Свет Случувања

Најтажна венчавка: Кажал “ДА”, а потоа засекогаш заминал..

Венчавката била закажана за месец дена – со цел да се поклопи со неговиот роденден, но тогаш се случило нешто незамисливо…
Пред извесно време 29 годишниот Роуден ја запросил својата девојка Леизел, а непосредно после тоа му бил дијагностициран карцином на црниот дроб во терминална фаза.
Лекарите му предвиделе многу мали шанси за опоравување. Неговото здравје се повеќе се влошувало, а неговата последна желба била да ја ожени Лејзел пред своите најблиски, вклучувајќи ја и неговата 2 годишна ќерка.
Свечаноста во последен момент ја организирале неговите родители за само 12 часа. Роуден бил премногу болен за да може да ја напушти болницата, па невестата стоела до неговата болничка постела. Неговиот брат Хасет ја објавил оваа седмица на Јутјуб снимката од најтажната венчавка на светот. Роуден починал 10 часа откако го изговорил судбоносното “ДА“…

Leave a Comment