Следете не

Мобилни уреди

Note 10 PRO се очекува да биде телефон на годината!

Објавено пред

на

Протекоа фотографии за изгледот на долгоочекуваниот премиум телефон од SamsungNote серијата секогаш била најдоброто од корејскиот производител, а оваа година се очекува јубилејното десетто издание да донесе многу подобрувања во однос на претходникот.

Note 10 Pro ќе има отпечаток на прсти вметнат во самиот дисплеј, edge – edge екран и на задната страна ќе има четири камери, од кој едната ќе биде TOF ( time of flight sensor ). Уредот ќе има 6.75 инчен екран, а за првпат Samsung ќе го елиминира и аудио приклучокот од 3.5mm.

Интересно е и што наместо во хоризонтална позиција, камерите кај Note 10 Pro ќе бидат вертикално поставени, слично како кај Huawei P30 Pro. Упте една новина е тоа што предната камера ќе биде во средината, што е различно од пристапот кај Galaxy S серијата. Сеуште не се знае цената на овој модел, но сигурно ќе ја пробие границата од 1000 евра.

Повеќе за сите телефони ТУКА

Мобилни уреди

(ВИДЕО) Добредојде за најновата серија на Samsung Galaxy, модел S25, големата еволуција на „Galaxy AI“

Објавено пред

на

„Galaxy Unpacked 2025“ ни донесе нови телефони од јужнокорејскиот гигант, а можеби и уште изненадувања. Samsung го одржа својот настан Galaxy Unpacked 2025 вчера вечер, 22 јануари, и се пренесуваше во живо на Samsung, како и на YouTube каналот на Samsung.

Се очекуваше да бидат претставени најновите паметни телефони на Samsung, а веројатно и други хардвер и услуги.

Поканата Unpacked 2025 покажа дека Galaxy AI повторно ќе биде централен дел од презентацијата, имајќи предвид дека ќе биде претставена на повеќето производи на Samsung оваа година. Samsung истакна во поканата. „Доаѓа следната еволуција на Galaxy AI“, а промотивниот материјал се фокусираше на поприродни разговори, функции меѓу апликации и интеграција со вештачка интелигенција на повеќе производи.

Кога станува збор за телефоните, оваа година ги видовме стандардните Galaxy S25 модел, S25 Plus и S25 Ultra.

Колегите од „Benchmark“ со официјална рецензија од настанот во Сан Хосе:

Прочитај повеќе...

Магазин

Samsung го најави Galaxy Unpacked со нов холограмски дисплеј во Лондон

Објавено пред

на

Samsung го привлече вниманието со холограмски дисплеј во Лондон, организиран на 15 јануари, за да го најави претстојниот настан Galaxy Unpacked и премиерата на серијата Galaxy S25. Централна тема на оваа серија е усовршената технологија Galaxy AI, која продолжува да биде во фокусот на Samsung.

Galaxy AI: Клучна технологија во серијата Galaxy S25

Galaxy AI, претставен минатата година со серијата Galaxy S24, веќе има значајна улога во уредите на Samsung. Сега, со серијата Galaxy S25, оваа технологија ќе понуди нови можности, вклучувајќи:

  • Подобрена верзија на виртуелниот асистент Bixby.
  • Поцврста интеграција со Google Gemini, најновиот модел на вештачка интелигенција на Google.
  • Надградена функција за скици со вештачка интелигенција, која овозможува попрецизна и покреативна обработка на фотографии и содржини.

Импресивен холограмски дисплеј

Холограмскиот дисплеј во Лондон беше составен од специјални проектори, кои прикажуваа морски пејзажи, егзотични растенија, спортски сцени и светлечки лампиони. Овие визуелни елементи беа дизајнирани да ја покажат способноста на Galaxy AI да организира и оживува спомени од галеријата на корисниците.

Очекувања за серијата Galaxy S25

Со премиерата закажана за следната недела, Galaxy S25 ќе биде првиот уред кој ќе ги имплементира овие иновации. Samsung го потврди својот фокус на интегрирање вештачката интелигенција во секојдневните задачи, поставувајќи нови стандарди во мобилната технологија.

Извор: GsmArena

Прочитај повеќе...

Магазин

Apple ја паузира употребата на вештачка интелигенција за известувања поради повторени грешки

Објавено пред

на

Американската технолошка компанија Apple привремено ги суспендираше известувањата за вести и забава, откако се соочи со критики и поплаки поради повторените грешки во сумирањето на содржините.

Компанијата најави измени во функцијата за известувања, насочени кон зголемување на транспарентноста, пренесува TechCrunch.

„Резимето на известувањата за категориите вести и забава ќе бидат привремено недостапни и повторно ќе се активираат во идно ажурирање, откако ќе бидат унапредени,“ изјави портпаролот на Apple.

Оваа промена следи по неодамнешните критики од медиумите, меѓу кои и BBC, кој се пожали дека вештачката интелигенција на Apple погрешно сумирала еден од нивните написи. Во сумираниот наслов лажно се наведувало дека Луиџи Манџоне, уапсен за убиството на извршниот директор на UnitedHealthCare, Брајан Томпсон, извршил самоубиство во затвор.

Дополнително, вештачката интелигенција на Apple погрешно ги сумираше содржините на статии од The New York Times и The Washington Post, според извештаите на новинарите.

„Задоволни сме што Apple ја паузира функцијата за резиме на вести како одговор на нашите забелешки,“ изјави портпаролот на BBC.

Тој изрази надеж за „конструктивна соработка“ со Apple за подобрување на функцијата, нагласувајќи дека точноста на информациите е од суштинско значење за одржување на довербата на публиката.

Извор: B92

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија4 часа

Во охридската Општа Болница вработена нападнала колешка во работно време

На 24.01.2025 во 13.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека вработена во Општата болница во Охрид физички нападнала своја колешка...

Кичево5 часа

„Саншајн Кидс“ – Кичево со серија бесплатни работилници за еманципација и едукација во рамките на проектот #BeHerVoice.

Граѓанското здружение од Кичево „Саншајн Кидс“ Ве поканува да учествувате во уникатна серија работилници за еманципација и едукација организирани во...

Спорт7 часа

(ВИДЕО) Имплементирање на ВАР системот ќе ја врати сигурноста на терените и кај инвеститорите, младите селекции ќе го добијат вистинскиот третман

Претседателот на ФФМ, г-дин Масар Омерагиќ во интервју за ТРТ Балкан говори за неговата визија како да се подобрат состојбите...

Временска прогноза8 часа

Температурна инверзија, ладно во градовите, магла и топло на превоите и котлините

Голема температурна инверзија имаме  и ова утро и претпладне во Македонија, котлините се многу поладни од планинските места и Скијачките...

Македонија12 часа

Среќен роденден за нашиот непреболен ангел, најголемата македонска ѕвезда, наш Тоше Проески, вечна слава!

Денес 25.01.2025 изминуваат 44 години од раѓањето на најголемата македонска ѕвезда, нашиот ангел Тоше Проески. Човекот кој со својот огромен...

Хороскоп19 часа

Хороскоп за сабота (25 јануари)

ОВЕН Денес целиот ваш труд ќе делува како залуден, но не грижете се за затоа што успехот ќе дојде брзо....

Социјални мрежи23 часа

Нов тренд по интернет, ТикТок се забранува во САД, се појавија низа огласи каде што најскап мобилен уред со веќе постоечка апликација се продава за 75.000 долари

Додека Apple и Google одбиваат да го вратат TikTok во нивните е-продавници за апликации додека не го купи американска компанија,...

Спорт1 ден

Футсал Македонија до 19 години оствари значајна победа над Гибралтар во рамките на првиот натпревар од претквалификацискиот турнир за пласман на ЕП во Молдавија

Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години забележа значајна победа над Гибралтар со 3:1 во рамките на првиот натпревар од...

Македонија1 ден

Мигрантите не запираат на ГП „Богородица“, овој пат приведено лице од Турција во својство на превозник, уапсени лица од Египет и Сирија

На 24.01.2025 во 02.00 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица го лишиле од...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за петок (24 јануари)

ОВЕН Слушајте ги другите повеќе од себе. Луѓето околу вас и оние со кои деловно соработувате сега повеќе гледаат од...

НАЈЧИТАНИ