Култура Македонија Случувања

Утре се чествува Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица)

Се верува дека есента и зимата ќе бидат благи и без студени денови, ако на утрешниот ден биде сончево, ведро и без облаци. Мала Богодордица се спаѓа во 36 големи празници во црквениот календар означени со црвени букви.

Кај народот овој празник се одбележува со живописни обичаи, особено посветени на раѓањето. Некои семејства во свечена облека, иако не одат на слава или не слават, повеќе денови поминуваат во празнично расположение особено во краевите каде што се одржуваат панаѓури.

Се верува дека ако е ведро на тој ден, Сонцето ќе ни се смее во текот на есента, но и во текот на зимата.

Жените на овој ден не би требало да ја чистат куќата, да перат и да вршат слични работи.

Постои верување дека на Мала Богородица не треба да се работи никаква работа што се врши со раце. На денешен ден наводно не е добро ни да се почнуваат било какви нови работи, туку тоа да се одложи за следните денови.

Close