Следете не

Без категорија

РОДИТЕЛИ, ВНИМАВАЈТЕ: Пет опасности на кои треба да внимавате кога вашето дете прелистува содржина на интернет

Објавено пред

на

Најчест проблем, кој истовремено и најлесно се наоѓа на интернет, е порнографската содржина. Според „Форбс“, 1 од 8 пребарувања на интернет има еротска содржина.

Без сомнение интернетот може да биде многу корисна алатка за младите луѓе, но зголеменото присуство на социјални мрежи, соби за допишување и значително зголеменото користење електронска пошта може да доведат до создавање проблеми, како што се малтретирање преку интернет, изложеност на несоодветна содржина, порнографија, сексуални предатори и кражба на идентитет. Секако дека постојат многу повеќе закани, меѓутоа, овие се најчесто присутни кај децата кога се приклучени на интернет.

Порнографија

Најчест проблем, кој истовремено и најлесно се наоѓа на интернет, е порнографската содржина. Според Форбс, 1 од 8 пребарувања на интернет има еротска содржина. Додека, пак, во едно истражување спроведено за целите на книгата „Cyberpsychology & Behavior“, 93% од машките и 62% од женските испитаници одговориле дека гледале порнографија на интернет пред да навршат 18 години. Меѓутоа, порнографијата сама по себе не е проблем затоа што е легална и широко достапна. Проблемот е во начинот на кој таа се филтрира, односно повеќето од страниците со ваква содржина немаат никаква заштита за филтрирање на корисниците, а оние што имаат, вообичаено се базирани врз прашањето –„Дали сте полнолетни?“ Во превод, без претходно поставени параметри на самите интернет-прелистувачи или користење наменски софтвер за родителска заштита, децата можат многу лесно да добијат пристап до оваа содржина. Константното гледање порнографија, особено од рана возраст, може радикално да ги оформи сексуалното однесување и верувањата на личноста.

Малтретирање преку интернет (Cyber-bullying)

Сите сме запознаени со процесот на растење, во кругот на луѓето што ги среќавате на улица и на училиште секогаш ќе има добри и лоши, паметни и помалку паметни, среќни и несреќни, насилници и жртви. Поделбата звучи многу сурово, меѓутоа, во детскиот свет некои работи се токму такви, без филтер и сурови. Децата понекогаш не можат да разберат дека некои вербални изјави може да повредат некого повеќе отколку физичките контакти. На овој начин, малтретирањето преку интернет претставува вистински проблем на денешниот дигитален свет.

Проблемот не е новонастанат. Како што сите знаеме, тоа е стар проблем што се манифестира во нова форма. Меѓутоа, тежината на овој проблем е во дехуманизацијата на разговорот. Класичното малтретирање вообичаено се случува лице в лице или во средина во која може да се вмешаат другите и да ја спречат појавата. Малтретирањето на интернет се случува онлајн, преку средство што претставува посредник, па така насилникот никогаш не може да ги види реакциите на оној што го навредува. На овој начин, детето не може да научи кои работи ги повредуваат другите и не може да ја разбере последицата на својата постапка.

Најчести форми на малтретирање преку интернет се навредите, заканите, ширењето лаги за жртвата, невкусни коментари на профилите на социјалните мрежи на жртвата, па дури и создавање цели веб-страници посветени на малтретирање на жртвата. Загрижувачки е фактот што дури 24% од децата изјавиле дека на интернет била објавена некоја невистина за нив, а 9% од нив, на интернет, се соочиле со директна закана. Проблемот се продлабочува уште повеќе од слабата реакција на жртвите што не им ги пријавуваат случаите на малтретирање преку интернет на своите родители поради страв од губење на правото на користење на социјалните мрежи, интернетот или дури и мобилниот уред или персоналниот компјутер.

Сексуални предатори

Интернетот е средство што дозволува да се комуницира со познати луѓе, но и со огромен број луѓе што не ни се познати. Децата вообичаено се многу пољубопитни и сакаат да запознаваат нови луѓе, па затоа комуницираат преку своите профили на социјалните мрежи, преку електронска пошта и писма, преку играњето игри и преку онлајн-форуми. Тие комуницираат за најразлични работи што ги исполнуваат нивните интереси, како што се: видеоигри, спорт, музика, филмови, книги и слично.

Сексуалните предатори многу успешно можат да ги искористат овие канали на комуникација за да допрат до децата. Тие најчесто се претставуваат преку лажни идентитети и ги калибрираат своите интереси, според интересите на жртвата кон која целат. Ова најчесто може да се случи на социјалните мрежи, каде што децата ги споделуваат своите лични информации, заедно со слики, интереси и места на кои се движат. Сите овие информации може да бидат искористени од страна на сексуалниот предатор за да може полесно да ја намами жртвата. Овие луѓе се експерти во манипулирање, со способност да изградат пријателски однос со децата, а тој однос, често, од онлајн може да прерасне во физички и во екстремни случаи да доведе до посериозни дела, како што се киднапирање, злоупотреба или заведување.

Уништување на репутацијата

Во денешното дигитално општество многу е тешко, ако не и невозможно, да се скријат работите од минатото. Секоја информација во форма на пишан текст, фотографија, видео или музичка снимка што била прикачена на интернет може да биде злоупотребена во иднина. Особено децата може да станат жртви на своите постапки, преку споделување на своите „искуства“ со помош на новите технологии. Опкружени од камери, дигитални, веб или камери на паметните уреди, децата комуницираат преку споделување фотографии, видеа и онлајн гласовни снимки за кои подоцна може да зажалат.

Онлајн-репутацијата на децата е навистина загрижувачки проблем, затоа што децата не се раѓаат со оформен систем на вредности, па самите не може да се заштитат себеси од споделување информации што може да бидат сензитивни или навредливи.

Појавата на новите облици на комуникација доведоа до појавување и на нов начин на еротска комуникација, наречен „секстинг“. Овој начин на комуникација е многу популарен кај тинејџерите и се смета како феномен на практикување „безбеден – небезбеден секс“. „Секстинг“ подразбира праќање или примање голи или полуголи фотографии и/или видеа преку онлајн-комуникација. Кога некој се впушта во оваа активност, ризикува многу работи. Фотографиите и видеата може да бидат препратени на други личности, да бидат зачувани и потоа да бидат прикачени на други интернет-страници, а често самите интернет-страници може да бидат од порнографска природа или да бидат искористени за уцена.

Во денешно време, голем дел од работодавачите, луѓето што нудат стипендии, грантови и други можности за унапредување во професијата или во образованието ги прочешлуваат социјалните мрежи и предвреме го оценуваат кандидатот според своите постапки во минатото. Во дигиталната ера не постои нов почеток со „чист лист“. Еднаш прикачената содржина останува зачувана и може да биде злоупотребена во секој даден момент.

Кражба на идентитет

Присуството на интернетот во секојдневниот живот и олеснувањето на начинот на комуникацијата помеѓу луѓето го поставува прашањето за можноста за заштита на приватноста. Појавата на социјалните мрежи го предефинира ова прашање. Можноста да се украде нечиј идентитет денес може да биде направено со неколку кликови на која било социјална мрежа, доколку профилот на жртвата не е доволно заштитен. Загрижувачки е фактот што иако социјалните мрежи имаат годишни граници, многу од децата сепак имаат профили пред да ги навршат бараните години. Така, една студија покажала дека половина од испитаниците одговориле дека нивните деца имаат или имале профил на „Фејсбук“ пред да навршат 13 години.
 
Децата често не знаат кои луѓе им се пријатели, а кои се измамници. Па така, за што поголема слава, што поголема група познајници, поради онлајн-игри или која било друга причина што тие ја сметат за важна, прифаќаат луѓе како пријатели што не ги познаваат. Измамниците многу лесно може да изнудат чувствителни информации за децата.

Најдобриот начин да се превенираат овие проблеми е разговорот помеѓу родителите и децата за овие и за другите опасности со кои може да се соочат децата додека се онлајн. Постојат и софтверски решенија што помагаат при надминување на овие проблеми, па така нивното користење може да биде од огромна помош за избегнување на несаканите последици. Најдобриот совет, покрај користењето соодветен софтвер што може да се сподели со децата, е да размислуваат добро пред да одлучат да споделат нешто онлајн, затоа што доколку еднаш се постави онлајн, големи се шансите засекогаш да остане онлајн.

Без категорија

Нова луда закана од YouTube: „Ако блокирате реклами, плеерот ќе биде оневозможен“ (ФОТО)

Објавено пред

на

Новата закана на YouTube е дел од продолжувањето на неговата агресивна кампања против блокаторите на реклами и предупредува некои корисници дека плеерот престанува да работи по три блокирани видеа.

Популарната платформа повторно експериментира со кампања против блокирање реклами за да ги принуди корисниците да се префрлат на платената услуга „YouTube Premium“. Некои корисници пријавиле дека додека го користеле, добиле закана од YouTube во скокачки прозорец со предупредување дека плеерот ќе биде блокиран по три видеа ако продолжат да користат блокатори на реклами.

Исто како и во претходното тестирање за забрана за блокирање реклами, скокачкиот прозорец понуди „објаснување“ што требаше да го оправда потегот. Имено, платформата посочува дека рекламите ја прават услугата достапна за милијарди корисници ширум светот, а со платената верзија, рекламите исчезнуваат додека креаторите на содржини продолжуваат да заработуваат.

Претходните скокачки прозорци само ги предупредуваа корисниците дека екстензии на веб-прелистувачи за блокирање реклами не се дозволени на платформата и дека се против условите за користење. Меѓутоа, бидејќи не многу луѓе го пријавиле проблемот, се чинеше дека експериментот можеби нема да започне.

Прочитај повеќе...

Без категорија

Колку чини производството на iPhone 14 Pro Max?

Објавено пред

на

Сите знаеме колку iPhone 14 се продава за различни варијанти на телефони на Apple, но сигурно често сте се прашувале колкава е нивната цена на производство. Кога станува збор за моделот iPhone 14 Pro Max, Counterpoint Research ни го дава одговорот на тоа прашање. Според податоците собрани од нивна страна, вкупната цена на компонентите што го сочинуваат телефонот, во верзијата со 128 GB простор за податоци чини 464 долари.

Според Counterpoint Research, споменатата цена на чинење на делови за iPhone 14 Pro Max е за 3,4 проценти повисока од деловите инсталирани во iPhone 13 Pro Max. Разликата во цената е затоа што новата верзија користи понапредна (поскапа) главна камера со резолуција од 48 MP, како и нов дисплеј. Од друга страна, некои други компоненти поевтинија, со најголем пад, поради масовното производство, на компонентите поврзани со 5G технологијата (13 проценти). Инаку, чипот A16 Bionic е за 11 долари поскап од чипот A15 Bionic, а неговата цена сочинува околу 20 отсто од вкупната цена на сите компоненти во телефонот iPhone 14 Pro Max.

Секако, за да се добие конечната цена на производството, потребно е да се додадат трошоците за работа на склопување на телефонот, трошоците за пакување и дистрибуција до продавниците. Дополнително, во цената на чинење треба да бидат вклучени и активностите за истражување, развој, продажба и маркетинг на Apple. И покрај малку повисоката цена на компонентите, iPhone 14 Pro Max чини исто како и iPhone 13 Max (кога беше пуштен во продажба). А еден од најголемите „скокови“ на трошоците за производство се случи помеѓу производството на сериите телефони iPhone 11 и iPhone 12. Тогаш цените на компонентите пораснаа за цели 26 отсто, пред се поради инсталирањето на тогаш новите (и прескапи) 5G модеми.

Извор: 9to5mac

Прочитај повеќе...

Без категорија

Кичевскиот оператор „Cable Call“ распишува оглас за работа, аплицирај и стани дел од успешен тим!

Објавено пред

на

Кабелскиот TV оператор, телефонија и интернет „Cable Call“ кој поседува иновативно портфолио на услуги за приватни и деловни корисници поради проширување на својата работна дејност за претстојниот период има потреба од теренски работници (монтер) за кичевскиот регион.

Cable Call“ нуди одлучни услови за тимска работа, навремена плата, осигурување на работникот од моментот на започнување со работната дејност.

Сите заинтересирани може да испратат „CV“ преку електронска форма на [email protected], да контактираат на тел. бр 078/410-393 или да ја посетат канцеларијата на „Cable Call“ на адреса ул. Бул. Ослободување бр. 60 – Лок./4 Кичево.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт4 часа

ФФМ денес одржува редовно генерално собрание, каде свое обраќање имаа претставници на УЕФА кои ја пофалија досегашната работа и залагање за фудбалскиот развој

Фудбалската федерација на Македонија го одржува своето Редовно генерално Собрание. На Собранието пред присутните 58 од вкупно делегати, свое обраќање...

Спорт7 часа

Олимписките федерации против паричните награди за освојувачите на златни медали на „ОИ“ во Париз

Олимписките спортски организации вчера ја критикуваа Светската атлетика која на спортистите им вети по 50.000 долари за секој освоен златен...

Спорт14 часа

Бугарскиот тениски судија Павел Атанасов трајно суспендиран да суди и да присуствува на тениски настани организирани од ИТИА

Бугарскиот тениски судија Павел Атанасов е доживотно суспендиран поради 21 прекршувања на тениската антикорупциска програма (TACP), извести вчера Меѓународната агенција...

Временска прогноза14 часа

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд...

Хороскоп16 часа

Хороскоп за сабота (20 април)

ОВЕН Се чувствувате одлично и ќе треба да го споделите вашиот оптимизам со другите, но исто така и финансиите. Само...

Балкан17 часа

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во нејзиниот стан, жалната вест силно одекна во Србија, колегите и блиските се простуваат од неа

Водителката Бојана Јанковиќ (поранешен Николиќ), која се прослави како водителка на култното шоу на Пинк „Град“, е пронајдена мртва во...

Кичево18 часа

(ВИДЕО) Конечно во етер „Spring Waltz“ на Лука Лазарески од Кичево, големиот виртуоз на пијано за кој допрва времето доаѓа..

После солистичкиот концерт на 22.12.2023 со мотото „Stars without a Sky“, тимот на Лука Лазарески продолжува со макотрпна работа, сега...

Спорт1 ден

Во недела град Велес е домаќин на футсал финале во рамките на „Купот на Македонија“, за трофејот ќе се борат „Клими“ и „Форца 2015“

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македонија. Финалната пресметка...

Гејминг1 ден

World of Warcraft доаѓа на конзоли?

Идејата дека World of Warcraft би можел да дојде до конзолите е пуштена безброј пати, а изгледа дека Blizzard конечно...

Култура1 ден

Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above

Неговиот седми музички проект „Fly Above“ штотуку е објавен на Youtube, зад себе има уште шест музички проекти наречени “The...

НАЈЧИТАНИ