Кичево
Група кичевчани со рекреативно возење до с.Атишта (ГАЛЕРИЈА)

Денес група кичевчани и секако наши пријатели го реализираа најавеното дружење со велосипед до село Атишта кое е на 10 км оддалечено.
Ваквите собири се од доста позитивен карактер бидејќи покрај дружење кондиционо си допринесуваме за себе.
Како што имаме најави ова е само почеток, летово ќе се дружиме повеќе, па во следна прилика ќе се приклучи и нашиот тим!
Вака беше денес:
Кичево
ТППЕ Кичево го стави под контрола пожарот кој вечерва избувна во с.Лазоровци кичевско, причинета била материјална штета

Предмалку спречена поголема огнена катастрофа во кичевското село Лазоровци. Имено од за сега нејасни причини избувнал пожар во плевна и гаража со автомобил. По добиената информација од терен – Порта.мк веднаш стапи во контакт со службените лица од Територијалната противпожарна единица од Кичево кои ни ја потврдија информацијата за точна.
– Избувнатиот пожар е ставен под контрола, причинета е за среќа само материјална штета. На терен дејствувавме со 3 камиони и 15 пожарникари, нема простор за паника, за Порта.мк истакнаа од ТППЕ Кичево.
Повеќе очекуваме утре во дневниот билтен за медиуми од СВР Охрид.
Кичево
(ФОТО) „Ветрот ќе шепоти за нивната невиност, огнот ќе сведочи за нивната болка“ – Кичево оддаде почит за загинатите во несреќата во Кочани

Во рамки на денешниот ден кичевчани оддадоа почит за трагично загинатите во траорната несреќа која се случи во ноќниот локал во Кочани, каде загинаа најмалку 59 лица, а речиси над 160 се на лекување. Македонија и регионот не памети поголема катастрофа во поновата историја.
Денес во сите градови ширум државата во знак на почит према прерано згаснатите животи се организираат мирни маршеви и собири, во Кичево во организација на група ученици од кичевската гимназија истиот се реализираше во 12:00 часот.
– Маршот беше со збирно место од пред ОСУ „Мирко Милески“, така што поворката се движеше преку булевар „Ослободување“ за на крај да заврши на градскиот плоштад, каде присутните со едно минутно молчење, положија свежо цвеќе и запалија свеќи со молитви за мир на душите од починатите.
– Нашиот медиум уште еднаш ја користи оваа прилика да изрази најдлабоко сочувство до најблиските засегнати во оваа катастрофа, на повредените посакуваме што побрзо закрепнување и враќање во домовите со нивните најблиски.
Во прилог тажна галерија од денешниот настан, која просиме од Бога да биде последна!
Кичево
Кичевските гимназијалци утре со мирен собир ќе оддадат почит кон загинатите во страшната несреќа во Кочани

Група на ученици преку социјалните мрежи упатуваат покана до сите свои врсници од кичевското средно општинско училиште „Мирко Милески“ но и останатите, во знак на почит за прерано починатите лица во страшната несреќа во Кочани, утре 18-ти март (вторник) со почеток од 12:00ч со збирно место во кругот на гимназијата ќе реализираат мирен собир.
Како што дојдовме до дополнителна информација, станува збор за мирен собир, односно марш, крајна цел ќе биде градскиот плоштад, каде ќе се полага свежо цвеќе и палење свеќи. За таа цел, настанот бил најавен во релевантните локални органи и институции.
-
Хроника16 часа
Филип успеал да излезе, но се вратил во огништето по другарка, потоа никогаш не излегол надвор
-
Кичево12 часа
ТППЕ Кичево го стави под контрола пожарот кој вечерва избувна во с.Лазоровци кичевско, причинета била материјална штета
-
Кичево2 дена
(ФОТО) „Ветрот ќе шепоти за нивната невиност, огнот ќе сведочи за нивната болка“ – Кичево оддаде почит за загинатите во несреќата во Кочани
-
Македонија1 ден
Министерството за здравство предмалку истакна најново соопштение
-
Македонија2 дена
Агенцијата за цивилно воздухопловство и МВР со важно известување за корисниците на воздухоплови без екипаж „дронови“ за територија Кочани и Штип
-
Македонија13 часа
Предмалку земјотрес почуствуван во источна Македонија
-
Македонија2 дена
Сообраќајци се обиделе да сопрат возило со мигранти, изгубило контрола и удрило во нив!
-
Хроника15 часа
(ФОТО) Тренингот не е ист без Андреј Лазаров, ФК Шкупи тагува по својот фудбалер