Спорт
Падна Џошуа, но ќе може ли Руиз и против Вајлдер!?
Енди Руиз го шокираше светот пред 14 дена кога го сруши светскиот шампион Ентони Џошуа.
Мексиканецот освои четири титули шампион на светот во тешка категорија, а единствениот појас кој не е во негова сопственост го држи Деонтај Вајлдер во организација за ВБЦ.
Откако стана шампион на најголемите боксерски организации веќе се размислува за наредните ривали, а ВБЦ со задоволство би видел борба помеѓу Руиз и Вајлдер.
„Ќе зборуваме за тоа кога за прв ќе ги соединиме сите титули. Руиз е првиот Мексиканец со појас во тешка категорија, а војникот од Мексико едноставно мора да ја има и ВБЦ титулата. Одиме да го направиме тоа“, истакна Мендоза.
Меѓутоа ИБФ побара од Руиз да ја брани титулата против Кубрата Пулев, а Ентони Џошуаќе има право на реванш според клазулата во договорот.
Исто така Вајлдер веќе има закажан меч со Луис Ортиз и уште два закажани со Тајсон Фјури, па ќе биде интересно да се види кога најголемите боксерски организации ќе се договорат за евентуално соединување на титулите.
Спорт
Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.
Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер силно ја посакува 25-тата. Грен слем титула во кариерата и тоа не го крие. Српскиот „ас“ во интервју за „CNN“ истакна дека мисли само на победи бидејќи таков му е менталитетот.
Можеби на почетокот на сезоната Новак Ѓоковиќ не делуваше премногу мотивирано, но светскиот рекет број еден дефинитивно е тоа, како што изгледа повеќе од било кога.
Српскиот ас во интервју за Си-Ен-Ен проговори како веќе се визуелизирал како победник на Ролан Гарос и затоа едвај чека да започне турнирот на париската земјена подлога, пренесува Спутник.
– „Само победа, ништо друго, таков е менталитетот. Визуелизацијата е важна, кога ќе видите дека успевате во неа, затоа се радувам и едвај чекам да започне турнирот. Секако дека знам дека не сум единствениот кој ја посакува таа титула и со нетрпение го чекам предизвикот“, изјави Новак.
Најдобриот светски тенисер е свесен дека младите играчи како Карлос Алкараз и Јаник Синер се желни за титули, но тоа уште повеќе го мотивира.
– „Секако дека не сум единствениот кој сака да ја освои таа титула, но со нетрпение ја очекувам. Сакам да се натпреварувам со различни генерации. Влегуваат млади момци… сите се неверојатно гладни, спремни и брзи, ќе ја искористам мојата способност да се прилагодам за да им ја подготвам вистинската тактика. Разбирам што е потребно за да се остане на врвот и да се натпреварува со нив во борбата за титули“, изјави српскиот ас.
На крајот објасни дека нема многу време да размислува за победите и поразите кои се зад него, бидејќи секогаш има нов предизвик за него.
– „Многу е важно да живеете во моментот, да ја цените сегашноста, но во исто време да се сеќавате на минатото, вашиот пат и да ги цените луѓето кои ве опкружуваат. Секоја недела се случува нешто ново во тенисот и тоа треба да го цените и вие. Иако, повеќе ќе размислувам за тоа кога ќе ја завршам кариерата. Додека сте уште активни, размислувате само за следниот предизвик, следниот турнир. Имате можеби неколку дена во годината, можеби една недела да размислите што сте постигнале“, заклучи Ѓоковиќ.
Првиот светски рекет го прескокнува Мастерсот во Мадрид додека игра во Рим, кој е последната станица пред Ролан Гарос.
Извор: politis.rs
Спорт
КМФ „Форца 2015“ е освојувач на Купот на Македонија во футсал
Форца 2015 е освојувач на Купот на Македонија во футсал, по издвојуваната победа над тимот на Клими од Кавадарци, на финалниот натпревар одигран во спортскиот центар Гемиџии во Велес. Екипата на Форца 2015 во еден интересен натпревар успеа да слави победа со вкупен резултат од 6:2.
Зоран Левски го постигна првиот гол на средбата за предност на Форца 2015 од 1:0. Екипата на Клими брзо се вратија во игра и преку Мартин Никовиќ успеаа да го израмнат резултатот.
Во продолжението Форца ја наметна својата игра и успеа да постигне 5 голови за убедлива и сигурна предност. Стрелци на головите беа Харис Омеровиќ, Зоран Левески, Берат Рамадани, додека Иван Крстевски стрелаше два пати.
Голот за намалување на предноста и поставување на конечните 6:2 го постигна Димче Андов, истакнаа од ФФМ.
Спорт
Голем ден за македонскиот билиард, кичевчанец помеѓу шампионите
Во Софија Бугарија, покрај голема конкуренција на јуниорски играчи од 6 држави 🇲🇰🇧🇬🇷🇸🇲🇪🇧🇦🇺🇦 на пиедесталот во две категории се искачија 2 Македонски шампиони:
У-17 Андреј Ѓурчиновски 🇲🇰🏆
У-19 Блендијан Ќазими од Кичево 🇲🇰🏆
Огромни честитки и за финалистот во категорија У-17 Илија Димовски 🇲🇰🥈
Честитки до Македонските јуниорски натпреварувачи, нивните фамилии, нивните клубови и до сите што ги поддржуваат на нивниот веќе докажан шампионски пат!
Активностите во Македонскиот биљард покажуваат резултати, иднината на овој спорт е во сигурни раце.
Честитки и до организаторите на оваков тип на натпревари и се надеваме само овака да продолжи, покрај натпреварувања, да имаме и размена на искуства и дружења со сите наши соседи во регионот, истакна претседателот на Билиард федерацијата на Македонија, Дејан Сипковски.
Резултати од У-17 може да најдете ТУКА
Додека за У-19 резултатите исто така се запишани ТУКА
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за среда (24 април)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (23 април)
-
Македонија2 дена
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
-
Lifestyle2 дена
Колку долго можеме да ја чуваме мократа облека во машината за перење?
-
Магазин2 дена
Netflix налути многу корисници со еден потег, но се покажа како одлична одлука
-
Магазин1 ден
iPhone 16 може да остане без физички копчиња
-
Магазин1 ден
Meta се затвора во Турција
-
Спорт19 часа
КМФ „Форца 2015“ е освојувач на Купот на Македонија во футсал