Кичево
Кичево доби официјален веб простор за познатото село Кнежино

Токму така благодарение на ентузијазмот на новиот селски одбор на с.Кнежино – Кичевско во етер се подготвува веб портал кој ќе ги разработува сите теми поврзани од значење за локалната заедница www.knezino.mk
Исто така ќе има и посебен простор за сите спонзори, донатори, покровители и наши пријатели кои ќе ни помогнат во нашите проекти и активности.
Целта е да преку овој современ начин на комуникација да ги анимираме сите Кнежичани во поблиската околина како и во дијаспората да не ги забораваат своите корени и да ги поттикнеме секој според можностите да придонесат за развојот на својот роден крај.
Исто така покрај нашето село, сакаме јавно да го афирмираме и „Кнежинскиот Манастир“ на посебен начин за истите локалитети го најдат своето соодветно место на туристичката мапа, искористувајќи ги природните и компаративните предности кои ги има ова поднебје и тоа за рурален, верски и друг вид туризам.
Во тој концепт и контекст се вклопува и постоечкиот мотелско-угостителски објект „Куќа на Уметноста“ во с.Кнежино кој е дом и на прочуената Интернационална „Кичевска ликовна колонија“ – за нашиот портал зборуваше г-дин Станко Китаноски претседател на совет на МЗ од с.Кнежино
Тимот на нашиот портал упатува честитки пред се за ентузијазмот кој е движечка сила на урбаниот свет, така што за таа цел во соработка со одборот на с.Кнежино изработи видео од воздушна перспектива на цела кнежинска убавина заедно со преубавиот Манастир „Св.Ѓорѓија“ – кој деновиве ќе биде објавен на официјалниот портал и фејсбук страницата на селото.
Кичево
Неделна акција на прозиводи во АТВА Маркети – Кичево

АТВА Маркети продолжуваат со производите на акција и оваа седмица, купувајте и заштедете!
Кичево
Кичево и статистички на прво место во регионот за непочитување закон за маски, за 7 дена напишани дури 183 казни

Во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 53 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-13, Струга-09, Кичево-30, Дебар-01).
На нив им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19
Според статистичките податоци кои стигнуваат од СВР Охрид, изминатата седмица вкупниот збир на напишани казни поради непочитување закон за заштита на лицето (носење маска) изнесува 183 што практично укажува за максимална не одговорност.
Надлежните органи во координација со медиумите, апелираат да се почитуваат пропишаните мерки за Ковид-19.
Извор: СВР Охрид
Кичево
ДПИ Кичево: При проверка на угостителски објекти, еден не ги почитувал мерките за заштита од Ковид-19

Портпаролот на СВР Охрид – Стефан Димоски ја информира јавноста дека на 27.02.2021 во периодот од 19.00 до 22.00 часот, полициски службеници од ОВР Кичево, во содејство со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола во повеќе угостителски објекти на подрачјето на ОВР Кичево во врска со почитување на мерките за заштита од ковид-19.
При контролата било констатирано дека угостителски објект на ул.„Маршал Тито“ во Кичево не ги почитува протоколите за работа на угостителски објекти и од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот бил затворен. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
/СВР Охрид – дневен билтен за медиуми
-
Македонија1 ден
Хороскоп за денес (02.03) вторник
-
Кичево3 дена
Кичево и статистички на прво место во регионот за непочитување закон за маски, за 7 дена напишани дури 183 казни
-
Кичево3 дена
ДПИ Кичево: При проверка на угостителски објекти, еден не ги почитувал мерките за заштита од Ковид-19
-
Временска прогноза2 дена
Месечна временска прогноза – Снегот сеуште неизвесен, март месец може вистински да не изненади
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за (1-ви март) понеделник
-
Македонија14 часа
Нови 726 случаи на Ковид-19, починале 7 лица од кои 2 се од Кичево
-
Спорт3 дена
(ВИДЕО) Ноќеска од мексиканската лига го имаме евроголот на годината од 45 метри
-
Временска прогноза2 дена
Стабилно и суво со ниски температури во текот на ноќта и утрото, следната седмица се очекуваат врнежи од дожд, ова се деталите..