Следете не

Спорт

Роналдо стартува против Киево во првото коло на Серија А

Објавено пред

на

Суперѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо ќе го направи своето официјално деби во дресот на „бјанконерите“ во Серија А против Киево, определи ждрепката за новата сезона во Италија.

Вицешампионот за минатата сезона Наполи, кој веќе има и нов тренер во лицето на Карло Анчелоти, тргнува со гостување кај Лацио во главниот град Рим.

Милан во првиот круг на „Сан Сиро“ ја пречекува Џенова, додека другиот милански гигант гостува на Сасуоло.

Сите средби од првото коло на Серија А:

Аталанта – Фрозиноне

Болоња – Спални

Киево – Јувентус

Емполи – Калјари

Лацио – Наполи

Милан – Џенова

Парма – Удинезе

Сампдорија – Фиорентина

Сасуоло – Интер

Торино – Рома.

Спорт

ФК Борец и Слога Виница силите ќе ги одмерат на 24 август

Објавено пред

на

Комисијата за натпревари при ФФМ на денешната седница донесе одлука натпреварот во рамките на првото коло од Втора МФЛ помеѓу екипите на ФК Борец 1919 – ФК Слога Виница 1934 да биде одигран во среда, на 24. август со почеток од 16. часот.

Прочитај повеќе...

Спорт

Во судиската анализа на второто коло од првата македонска лига, констатирани низа неправилности

Објавено пред

на

Судиската комисија ги разгледа спорните моменти од 2 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот  Фк.Шкупи- Фк.Македонија Ѓ.П одигран на 13.08.2022 година, анализиранисе ситуациите од 61 и 70 минута.

“Главен судија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески.

61 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)

Во 16 – сетникот на Македонија, играч од нападот на Шкупи беше во посед на топка странично од голот на Македонија исакаше да додаде топката до свој соиграч, меѓутоа играч од одбраната на Македонија ја изби топката во телото на свој соиграч кој беше во лизгачки старт,близу соиграчот и со рака подигнато високо.Многу добра поставеност на судијата во оваа ситуација и имаше комплетна прегледност.

Исправна одлука на главниот судија играта да продолжи, немаше елементи за да се досуди удар од 11 метри.

70минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (НЕ досудено офсајд позиција)

Центрирана топка странично од голот на Македонија, еден играч од нападот на Шкупи се наоѓаше во недозволена офсајд позиција, меѓутоа топката дојде до друг играч од нападот на Шкупи кој беше во дозволена позиција( влезе од втор план) и постигна гол.

Исправна одлука на асистентот судија што не досуди офсајд позиција и дозволи играта да продолжи, бидејки играчот што се наоѓаше во офсајд позиција не влијаеше на играта.Голот е регуларен.

На натпреварот  Фк.Брегалница-Фк. Струга трим Лум одигран на 14.08.2022 година, анализирана е ситуацијата 55 минута.

“Главен судија: Игор Стојчевски. Помошни судии: Даниел Василевски и Бранко Путилин.

55 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на Брегалница беше во посед на топката странично во 16- сетникот на Струга и ја центрираше топката, при центрирањето топката го удри играчот од одбраната на Струга во рака која му беше во природна положба (спуштена и доближена  до телото), исто така беше и кратко рестојание помеѓу играчите за да мозже одбранбениот играч да реагира 9да ја тргне раката).

Исправна одлука на главниот судија да дозволи играта да продолжи. Оваа ситуација е класичен пример за правилна одлука за удар во рака, каде што не треба да се досуди удар од 11 метри.

Судиската комисија на овој натпревар не е  во целост задоволна од критериумите на досудување и не досудување на слободните удари на главниот судија.

На натпреварот  Фк.Работнички -Фк.Академија Пандев одигран на 14.08.2022 година, анализирани се ситуациитеод 38, 39и 51 минута.

“Главенсудија: Димитар Пилешков. Помошни судии: Слаѓан Марковски и Кристијан Џонов.

38 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)

Играч од нападот на Работнички беше во посед на топката во 16 сетникотна Академија, при центаршутот топката го удри играчот од одбраната на Академија во рака, која му беше високо подигната и во неприродна положба.

Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, иако беше многу добро поставен.Во оваа ситуација требаше да се досуди удар од 11 метри за екипата на Работнички.

39 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)

Играч на Работнички упати топка во 16 сетникот на Академија, на неа стартуваа играч од нападот на Работнички и играч од одбраната на Академија, играчот на Работнички прв стигна до топката, сакајки да ја избие топката играчот на Академија го удри во долниот дел од стапалото (закаснет старт) играчот на Работнички кој веке беше во посед на топката.

Погрешна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи. Во оваа ситуација требаше да се досуди удар од 11 метри за екипата на Работнички за закаснет старт на нога со интензитет.

51 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ АСИСТЕНТ СУДИЈА (НЕ досудена офсајд позиција)

Играч на Академија додаде топка до свој соиграч кој во моментот на додавање беше во линија со претпоследниот одбранбен играч на екипата на Работнички, ја прими топката и постигна гол.

Исправна одлука на вториот асистент што дозволи играта да продолжи, нема офсајд позиција и голот е регуларен.

На натпреварот  Фк.Победа -Фк.Тиквеш одигран на 14.08.2022 година, анализирана е ситуацијатаод 27 минута.

“Главенсудија: Александар Грујоски. Помошни судии: Куштрим Лика и Зоран Јанкуловски.

27 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)

Играч на екипата на Победа беше во посед на топка во 16 сетникот на Тиквеш, дојде до минимален контакт со одбранбениот играч од екипата на Тиквеш, тој контакт играчот на Победа го искористи за да изнуди удар од 11 метри.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, многу добра поставеност и прегледност на судијата, стартот е без интензитет и недоволен  за да се досуди удар од 11 метри.

На натпреварот Фк.Шкендија-Фк.Силекс немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Прочитај повеќе...

Спорт

Академија Пандев со „петарда“ на гости, Силекс ја изненади Шкендија, додека стружани победија во Штип

Објавено пред

на

Академија Пандев го декласира Работнички на арената „Тодор Проески“ со 0-5. Домашната одбрана беше очајна, посебно во првиот дел, а тоа прво го искористи Горан Томовски во десеттата минута. Иво Јанакиевски си постигна автогол по центаршутот на Најденов во 24.минута, а Ване Крстески во 44.минута со соло акција уште еднаш ја затресе мрежата на Игор Алексовски. Во второто полувреме, Ване Крстевски стигна до хет-трик. Вторпат погоди во 52.минута од мечот, а во судиското продолжение го постави и конечниот епилог.

Шкендија не успеа победнички да ја отвори новата сезона во Првата фудбалска лига. Силекс во Струга извлече еден бод играјќи 1-1. Тетовци кои поради суспензија не играат на Градскиот стадион во Тетово, повдоа со голот на Дашмир Елези во 17.минута од дуелот, но Силекс израмни во 90.минута преку Арсим Љамалари.

Тиквеш ја совлада Победа на гости во Прилеп со 0-1. Александар Мишов со удар со глава по корнерот од десната страна беше стрелец за гостите во 45.минута од натпреварот.

Интересен меч се одигра и во Штип меѓу Брегалница и Струга ТЛ. Во финишот од дуелот, Укпа Ефион Хоган успеа да ја затресе мрежата на Брегалница користејќи една одбиена топка.

Вчера, Шкупи ја победи Македонија ЃП со 2-1.

ПРВА ФУДБАЛСКА ЛИГА, ВТОРО КОЛО

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 1:1

РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0:5

ПОБЕДА – ТИКВЕШ 0:1

БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТЛ 0:1

ВЧЕРА: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2:1

Извор: makfudbal.mk (Прочитајте повеќе за сите спортови)

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Викенд Хороскоп (сабота 20 август)

ОВЕН Доаѓа време во кое ќе успеете да остварите успех на работно поле. Конечно ќе бидете задоволни со својата работа....

Временска прогноза6 часа

Попоски најавува големо невреме, ова се најновите информации

Во следните денови времето ќе биде многу нестабилно и на многу места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално...

Македонија9 часа

Албански државјани фатени во шверц на 50 кг охридска пастрмка

Денеска (19.08.2022) по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал-Струга, во содејство со...

Хроника10 часа

ТАЖНА ВЕСТ: Почина девојката која се здоби со тешки телесни повредни поради страшен удар од автомобил во Тетово

Во Клиничкиот центар во Скопје почина 23-годишната Т.Р, од тетовското село Сараќино која беше тешко повредена како пешак на 15...

Спорт10 часа

ФК Борец и Слога Виница силите ќе ги одмерат на 24 август

Комисијата за натпревари при ФФМ на денешната седница донесе одлука натпреварот во рамките на првото коло од Втора МФЛ помеѓу...

Автомобили12 часа

Дали знаете како е создадена мерката – коњска сила?

Во автомобилската индустрија, коњската моќност стана стандард за изразување на моќта на агрегатот, односно неговата максимална моќност. Овој термин настанал...

Магазин13 часа

Како да избришете дупликат слики и видеа на Android

Често се случува да имате повеќе копии од иста слика или видео на вашиот телефон. Ова може да биде проблем,...

Магазин13 часа

ОПАСНОСТ ЗА КОЈА НЕ СТЕ СВЕСНИ Полнењето на мобилниот телефон преку ноќ е многу ризично

Ова е една од најлошите работи што можете да ги направите кога станува збор за полнење на батеријата Се подготвувате...

Свет13 часа

Од Лондон до Мајами за помалку од 5 часа? Се враќаат суперсонични авиони

Само да се потсетиме на нереалните брзини што ги постигна Concorde. Овој француско-британски проект е еден од најбрзите патнички авиони...

Магазин13 часа

Instagram ќе тестира фотографии во резолуција 9:16

Instagram наскоро ќе им овозможи на корисниците да објавуваат фотографии во 9:16 на нивниот feed, како дел од тестот што...

НАЈЧИТАНИ