Следете не

Кичево

Денес во 14:00ч Кичево добива „Самопослужна“ автоперална „ВИКТОР“ достапна 24/7

Објавено пред

на

По 19 години бренд број 1 за вашиот автомобил, автоперална и вулканизер „ВИКТОР“ – Кичево денес Среда – 29.05.2019 стартува со работа реномирана и современа „Самопослужна“ автоперална на старото и препознатливо место, опремена со современи машини, дополнително застапен со доволен паркинг за повеќе возила.

Свеченоста ќе се одбележи со официјален старт во 14:00 часот и за сите клиенти услугите за перење на вашиот автомобил ќе бидат бесплатни.

Услугите за вашиот автомобил ќе бидат достапни 24/7, со можност за перење на три автомобили константно, така што направата за вода под притисок е од висок квалитет – адаптирана и софистицирана на ротирачка оска токму над вашиот автомобил која дополнително ќе ви го олесни работењето за да се запази секој детал за перење без никаков проблем.

Стручниот тим на самопослужната автоперална „ВИКТОР“ на барање на своите клиенти се потруди за сите нас да овозможи користење на услугите по најповолни цени почнувајќи од 10 денари па нагоре т.е секој 10 денари внесени ви се овозможува 1 минута (60 секунди) + специјализирана машина која служи за вашите пневматици со најсовремените  шампони на SONAX!

Исто така на располагање има и машина за усисување по стартна цена од 10 денари за (2 минути или 120 секунди)

Во склоп на самопослужната автоперална исто така ќе имате можност да се релаксирате со различни видови на кафе, а како малу изненадување и ново во нашиот град во есенко-зимската сезона автопералната ќе ви овозможи и топла вода!!

Дополнително за сите кои имаат потреба од вулканизер „ВИКТОР“ ќе работи секоја ден од 08:0020:00ч освен недела во истиот локал.

Време е вашиот автомобил да го добие заслужениот сјај!

Кичево

Редици пред Крнинската икона на Пресвета Богородица во Пречиста поради нејзините чудеса

Објавено пред

на

И оваа година, на празникот Рождество на Пресвета Богородица, кој воедно е манастирска слава на Манастирот Пречиста Кичевска, редици верници чекаа да се поклонат на Чудотворната икона на Мајката Божја, наречена Крнинска, дури и неколку дена по празникот.

Според сведоштвата на многумина, Пречистата Дева Марија, со својата огромна Божествена благодат, твори многу чудеса и исцеленија преку нејзиниот пречистански образ.


Пред три години, древната чудотворна икона на Пречистата Богомајка – Крнинска, го доби својот достоинствен украс – рачно изрезбан и позлатен иконостас. Ова прекрасно ремек-дело е изработено од копаничарот Слободан Димитровски од Штип, а позлатено од рацете на монасите и монахињите од нашите свети обители.

Изработката траеше неколку месеци и со помош на Пресвета Богородица се заврши токму во пресрет на празникот на нејзиното Рождество, којшто, воедно, е наша главна манастирска слава. Резбаната целивална е подарок за Пречистата од нашата монашка заедница, од благодарност за нејзините непрестајни мајчински молитви и грижа кон нас, најмалите и недостојните, како и за нејзината цврста поткрепа во монашкиот подвиг.

Пред чудотворната икона, исто така, пет сребрени кандила поставени на месингова украсна гранка.

Според преданието, Крнинската чудотворна икона се јавила на источникот со вода што денес се наоѓа во самиот храм, означувајќи го местото каде што Пречистата благоволила да ѝ се издигне манастир. За древноста на оваа икона сведочи и натписот што ни го оставил познатиот наш иконописец од времето на Преродбата, Дичо Зограф од с. Тресонче.

Имено, тој 1865 година, во времето на игуменот архимандрит Хаџи-Симеон, ја обновил веќе потемнетата двообразна икона на Спасителот Христос и Мајката Божја и го запишал тоа. Во 2017 година, Крнинската икона беше украсена и со прекрасна сребрена кошула, со позлатени елементи, бисери и драгоцени камења, според праксата во православната Црква иконите да се украсуваат на овој начин, но и да се заштитуваат од надворешните влијанија.

Пресвета Богородица преку оваа своја икона твори многу чуда и исцеленија, за слава Божја, поткрепа на верните и вразумување на неверните.

Прочитај повеќе...

Кичево

Парично оштетени жители од Кичево поради измама за купување машини од странство

Објавено пред

на

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.Р. (42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Тој, во периодот март-мај 2021 година, довел во заблуда две лица од Кичево, на возраст од 48 и 37 години,, и им ветил дека од една странска држава, по поволни услови може да им набави работни машини и моторно возило-комби.

За таа цел, оштетените во неколку наврати, на пријавениот му исплатиле 14.700 евра, но услугата не била извршена

Извор: СВР Охрид

Прочитај повеќе...

Кичево

Кичевската полиција приведе возач кој понудил поткуп за да не го констатираат прекршокот.

Објавено пред

на

Денеска (20.09.2021) во 00.50 часот кај с.Колари, кичевско, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Н.Х.(59) од с.Боговиње, тетовско.

Полициски службеници го запреле Н.Х. со неговото возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки и откако констатирале дека направил сообраќаен прекршок изготвиле записник и прекршочен платен налог, по што тој им понудил поткуп за да не го констатираат прекршокот.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: МВР

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен денПред 52 минути

На денешен ден (28 септември)

48 п.н.е. – Гнај Помпеј Велики, еден од најголемите римски државници и воени водачи, е убиен во Египет, кој го...

ХороскопПред 2 часа

Денешен Хороскоп (28 септември) вторник

ОВЕН Дејствувате многу претпазливо и не сакате да преземате премногу ризици во деловните и финансиските преговори. Сепак, ќе мора да...

СветПред 3 часа

„Фајзер“ објави дека започнува големо истражување кое тестира орален лек за спречување ковид инфекција на прележани од Ковид-19

Фајзер објави дека започна големо истражување во кое тестира орален антивирусен лек за да спречи инфекција со ковид кај оние...

МакедонијаПред 12 часа

РКЕ донесе одлука, од ноќеска дизелот поскапува, додека цената на бензинот се намалува

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати...

СкопјеПред 12 часа

МВР по распишана потерница, приведе двајца измамници од Скопје

Денеска (27.09.2021) од 09.15 до 10.20 часот на ул.„Виктор Иго” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим Потраги, по распишана...

Временска прогнозаПред 18 часа

Сончево и топло уште денес, од утре попладне и следните денови врнежи од дожд и пониски температури, ова се деталите..

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен...

На денешен денПред 19 часа

На денешен ден (27 септември)

1601.- Роден е францускиот крал Луј XIII, еден од најмоќните европски монарси. За време на неговото владеење (1610-43), тој воведе...

ХороскопПред 1 ден

Хороскоп за денес (27 септември) понеделник

ОВЕН Бидете внимателни ако планирате да ги правите работите поинаку или едноставно денес одлучите да промените нешто во вашиот секојдневен...

КичевоПред 1 ден

Редици пред Крнинската икона на Пресвета Богородица во Пречиста поради нејзините чудеса

И оваа година, на празникот Рождество на Пресвета Богородица, кој воедно е манастирска слава на Манастирот Пречиста Кичевска, редици верници...

КултураПред 1 ден

Денес е Крстовден, од народните верувања се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да се намалува

Во народните верувања, на денот кој се нарекува Крстовден, се смета дека сите молитви ќе се остварат. На Крстовден се...

НАЈЧИТАНИ