Македонија Спорт

РК Вардар во најсилен состав против Барса, ќе се бориме до последна секунда!

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар е подготвен за мечот против Барселона во Лигата на шампионите кој се игра од 17:00 часот.

Роберто Парондо веќе го објави составот за мечот, а тимот ќе може да располага на сите ракометари. Нема повредени играчи, а во стројот се враќа Вуко Борозан кој беше суспендиран, што значи дека „црвено-црните“ ќе ѝ се спротистават на Барселона во најсилен тим.

Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ кој од страна на ЕХФ е прогласен за „меч на неделата“ ќе го суди судиска двојка од Португалија – Дуарте Сантос и Рикардо Фонсека.