчестите несакани ефекти на антибиотиците вклучуваат гадење, вртоглавица, чувство на слабост и дијареа, од кои сите се несакани ефекти и (претерано) консумирање алкохол. Затоа, оваа комбинација едноставно може да ги влоши работите.

Извор: b92.net

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен денПред 5 часа

На денешен ден: 4 декември

1154.- Николас Брекспеир, првиот и единствен Англичанец што бил избран за папа, бил устоличен за поглавар на Римокатоличката црква како...

СпортПред 10 часа

(ВИДЕО) Поим за фер плеј, им дозволија на противникот да постигнат гол

И тоа се случува во фудбалот. Во третолигашки меч домашната екипа постигна гол на среќа во истиот момент кога фудбалерот...

ХороскопПред 12 часа

Дневен Хороскоп [4 декември] – сабота

ОВЕН Може да очекувате парична награда или унапредување за трудот кој сте го покажале во претходниот период. Една личност се...

МакедонијаПред 17 часа

Тешка сообраќајка кај с.Лескоец на патот Охрид-Ресен

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на патот Охрид – Ресен, кај селото Лескоец. Настанот го потврди и портпаролот на...

Временска прогнозаПред 18 часа

Променливо облачно, во вечерните часови повремени локални врнежи од дожд, утре кратка сталибизација, од недела нови врнежи од дожд и снег

Моментално променливо облачно со умерен, а повремено и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, во вечерните часови покасно...

LifestyleПред 18 часа

Кичевска компанија генерален застапник за најпознатите козметички производи од „Cream Team“, купувајте онлајн по екстра цени!

Ексклузивно за прв пат во нашата држава може да ги купите познатите грчки козметички производи од компанијата „Cream Team“ претставувани...

ТехнологијаПред 19 часа

Слаба заинтересираноста за „Windows 11“, што велат претпоставките и статистиката

Корисниците многу бавно го прифаќаат Windows 11, а можна причина се строгите барања за надградба и фактот што Windows 10...

СпортПред 21 час

До 14 јануари рок за пререгистрација на фудбалери од македонската лига

Фудбалската федерација на Македонија праќа информација до клубовите од МФЛ дека пререгистрацијата на фудбалери во машка конкуренција ќе биде спроведена...

КичевоПред 22 часа

Малолетно девојче и возрасен човек од Кичево каснати од кучиња скитници

На 02.12.2021 година во 19.15 часот, Ф.Ф. (39) од Кичево, во надлежната полициска станица пријави дека на ул. „Партизански одреди“...

СветПред 23 часа

СЗО повторно проговори за омикрон

Светската здравствена организација соопшти дека затворањето на границите „купува време“ во борбата против новиот вид коронавирус – омикрон. Претставниците на...

НАЈЧИТАНИ