Кичево
Ограбени две цркви во с.Брждани и с.Бигор Доленци
На 08.07.2018 година во 08,05 часот во Полициската станица Кичево, било пријавено дека во временски период од 01 до 08.07.2018 година во с.Бигор Доленци-кичевско, во црквата „Свети Антонио“, непознат сторител со употреба на погоден алат насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и од пултот за продавање свеќи одзел 500 денари, а потоа го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 08.07.2018 година во 09,00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека во временски период од 01 до 08.07.2018 година во с.Брждани, во црквата „Свети Никола“, непознат сторител со употреба на погоден алат насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и од пултот за продавање свеќи и иконите одзел 1.500 денари, а потоа го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Извор: МВР
Кичево
ЕВН КЕЦ Кичево: За утре најавени прекини во електрична енергија, Мак.Брод, како и регионот – с.Манастирец, Пласница, Крапа…

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре на ден 08.03.2021 година – понеделник, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на својот реон, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следните локации:
МАКЕДОНСКИ БРОД: централното градско подрачје и индустрискиот дел од градот како и с.Ижиште с.Пласница, с.Преглово, с.Сланско, с.Дреново, с.Манастирец, с.Тополница ХПП Крапа с.Девич и с.Грешница (од 08:00 до 11:00 часот)
Извор: Струја
Кичево
Спречен пожар на поголема површина во атарот на с.Карбуница – кичевско

На 04.03.2021 година во 18:10 часот, во ОВР Кичево пријавен е пожар во атарот на кичевското село Карбуница.
Од извршениот увид, констатирано е дека опожарена била сува трева и друга нискостеблеста вегетација на површина од 500 метри квадратни во близина на локален пат кон селото Староец.
Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево.
Извор: СВР Охрид
Кичево
Важна информација од Кичевска Парохија

Кичевското архиерејско намесништво ги известува своите верни чеда дека на ден 05.03.2021 година (петок) ќе се изврши општ Парастос (опевање на сите упокоени) во храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево во 14⁰⁰ часот, а на 06.03.2021 година (сабота), кога е самиот ден Задушница, почнувајќи од 08³⁰ часот свештениците ќе ги посетат и старите и новите градски гробишта.
Поради тоа, сите оние кои ќе доаѓаат во петок да носат пченица, вино и лепче во храмот (истото важи и за оние кои ќе бидат молитвено на гробиштата).
Притоа препорачуваме да се почитуваат здравствените мерки со носење на заштитна маска и растојание.
Нека Човекољубивиот и Милостив Бог ги спомне нашите ближни кои се упокоиле со надеж во воскресение во Своето Царство, на Отецот, Синот и Светиот Дух.
Амин!
/кичевска парохија
-
Спорт1 ден
(ФОТО) Кичевчанецот Николоски е државен шампион за 2020 во мотоспорт – категорија „Ендуро Е2 класа“
-
Временска прогноза2 дена
Од ноќеска голем пад на температурите, од среда дожд и снег – Ова се најновите детали за времето кај нас
-
Кичево2 дена
Спречен пожар на поголема површина во атарот на с.Карбуница – кичевско
-
Кичево22 часа
ЕВН КЕЦ Кичево: За утре најавени прекини во електрична енергија, Мак.Брод, како и регионот – с.Манастирец, Пласница, Крапа…
-
Свет1 ден
Авион полн со патници принудно слетал во Софија поради агресивно однесување на човек, за делото му прети затвор од 10 години
-
Свет2 дена
Откриено колку можат честиците од Коронавирусот да преживеат
-
Македонија1 ден
Предмалку земјотрес регистриран со епицентар на 14км западно од Гостивар
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за денес [6 март] сабота