Спорт

РК Кале од Кичево ја победи Кисела Вода 1 и го “визираше“ пласманот во финалето. генер. 2004/05

РК Кале ја победи Кисела Вода 1 и го “визираше“ пласманот во финалето, кај генер. 2004/05

Првиот гол го постигна Кале додека во следните две минути се играше гол за гол. Последното израмнување беше во 3 минута, кога резултатот на семафорот гласеше 2:2. Од тие моменти екипата од Кичево прави серија од 3:0 за да се одлепи на предност од 5:2, со голот на Сара Стефаноска во 8 минута. За момент екипата на Кисела Вода го намали резултатот на 5:3, но до кррајот на првото полувреме, екипата на Кале направи серија од 4:0 и на одмор замина со предност од 9:3. По два гола во овој период постигнаа Емине Ајрадини и Сара Стефаноска кои постигнаа по два гола. Воедно тие беа и најдобри стрелци кај РК Кале по првиот дел, двете имаа по четири погодоци зад своето име.

Второто полувреме започна со гол на Кисела Вода, за намалување на 7:4. Сепак Кале беше подобриот тим денес и не дозволуваше на противникот резултатски да се доближи. Во 24 минута со Ева Димитриевска носи највисоки седум гола разлика (11:4). Немаше поголеми возбудувања до крајот на натпреварот. РК Кале рутински го приведе крајот на натпреварот, триумфирајќи со резултат 16:9. Сара Стефаноска постигна 5 гола кај победникот, додека во поразениот тим се истакна Наталија Максимовска со 5 голови.

Утре во големото финале, кое започнува од 10:50 часот ќе се сретнат екипите на РК Кале и РК Ново Лисиче.

извор: вардарфанс.мк

Leave a Comment

Close