Кичево Случувања

Кичево: Утре ќе започне реконструкција на улицата „Гоце Делчев”, делот ќе биде затворен за сообраќај

Утре ќе почнат активности за реконструкција на улицата „Гоце Делчев“ во Кичево, која ги поврзува старата чаршија и ул. „11 Септември“ во централното градско подрачје.

Градежните работи ќе почнат од местото викано Берза до поранешен Агрокоп каде самиот дел ќе биде затворен за сообраќај.

Возилата ќе се движат по алтернативни правци до старата чаршија во тек на градежните работи поради што општината и надлежните апелираат за разбирање од жителите.

Close