Живот Занимливости Случувања

Сакал да ја запроси девојката и тогаш прстенот му падна во канализација: Момчето безуспешно го бараше, а потоа полицијата ги побара нив

Полициската служба во Њујорк пронајде прстен кој пропаднал низ решетка од одвод.

Имено, еден маж одлучил да ја запроси девојката токму на тоа место, близу Тајмс сквер, а бидејќи девојката рекла „Да“, мажот од возбуда го испуштил прстенот во канализација.

Тие веднаш повикале полиција, но полицајците не можеле веднаш да го извадат прстенот, а двојакта во меѓувреме си заминала.

Затоа њујоршката полиција објавила видео снимка од двојката во обид да ги пронајде. На снимката се гледа како на мажот му паѓа прстенот, како тој легнува на плочникот на популарната туристичка дестинација и гледа низ решетките додека неговата партнерка тоа го следи со загрижен поглед.

Токму таа снимка и помогна на полицијата да ја пронајде вљубената двојка и да им го врати прстенот.