Забава Занимливости

Еве што се лечи редовниот секс

Редовниот, здрав секс освен тоа што ќе Ви пружи задоволство и уживање, може да биде причина за спречување на појава на разни болести, тврдат научниците. Сексот ќе Ви помогне да се справите со лошото расположение, ќе Ве заштити од настинка и грип, и ќе Ви овозможи да живете подолго. Исто така може да се подобри и функционирањето на кардиоваскуларниот систем и снабденоста на телото со корисни материи кои Ви овозможуваат да се чувствувате исполнети. Редовниот секс го намалува ризикот од појава на рак на простата.

На врвот од задоволството, се крева крвниот притисок, но на долг рок, а тоа го намалува ризикот од срцев удар или мозочен удар. Кај женскиот пол, за да се избегнат главоболките се препорачува секс. Главоболките, едноставно исчезнуваат, бидејќи при оргазам се ослободуваат окситоцин и ендорфин, природни супстанции во организмот да се намали болката. Кога станува збор за согорување на калориите, една лондонска инструкторка по фитнес кажала: “Само 30 минутен секс согорува 200 калории, па ако водите љубов пет пати неделно, тоа е како два и пол часа напорни вежби на фитнес. За да се добијат најдобри резултати кај жените, за време на сексуалениот однос треба да се “горе” , тоа ќе ви помогне да ги зајакнете бутовите и да ги отстраните масните наслаги од стомакот. “

Leave a Comment