Спорт
(ФОТО) Реми во големото дерби на лигата помеѓу домаќинот „ФК Кичево“ и „ФК Топ Гол“, во динамичен и одличен натпревар

Денес во рамките на шестото коло во регионалната лига, домашната екипа „ФК Кичево“ ги пречека своите врсници од „ФК Топ Гол-Битола“, додека мечот заврши со конечен резултат од 2:2.
Од она што можевме да забележиме е тоа дека се одигра еден фантастичен и динамичен меч, со многу шанси за гол, вистинско дерби во лигата.
Стрелци на двата гола за нашата екипа беше капитенот Стефан Војчески
Спорт
Младинците на „АП Брера Струмица“ ја освоија титулата во „Купот на Македонија“ против екипата на „ФК Брегалница“

Во финалето на „Купот на Македонија“ на младинци, денеска екипата на „АП Брера Струмица“ ја освои титулата со убедлива победа од 4:0 против тимот на „Брегалница“. Натпреварот се одигра на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Првото полувреме заврши со водство за Брера откако Бобан Кузмановски постигна гол во 45. минута. Тој и во второто полувреме беше прецизен, зголемувајќи на 2:0 во 48. минута. Во 56. минута Давид Ристовски ја зголеми предноста на 3:0, а конечниот резултат од 4:0 беше поставен со автогол на Дарко Митев во 83. минута.
По завршувањето на натпреварот, пехарот и медалите им беа врачени на победниците од страна на Ѓорги Христов, технички директор на младинските селекции на Македонија и поранешен репрезентативец.
„ФК Брегалница“ настапи со следниот состав: Мартин Миленковски, Филип Чичев, Ненад Миланов, Алекс Дмитров, Драган Трајчов, Павел Штерјов, Лука Николов, Лука Бојаџиев, Дарко Митев, Бранимир Иванов.
Тренер: Никола Кузманов.
За „АП Брера Струмица“ играа: Спасе Вргов, Андреј Велков, Марио Митрев, Каменчо Андоновски, Мартин Шаренковски, Бобан Кузмановски, Игор Ристов, Давид Ристовски, Здравко Перески, Флориан Рочи, Никола Ангелов.
Тренер: Ѓорѓе Стојчев.
Спорт
Ѓоковиќ ќе се бори за 100-тата титула, откако го победи Нори во Женева!

Новак Ѓоковиќ се избори за место во финалето на АТП турнирот во Женева, откако во полуфиналето го совлада Камерон Нори со 2:1 во сетови. Српскиот „ас“ го започна мечот силно и го освои првиот сет со 6:4. Во вториот сет Нори заигра поагресивно, успеа да направи пресврт и по неизвесен тај-брејк го израмни резултатот.
Ѓоковиќ, сепак, не дозволи изненадување и со убедлива игра во третиот сет, каде што поведе со 3:0 и потоа 5:1, рутински го затвори мечот.
Ова е вторпат Ѓоковиќ да учествува на турнирот во Женева, а сега има шанса да стигне до својата јубилејна 100-та титула. Во финалето ќе игра против Хуберт Хуркач од Полска, кој во другото полуфинале беше подобар од Себастијан Офнер.
Спорт
Пионерите на ФК „Македонија Ѓ.П.“ се новите освојувачи на „Купот на Македонија“, во денешното финале беа поуспешни од ФК „Работнички“

Помладите пионери на фудбалскиот клуб „Македонија Ѓорче Петров“ се новите освојувачи на „Купот на Македонија“. Тие денеска славеа победа од 3:1 против „Работнички“ на финалниот натпревар кој се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
– Од она што можеше да се забележи на терен, натпреварот започна динамично, а „Македонија Ѓ.П.“ поведе уште во 21 минута со гол на Стефан Ристиќ. Само пет минути подоцна, Ристиќ повторно се запиша во листата на стрелци, носејќи 2:0 за својот тим. „Работнички“ не се предаде, па во 43 минута преку Алек Трпковски намали на 2:1, враќајќи надеж за својот тим пред крајот на првото полувреме.
Во второто полувреме, и двете екипи создадоа неколку добри шанси, но реализираше само „Македонија Ѓ.П.“ Лука Кнежевиќ во 77. минута го постигна третиот гол, со што ја запечати победата и обезбеди трофеј за својата екипа.
Работнички: Коста Стојановски, Амер Бајрами, Давид Лиотоски, Мартин Боцев, Михаел Аврамовски, Алек Трпковски, Бљерон Буши, Ердин Мамуди, Горјан Ѓапиќ, Дарин Михајловски, Игор Трпковски
Тренер: Марко Арсовски
Македонија Ѓ.П.: Андреј Јанкуловски, Филип Наумовски, Теодор Љубомировски, Горјан Петковски, Стефан Ристиќ, Алек Чедомирски, Лука Лазаревски, Јован Гиевски, Огнен Сивевски, Михаил Митрески, Мартин Џангаровски
Тренер: Мартин Христов
Ја користиме оваа прилика да им честитаме на Македонија Ѓ.П. за освојувањето на „Купот на Македонија“
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (25 мај)
-
Кичево13 часа
ОВР Кичево вчера реализираше превентивни активности за заштита од пожари со цел подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари
-
Временска прогноза19 часа
Затоплување нема ни под разно! Невообичаен период за последната седмица од мај месец!
-
Кичево1 ден
Зошто сите оваа сезона зборуваат за проектот „Истражи го Кичево“ на „Интелект Едукација“
-
Македонија1 ден
Во Штип експлодирала плинска боца во стан, од силината на експлозијата врата и прозорец паднале директно на паркирано возило
-
Храна1 ден
Како до свежи и вкусни банани, еве неколку работи кои сигурно не сте ги знаеле
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за понеделник (26 мај)
-
Скопје2 дена
В недела посебен сообраќаен режим во Скопје, поради меѓународен спортски натпревар