Кичево
Во Кичево: Саем за вработување и кариера, промотивен настан за вмрежување

Општина Кичево организира Саем за вработување и кариера и промотивен настан за вмрежување на 7 и 8 јуни 2019 година, во рамки на проектот „Transnational Educational Network for young people – new technologies and entrepreneurial thinking in the tourism industry”, со акроним TRANS-EDU-NET, од Програмата INTERREG Balkan-Mediterranean 2014-2020.
Саемот за вработување и кариера ќе се одржи на 7 јуни и ќе привлекува различни заинтересирани страни кои постојат во подрачјето на Кичево и пошироко.
Целта на овој Саем е да им се даде можност на бизнисите, универзитетите, средните училишта, центрите за стручно образование и обука и работодавачите да ги промовираат своите активности и да презентираат отворени работни места.
Саемот ќе привлекува ученици, студенти, идни вработени и други учесници, кои ќе имаат можност да се информираат и да поставуваат прашања на професионалци околу новите бизнис трендови, претприемништвото и туризмот.
Учесниците, исто така, ќе имаат можност да се пријават за бесплатни практични обуки и да учествуваат во образовната онлајн платформа, играта за бизнис симулација и старт-ап натпреварот со едукативни кампови и работилници во Софија, Валона, Солун и Кичево.
Промотивниот настан за вмрежување ќе се одржи на 8 јуни, кој ќе вклучи ученици, студенти, локални претприемачи и други засегнати страни во „TRANS-EDU-NET” иницијативата. За време на настанот ќе имаме можност детално да ја презентираме целта, мисијата и претстојните активности на проектот.
Исто така, во текот на овој ден ќе започне со работа и физичката претприемничка комора во постојниот центар за стручно образование што ќе им овозможи на учениците, студентите и локалните засегнати страни активно да се вклучат во стручни обуки за претприемништво, информира Секторот за односи со јавноста на Општина Кичево.
Кичево
(ВИДЕО) ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Кичево денес одбележа 60 години од своето постоење

ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Кичево денес одбележа 60 години од своето постоење. Поради пандемијата со COVID-19 одбележувањето помина без собири, но со видеомонографија подготвена со учениците од I до IX одделение под менторство на сите наставници во училиштето. Видеомонографијата премиерно беше поставена на нивната Facebook страна, но и на YouTube каналот во 10 часот утрово, истата беше дело на Фото Зоран, а се прикажуваше и во 19 часот попладнево.
Концептот на програмата беше фокус врз целокупниот воспитно – образовен процес: рецитали, музички точки, мали драмулетки на англиски јазик, особен акцент врз теми од природната група на предмети. Фокус врз едно модерно, иновативно училиште, кое поседува голем број на талентирани ученици и посветени наставници.
– „Нашето училиште во текот на своето постоење, подготвило многу кадри што оставиле белег во општествениот и научниот живот во нашиот град, како и во нашата држава. Затоа, сите ние можеме да бидеме горди што сме дел од ова училишно семејство, кое од година во година бележи особен развој“ – за нашиот медиум изјави директорот, Драган Андрески.
Кичево
Кучиња скитници нападнале две малолетни внучиња и баба од Кичево

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски ја информира јавноста дека вчера на ден 24.02.2021 година, А.М.(42) од Кичево, во полициската станица пријавил дека на улицата „Арсо Војвода“ во Кичево, од кучиња скитници биле каснати неговата мајка А.М. и неговите два малолетни сина.
Извор: СВР Охрид / Дневен билтен
Кичево
(ФОТО) Дали сте знаеле дека кичевскиот тунел е најдолгиот на Балканот со свои 7062 м, во свое време бил и инженерски подвиг

На Балканскиот полуостров, со исклучок на тунелот Караванки помеѓу Словенија и Австрија, долг 8 км, еден од најдолгите тунели е и кичевскиот железнички тунел под планината Буковиќ, долг 7062 м и ги поврзува Гостивар-Кичево во железничкиот патен сообраќај, позициониран помеѓу селата Падалиште и Зајас.
Тоа е најдолгиот тунел не само во Македонија туку и на Балканскиот Полуостров, од тоа што се знае изграден бил во 1960-тите години, но наши извори говорат дека 1970-та година бил изграден и за тоа време важел за извонреден инженерско-градежен подвиг.
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Дали сте знаеле дека кичевскиот тунел е најдолгиот на Балканот со свои 7062 м, во свое време бил и инженерски подвиг
-
Кичево2 дена
ЕВН КЕЦ Кичево: Времен прекин на електрична енергија – МВР Кичево, дел од ул. 11-ти Октомври, бул. Ослободување, детали повеќе..
-
Кичево12 часа
Кучиња скитници нападнале две малолетни внучиња и баба од Кичево
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за денес (24.02) среда
-
Хороскоп1 ден
Дневен Хороскоп -[ 25.02 ]- четврток
-
Кичево7 часа
(ВИДЕО) ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Кичево денес одбележа 60 години од своето постоење
-
Македонија3 дена
Скок на заболени од Ковид-19, денес 509, починале 9 лица
-
Македонија10 часа
Коронавирус не запира, денес 582 нови случаи, починале 13 лица