Без категорија
Русинката со тело на билдер, а фаца барбика!
Осумнаесетгодишната Русинка Јулија Винс е доказ дека убавината и силата можат да бидат несекојдневна комбинација. Оваа млада девојка има лице на барбика и тело на вистински бодибилдер.
Јулија има многу обожаватели во Русија поради несекојдневниот изглед, пренесува Mirror. Но, нека не ве залажува нејзиното нежно лице, Јулија држи три рекорди во кревање тегови.
„На луѓето сум им позната како мускулестата Барбика, ми се допаѓа таа споредба, убава е. Имам крупни очи и се шминкам, но во исто време сум многу силна“, вели девојката која крева тегови од 180 килограми.
Уште од детството, сите ѝ се обраќале со зборовите „убава како кукла“. Но, барајќи повеќе во животот, а не само да ја третираат како убавица, таа на 15 години почнала да тренира.
„Моето тело не беше во иста хармонија со мојата душа, нешто не одеше како што треба. Не бев заинтересирана за спорт, бев изгубена. Помислив дека треба да изградам сила и доверба со вежбање во теретана. Така започнав со кревање тегови,“ раскажува оваа млада девојка.
По една година нејзиниот тренер забележал дека има потенцијал во неа и започнала да вежба три до пет часа, четирипати неделно. Ја трансформирала и исхраната, сега јаде пет до шест мали оброци на ден кои се состојат од пилешко месо, сирење, јајца, ориз и зеленчук.
Во август 2014 година го освоила шампионатот во кревање тегови во Москва.
„Секогаш сум нашминкана, дури и кога вежбам. Мислам дека е важно да изгледам атрактивно во секоја ситуација. Се грижам косата да ми е средена, ја сакам модата но малку е тешко да се најде облека за мојот број, бидејќи не е стандарден“, објаснува Јулија.
Таа додава дека нејзините родители не се мешаат во нејзиниот животен избор, додека најчесто вежба заедно со Сергеј, нејзиниот партнер.
Без категорија
Нова луда закана од YouTube: „Ако блокирате реклами, плеерот ќе биде оневозможен“ (ФОТО)
Новата закана на YouTube е дел од продолжувањето на неговата агресивна кампања против блокаторите на реклами и предупредува некои корисници дека плеерот престанува да работи по три блокирани видеа.
Популарната платформа повторно експериментира со кампања против блокирање реклами за да ги принуди корисниците да се префрлат на платената услуга „YouTube Premium“. Некои корисници пријавиле дека додека го користеле, добиле закана од YouTube во скокачки прозорец со предупредување дека плеерот ќе биде блокиран по три видеа ако продолжат да користат блокатори на реклами.
YouTube will now block users from watching videos after they watch 3 videos with their ad blocker enabled. pic.twitter.com/beXsoecju2
— Information Worldwide (@InfoEarthwide) July 1, 2023
Исто како и во претходното тестирање за забрана за блокирање реклами, скокачкиот прозорец понуди „објаснување“ што требаше да го оправда потегот. Имено, платформата посочува дека рекламите ја прават услугата достапна за милијарди корисници ширум светот, а со платената верзија, рекламите исчезнуваат додека креаторите на содржини продолжуваат да заработуваат.
Претходните скокачки прозорци само ги предупредуваа корисниците дека екстензии на веб-прелистувачи за блокирање реклами не се дозволени на платформата и дека се против условите за користење. Меѓутоа, бидејќи не многу луѓе го пријавиле проблемот, се чинеше дека експериментот можеби нема да започне.
Без категорија
Колку чини производството на iPhone 14 Pro Max?
Сите знаеме колку iPhone 14 се продава за различни варијанти на телефони на Apple, но сигурно често сте се прашувале колкава е нивната цена на производство. Кога станува збор за моделот iPhone 14 Pro Max, Counterpoint Research ни го дава одговорот на тоа прашање. Според податоците собрани од нивна страна, вкупната цена на компонентите што го сочинуваат телефонот, во верзијата со 128 GB простор за податоци чини 464 долари.
Според Counterpoint Research, споменатата цена на чинење на делови за iPhone 14 Pro Max е за 3,4 проценти повисока од деловите инсталирани во iPhone 13 Pro Max. Разликата во цената е затоа што новата верзија користи понапредна (поскапа) главна камера со резолуција од 48 MP, како и нов дисплеј. Од друга страна, некои други компоненти поевтинија, со најголем пад, поради масовното производство, на компонентите поврзани со 5G технологијата (13 проценти). Инаку, чипот A16 Bionic е за 11 долари поскап од чипот A15 Bionic, а неговата цена сочинува околу 20 отсто од вкупната цена на сите компоненти во телефонот iPhone 14 Pro Max.
Секако, за да се добие конечната цена на производството, потребно е да се додадат трошоците за работа на склопување на телефонот, трошоците за пакување и дистрибуција до продавниците. Дополнително, во цената на чинење треба да бидат вклучени и активностите за истражување, развој, продажба и маркетинг на Apple. И покрај малку повисоката цена на компонентите, iPhone 14 Pro Max чини исто како и iPhone 13 Max (кога беше пуштен во продажба). А еден од најголемите „скокови“ на трошоците за производство се случи помеѓу производството на сериите телефони iPhone 11 и iPhone 12. Тогаш цените на компонентите пораснаа за цели 26 отсто, пред се поради инсталирањето на тогаш новите (и прескапи) 5G модеми.
Извор: 9to5mac
Без категорија
Кичевскиот оператор „Cable Call“ распишува оглас за работа, аплицирај и стани дел од успешен тим!
Кабелскиот TV оператор, телефонија и интернет „Cable Call“ кој поседува иновативно портфолио на услуги за приватни и деловни корисници поради проширување на својата работна дејност за претстојниот период има потреба од теренски работници (монтер) за кичевскиот регион.
„Cable Call“ нуди одлучни услови за тимска работа, навремена плата, осигурување на работникот од моментот на започнување со работната дејност.
Сите заинтересирани може да испратат „CV“ преку електронска форма на [email protected], да контактираат на тел. бр 078/410-393 или да ја посетат канцеларијата на „Cable Call“ на адреса ул. Бул. Ослободување бр. 60 – Лок./4 Кичево.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (23 април)
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за среда (24 април)
-
Македонија1 ден
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
-
Lifestyle1 ден
Колку долго можеме да ја чуваме мократа облека во машината за перење?
-
Магазин1 ден
Netflix налути многу корисници со еден потег, но се покажа како одлична одлука
-
Магазин13 часа
iPhone 16 може да остане без физички копчиња
-
Магазин13 часа
Meta се затвора во Турција
-
Спорт7 часа
КМФ „Форца 2015“ е освојувач на Купот на Македонија во футсал