Кичево
Ученици после 60 години му подарија душа и џагор на првото училиште по македонски јазик во с.Подвис – Кичевско (ГАЛЕРИЈА)

Првото училиште на мајчин македонски јазик во селото Подвис на 16 и 17 мај 2019 година беше посетено од ученици и наставници од ООУ “Гоце Делчев-Центар”, ООУ “Вера Јоциќ”-Гази Баба, ООУ Владимир ПОлежиноски –Кичево. За прв пат после 60 години детскиот џагор и звукот на училишнето звонче одекна низ планината.Подвис 2019 е проектна идеа на заљубеници и иницијатори,чувари на меморијата на едно време,луѓе и настани кои се бореле за слобода и сопствена држава.Ним им се поклонивме, раскажавме вистински сеќавања и ветивме дека ќе се бориме училишната распадната зграда да биде реконструирана и претворена во музеј. Ова место би сакале да биде посетувано од ученици, наставници, доброамерници и почитувачи и заљубеници во сопственото минато.Да ги возобновиме и да се потсетиме на сите заборавени места, луѓе и настани.Беше прекрасно дружење,научивме и чествувавме.Цртавме, пишувавме и се интервјуиравме.Им оставивме спомени на децата за еден различен и несекојдневен час, им покажавме дека секоја педа земја во секое место од нашата Македонија е исполенета со човечки приказни за едно време, различно но посебно доживеани кои треба да се раскажуваат за да не се заборавот.Ветивме, сите ние ќе бидеме чувари на меморијата на нашите прадедовци и почитувачи на сопственото минато за да ја подобриме иднината.Прекраснотии од убавини!! Игор Јуруков Благодарам, директоре Горан Карафилоски Благодарам, директорите Мито од Осломеј Благодарам за донацијата на храна.Зоран Костески благодарам за видео записот.
Подвижани бевте прекрасни домаќини, најубави питулици сте направиле и гостопримство домаќинско и од срце.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ !!!!
Стои во фејсбук натписот на Наде Молеровиќ кој ви го пренесуваме во целост.
За преглед на галеријата и како изгледаше свечениот чин кликнете подолу.
Секоја чест!
Кичево
(ФОТО) Дали сте знаеле дека кичевскиот тунел е најдолгиот на Балканот со свои 7062 м, во свое време бил и инженерски подвиг

На Балканскиот полуостров, со исклучок на тунелот Караванки помеѓу Словенија и Австрија, долг 8 км, еден од најдолгите тунели е и кичевскиот железнички тунел под планината Буковиќ, долг 7062 м и ги поврзува Гостивар-Кичево во железничкиот патен сообраќај, позициониран помеѓу селата Падалиште и Зајас.
Тоа е најдолгиот тунел не само во Македонија туку и на Балканскиот Полуостров, од тоа што се знае изграден бил во 1960-тите години, но наши извори говорат дека 1970-та година бил изграден и за тоа време важел за извонреден инженерско-градежен подвиг.
Кичево
ЕВН КЕЦ Кичево: Времен прекин на електрична енергија – МВР Кичево, дел од ул. 11-ти Октомври, бул. Ослободување, детали повеќе..

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре на ден 25.02.2021 година – четврток, ЕВН КЕЦ Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата на следните локации:
Од 09:00 до 11:30 часот – МВР Кичево, дел од потрошачи на ул. 11-ти Октомври, 11-ти Септември и булевар „Ослободување“ во близина на Полиција – Кичево
Извор: Струја
Кичево
(ФОТО) Регионалниот пат Кичево-Битола се соочува со секојдневни одрони од планините, апел за поголемо внимание во сообраќајот

До нашиот портал пристигна фотографија од возач кој патувал по регионалниот пат Кичево-Битола, каде што може да забележиме одрони на коловозот, на сама кривина во близина на рибникот „Белица“.
Апел за поголемо внимание во сообраќајот, бидејќи во овој регион често пати се случува да има лизгање на земјиштето и одроните да го попречуваат движењето. Во ваков случај известете ги службите доколку истите не се санкционирани, со цел да се избегне поголема сообраќајна катастрофа.
ФОТО: Боро П
Час: 17:25
-
Кичево12 часа
(ФОТО) Дали сте знаеле дека кичевскиот тунел е најдолгиот на Балканот со свои 7062 м, во свое време бил и инженерски подвиг
-
Кичево14 часа
ЕВН КЕЦ Кичево: Времен прекин на електрична енергија – МВР Кичево, дел од ул. 11-ти Октомври, бул. Ослободување, детали повеќе..
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за денес (24.02) среда
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Регионалниот пат Кичево-Битола се соочува со секојдневни одрони од планините, апел за поголемо внимание во сообраќајот
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за денес (23.02) вторник
-
Занимливости3 дена
Најновите студии говорат дека луѓето кои носат очила имаат три пати помала веројатност против Ковид-19 вирусот
-
Свет3 дена
КОГА ЛУЃЕТО ЌЕ ОДАТ НА МАРС? Сè зависи од една одлука на Америка, експертите тврдат дека е поблиску отколку што мислиме!
-
Временска прогноза3 дена
Топло време и пролетни температури – Најнови детали за времето денеска