Следете не

Спорт

Роналдо нема да настапи против Хрватска поради бизарна причина – убод од пчела!

Avatar

Објавено пред

на

Натпреварот од првото коло во Лигата на нации помеѓу Португалија и Хрватска во последен момент „загуби на убавина“, а требаше да биде едно од најголемите дерби дуели во септемврискиот циклус од Лигата на нациите.

Имено, најдобрите фудбалери на двете репрезентации, Кристијано Роналдо и Лука Модриќ нема да настап на овој натпревар. Реал Мадрид го замоли хрватскиот селектор Златко Далиќ да го „поштеди“ Модриќ, додека Роналдо сам се повлече поради бизарна причина – го каснала пчела, односно поради инфекцијата која ја предизвикал убодот.

Кристијано во средата бил каснат од пчела на прстот на десната нога и иако докторите му препорачале терапија – таа не дала резултат и фудбалерот на Јувентус одлучи да не ризика и да го прескокне вечерашниот дуел против Хрватска.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Спорт

Почина легендарниот Диего Марадона

Avatar

Објавено пред

на

Аргентинските медиуми пред неколу минути објавија дека почина Диего Армандо Марадона.

Оваа вест ги шокираше сите фудбалски фанови.

Марадона е еден од најголемите фудбалери на сите времиња.

Според аргентинскиот весник „Кларин“, Марадона починал од инфаркт, утрово, на возраст од 60 години.

На почетокот од овој месец Марадона беше хоспитализиран во својата родна Аргентина.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Спорт

Марк Гасол во Лејкерс

Avatar

Објавено пред

на

Шпанскиот кошаркар Марк Гасол ќе биде новиот играч на НБА шампионот Лос Анџелес Лејкерс.

Според американските медиуми, помладиот брат на Гасол се договорил за двегодишна соработка со Лејкерс, откако му истече договорот со Торонто.

Гасол го освои рингот со Репторс во 2019 година, тој помина повеќе од 10 сезони во Мемфис, а во минатото имаше просек од 7,5 поени и 6,3 скока.

Марк на тој начин ќе се приклучи на франшизата во која настапуваше неговиот брат Пау Гасол од 2008 до 2014 година и каде беше двапати шампион – во 2009 и 2010 година.

Гасол е четврто засилување за шампионите во најсилната кошаркарска лига во светот, откако претходно во тимот се приклучија Денис Шредер, Весли Метјус и Монтрес Харел.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Спорт

(ФОТО) Македонец на трки во Бугарија им лапна пехар преку пласман во квалификации од 37 учесници во топ 10 автомобилисти

Avatar

Објавено пред

на

За прв пат на писта „Dracon“ место Kalayanovo во близина на Пловдив – Бугарија и нивниот „Dracon Cup“ championship – нашето брендирано ауто на професионалниот возач нашиот пријател Бојан Тодороски успеа да освои 3-то место во класата до 2000 кубни сантиметри „модифицирани возила“ и да зграбиме пехар до Македонија!

Во генералниот пласман во класа на модифицирани возила од вкупно 37 се пласиравме меѓу првите 10, што ни отвори пат за официјалната трка, така што во мојата класа настапуваа 11 возила во претешка конкуренција и услови, но благодарение на спремноста на возилото, успеавме да освоиме медал за уште понапорна работа. Сепак секое учество е школо, така сега веќе знаеме што ни недостасува за следен пат. Инаку на овој настан се натпреварувавме со тројца професионалци од Македонија, со мене беа и Никола Попевски и Југослав Милошевски.

Како што знаете ние неколку професионални шофери имаме проблем со Федерацијата и неможеме да учестувуваме во нашите шампионати, приморани сме тоа да го правиме надвор од нашата татковина, така да за следна сезона повторно најавувам настапи надвор од државата, се разбира со надеж дека за надминување на ситуацијата со Ковид-19 пандемијата ќе можам да учествувам на целиот шампионат на „Dracon Cup“ и остварување на подобри резултати.

На крај во интерјувто за нашот портал Бојан упати посебна благодарност за одличната соработка на гостинските професионални возачи и колеги за нивното скромно гостопримство, како и оние кои несебично помагаат и вложуваат во овој спорт:

  • Kardas, Badubar, Vangel Transport, Invento, Bomi Auto, AutoTech, See 3D Print, Avto Delovi „Champion“, и ПОРТА.мк

 

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 5 часа

Денешен Хороскоп (26.11) четврток

ОВЕН Денес ќе се чувствувате рамнодушно, ќе се трудите да се фокусирате кон вашите цели но ќе ви недостига инспирација....

МакедонијаПред 8 часа

Нови 1288 ковид случаи, 39 починаа, две лица се жители на Кичево, ова се бројките по градови

Во последните 24 часа се направени 3349 тестирања, а регистрирани се 1288 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 570 -Куманово...

СпортПред 10 часа

Почина легендарниот Диего Марадона

Аргентинските медиуми пред неколу минути објавија дека почина Диего Армандо Марадона. Оваа вест ги шокираше сите фудбалски фанови. Марадона е...

Временска прогнозаПред 23 часа

Период на стабилно време со ниски утрински температури, од недела следува промена на времето

Под влијание на стабилна и сува воздушна маса, и во текот на следните неколку денови времето ќе биде стабилно, суво...

Здравје и убавинаПред 1 ден

Овој симптом укажува за можен срцев удар

Симптоми кои укажуваат на инфаркт во главно се болка во градите, слабост, умор, отежнато вршење на физички активности, мачнина и...

ХороскопПред 1 ден

Редовен Хороскоп (25.11) среда

ОВЕН Ќе имате среќа околу работата денес. Можно е некои деловни обврски да ги завршите побргу од планираното. Ве очекува...

МакедонијаПред 1 ден

Нови 1039 случаи на Ковид-19, 28 од Кичево, додека починаа 15 лица

Во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 546 -Куманово...

МузикаПред 1 ден

(ВИДЕО) „Балкан Румба“ е новото оро првенче на нашиот кичевчанец маестро Бојан Кузманоски

Маестро Бојан Кузманоски од Кичево вчера на ЈуТјуб етерот го издаде своето прво „видео и аудио“ музичко остварување насловено како...

МакедонијаПред 2 дена

Радувај се народе, се собраа средствата за лекување на малата Илина, капа долу луѓе со големо срце!

Симона Пармачка Блажевска, мајката на Илина, на својот Фејсбук профил вчера објави дека се собрани потребните средства за лекување на...

МакедонијаПред 2 дена

СВР Охрид: Напишани 66 казни за неносење маски и 76 контроли врз угостителски објекти

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 66 прекршоци за неносење...

НАЈЧИТАНИ