Занимливости Свет Случувања

Се излизга со колата на мразот директно кон сообраќаецот: Возел брзо по замрзнат пат, а полицаецот го спаси чудо! (ВИДЕО)

Полицаецот имаше неверојатна среќа!

Како внимателно треба да се вози по ладното време и замрзнатите патиштата, на своја кожа најдобро почувствува еден полицаец од американската држава Висконсин, кој речиси ќе го прегазеше возачот кој изгубил контрола врз неговиот автомобил.

Полицискиот службеник Џејсон Фебри излезе од службениот автомобил за да му помогне на возачот кој излетал од патот, кога вториот автомобил, буквално лизгајќи по патот, тргнал кон него.

Сè беше снимено од камерата на полициското возило, а полицаецот, со неверојатна среќа, успеа брзо да избега настрана.

Видеото е од пред еден месец, но полицијата од Фонд ду Лак само што го објави за да ги предупреди возачите повнимателно да возат во зимските услови.

На видеото можете да видите колку среќа имал полицаецот: