Следете не

Спорт

Реализирана прва средба на селекторот Игор Ангеловски и претседателот на ФФМ – Муамед Сејдини

Avatar

Објавено пред

на

Како што дознаваме од официјални извори на Фудбалската Федерација на Македонија, штотуку е реализирана првата средба помеѓу актуелниот претседател Муамед Сејдини и селекторот на Македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски кој договорот му истече на 31.12.2020.

На маса се разговарани сите теми кои ја засегнуваат репрезентацијата како и актуелните состојби.

Ангеловски ги испорачал своите очекувања и барања кои практично се во блиска корелација со ФФМ која би значела продолжување со успешната соработка.

Останува да го видиме конечниот исход на претседателот и управниот одбор деновиве.

Спорт

Сејдини: На клубовите им се заканувале со ваучери

Avatar

Објавено пред

на

Во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска беше одржана прес-конференција на која зборуваше првиот човек Муамед Сејдини.

Сејдини повика прес-конференција по вчерашното соопштение од Агенцијата за млади и спорт (АМС).

„Во текот на вчерашниот ден, и до мене стигнаа шпекулации дека одредени претставници на клубовите од македонската лига се повикувани во државни институции, присилувани да потпишуваат некаква поддршка за бојкот на Генералното Изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, уценувани со поделбата на ваучерите. Шпекулациите одеа дотаму што на големо се споменуваше и името на Премиерот на нашата држава..

Одбивав да верувам во таквите ‘игри без граници” сѐ додека не го прочитав соопштението од Агенцијата за млади и спорт објавено на нивната официјална страна“, вели Сејдини.

Повеќе ќе прочитате ТУКА

Прочитај повеќе...

Спорт

(ВО ЖИВО) Проследете ги утакмиците за eEuro2021 во ProEvolution Soccer 2021

Avatar

Објавено пред

на

Групите за предквалификациите за eEuro2021 во ProEvolution Soccer 2021 се формирани и веќе се играат утакмиците почнувајќи од 20 часот. Како што веќе најавивме најдобрите четворица продолжуваат во 1/4 финалето кое ќе се одигра во сабота во Арена Еспорт Клубот!

Натпреварите во живо проследете ги ТУКА

Прочитај повеќе...

Спорт

Футсал репрезентација: Селекторот Скендеровски го објави списокот на повикани играчи за квалификациските мечеви против БиХ и Романија

Avatar

Објавено пред

на

Селекторот на македонската футсал репрезентација, Васко Скендеровски го објави списокот на играчи за квалификациските натпревари против Босна и Херцеговина и Романија од циклусот за пласман на Европско првенство. За пресметката на гостински терен во Зеница (28. јануари) и домашната против Романија (3. февруари), селекторот Скендеровски ќе смета на следните 19 играчи:

ГОЛМАНИ: ПЕТРОВСКИ Антонио (СК Проект Цико), ПЕТРОВСКИ Влатко (Арбен Бајрами), СТОЈАНОВСКИ Иван (Шкупи);

ОДБРАНА: СУЛЕЈМАНИ Реџеп (Шкупи), ИСМАИЛИ Таулант (Арбен Бајрами), ПЕТРОВИЌ Драган (Шкупи), Даниел ДЕ СОУЗА (Славија Прага, Чешка), Џокица Џо АРСОВСКИ (Штутгардер);

НАПАД: КРСТЕВСКИ Иван (СК Проект Цико), ГЛИГОРОВ Александар (Шкупи), ЛЕОВСКИ Игор (Славија Прага, Чешка), МИЦЕВСКИ Адријан (Бетон Бојс, Германија), КОСТАДИНОВ Марјан (СК Проект Цико), РАНГОТОВ Дарко (СК Проект Цико), ТОДОРОВСКИ Мартин (СК Проект Цико), АНДОВ Димче (СК Проект Цико), СЕФЕРИ Еркан (Шкупи), ЈОВАНОВ Јосиф (СК Проект Цико);

– Започнуваме нов квалификациски циклус и ќе се обидеме да оставиме силен впечаток.Се разбира, доколку ни се укаже шанса и да оствариме пласман на континеталниот собир 2022. година.

Македонскиот репрезентативен футсал е на една голема пресвртница и мораме да започнеме со етапна фаза на подмладување на репрезентацијата. Тоа што веројатно требаше да се направи пред две или три години, сега се чини е неизбежност. Имавме две опции, или да се направи инстант решение со натурализирање на неколку Бразилци, како што селекцијата на Романија го реши начинот на смена на генерацијата, или да одиме по потешкиот, но според мене посладок пат, а тоа е да почнеме со вклучување на наши помлади играчи во овој циклус. Го одбравме вториот начин, ќе биде сигурно многу потешко затоа што вклучуваме играчи кои ќе бидат дебитанти и тоа токму на натпревари кои се исклучително важни за пласманот на ЕП.

– За овие први два натпревари повикав двајца дебитанти Костадинов и Јованов, но веќе на следните два натпревари во март против Србија ќе бидат повикани дополнителни двајца дебитанти на местото на некои повозрасни играчи кои долго време се во репрезентацијата. Планоте овие квалификации да ги завршиме со неколкумина дебитанти (6-7) кои ќе бидат силна поддршка на оваа репрезентација во следниот циклус за пласман за СП.

Што однесува до подготовките, ги започнуваме на 23-ти, а веќе првиот натпревар го играме против БиХ на 28- ми овој месец во Зеница. Искрено, нашиот најголем хендикеп е фактот дека ова е нашиот прв собир по пауза од една година. Ситуацијата со корона кризата и неиграњето на баражот со Англија, направи да немаме ниту еден пријателски или официјален натпреавр веќе една година.

Ќе биде навистина многу тешко, посебно на првите два натпревари со оглед на фактот дека кај нас веќе е во полн ек паузата на домашното првенство и многумина од играчите се надвор од натпреварувачка форма.

Играме против две силни репрезентации БиХ и Романија. БиХ е репрезентација која што е исклучително незгоден противник на домашен терен, репрезентација против која се мачеле многу посилини репрезентации од нас. Романија е репрезентација, која како што реков смената на генерациите ја реши со натурализирање на дури четворица Бразилци, па мислам дека љубителите на футсалот имаат престава за каква репрезентација се работи. Но, ќе одиме чекор по чекор, сега интензивно ќе се  подготвуваме за првиот натпревар со БиХ, а па враќањето од Зеница ќе размислуваме за нашиот следен противник Романија, натпревар кој го играме на домашен терен на 3. февруари.

Се надевам дека со сите расположливи сили ќе влеземе во овие два натпревари, освен неиграњето на стандардниот Зибери кој поради проблемите со корона кризата нѐ доби дозвола од неговиот клуб во Италија, изјави селекторот на репрезентацијата, Васко Скендеровски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

КичевоПред 1 час

АТВА Маркети со неделна акција и супер цени на попуст

Супер неделна акција, за супер неделни цени во АТВА Маркети – Кичево

Временска прогнозаПред 1 час

Најнови метео информации: Од пладне дожд, на планините поинтензивна снежна покривка

Денес од пладневните часови и тоа од запад ќе започнат врнежи од дожд кој ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во попладневните...

На денешен денПред 8 часа

На денешен ден – 23 јануари

1516.- Умре Фернандо Втори, кралот на Арагон од 1479. Тој ги обедини двете главни пиринејски држави, кои подоцна станаа Шпанија,...

ХороскопПред 10 часа

Дневен Хороскоп (23.01) сабота

ОВЕН Расположени сте за работа, исполнети сте со енергија и ентузијазам. Сепак, од друга страна, вашиот имунитет се намалува. Можеби...

МакедонијаПред 14 часа

Регистрирани 307 нови случаи на Ковид-19 од 1854 тестирања, починале 14 лица, билансот по градови е следен..

Во последните 24 часа се направени 1854 тестирања, а регистрирани се 307 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 137 -Куманово...

СпортПред 18 часа

Сејдини: На клубовите им се заканувале со ваучери

Во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска беше одржана прес-конференција на која зборуваше првиот човек Муамед Сејдини. Сејдини повика прес-конференција...

КичевоПред 20 часа

СВР Охрид: Вчера во Кичево извршени се 40 контроли на угостителски објекти

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 43 прекршоци за неносење...

МакедонијаПред 21 час

Од ноќеска горивата поевтинуваат, ова е новата цена

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денес соопшти дека бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за...

МакедонијаПред 23 часа

Денес од 12:00 до 16:00 часот закажано минирање на локалитетот од автопат Кичево – Охрид, делница Пресека

Од фирмата МАКТЕК Дооел, известуваат дека денес 22.01.2021 година од 12:00 дo 16:00 часот, стручниот тим на Мактек Дооел ќе...

Временска прогнозаПред 23 часа

Денес облачно со умерен ветер, викендот пред нас идеален за снег на скијачките терени

До крајот на денов времето во државава ќе биде променливо облачно а ќе дува и умерен ветер од јужен правен...

НАЈЧИТАНИ