Свет Случувања Спорт

Роналдо нема да биде дел од гала церемонијата на ФИФА за доделување на награди на најдобрите

Кристијано Роналдо нема да присуствува на доделувањето на наградата на ФИФА, „Д Бест“ за најдобриот фудбалер на светот, па јасно е дека Португалецот нема да биде добитник на признанието кое ќе се додели во Лондон.

Откако се дозна дека Роналдо нема да биде дел од доделувањето на наградите на ФИФА, „Д Бест“, извесно е дека Лука Модриќ ќе добие уште една награда за најдобар фудбалер.
 
Од Јувентус потврдија дека ниту еден нивни фудбалер вечерва нема да присуствува на доделувањето на наградите, а како изговор го наведоа згуснатиот теремин. 
 
Јувентус имаше натпревари синоќа, а веќе во среда ја пречекува Болоња, во нов меч од Серија А.
 
„На тој настан нема да има ниту еден претставник од Јувентус бидејќи времето е прекратко од синоќешното враќање во Торино до натпреварот во среда, а веднаш потоа играме во сабота. Јувентус се заблагодарува на поканата, но не може да возврати со присуство“,изјави портпаролот на Јуве.
 
Церемонијата за доделување на наградите „Д Бест“ ќе се одржи вечерва во Лондон. Кандидати за најдобар 
Close