Кичево
Седма Специјална Олимпијада за деца со посебни потреби во Кичево (ФОТО)

По седми пат во Кичево денеска се одржа Специјалната Олимпијада за деца со посебни потреби. Домаќин на децата од сите градови во земјава беше „Лајонс клубот“ од Кичево, кој беше домаќин и на сите претходни шест Олимпијади. Специјалната Олимпијада за отворена ја прогласи претседателот на „Лајонс клуб“ Кичево, Бобан Димитријоски.
– Почитувани гости добредојдовте на седмата Специјална Олимпијада за деца со посебни потреби. Денес нашата основна цел е да се дружиме, да се запознаеме. Сите што се дел од оваа Олимпијада се победници на истата. „Лајонс клубот“ од Кичево е член на најголемото и најактивно семејство на сервисни клубови во светот со повеќе од 45 000 клубови и 1 300 000 членови и чии почетоци датираат од 1917 година како заслуга на Мелвин Џонс, на кого сите ние кои се препознаваме во мисијата на „Лајонсот“ како движење, неизмерно сме му благодарни – рече претседателот на „Лајонс-клубот“ Кичево, Бобан Димитријоски.
Инаку на денешната Специјална Олимпијада учествуваа над 100 деца со посебни потреби од Скoпје, Битола, Прилеп, Велес, Крушево, Кичево и други градови во земјава, кои ќе се натпреваруваат во повеќе дисциплини прилагодени на нивните здравствени карактеристики.
– „Лајонс клубот“ од Кичево заедно со целиот Дистрикт-132, денес организираат Специјална Олимпијада за деца со посебни потреби. Ова е седма Олимпијада што се одржува во Кичево. Нашата цел е Специјалната Олимпијада, за разлика од претходните, да биде што помасовна и да земат учество деца од целиот дистрик. Денес имаме над 100 учесници на Специјалната Олимпијада кои ќе се натпреваруваат во повеќе дисциплини, каде резултатите се во втор план, а дружењето и запознавањето е прв приоритет – истакна Соња Бојаџиева, гувернер на „Дистриктот-132“.
На Специјалната Олимпијада лицата со посебни потреби ќе се натпреваруваат во фудбал, кошарка и други спортски дисциплини прилагодени за нив.
Фото и текст: Зоран Антоски
Кичево
ОВР Кичево: Ноќеска 10 пијани возачи и 1 одземен нерегистриран мотор

Во текот на изминатата вечер (13/14.08.2022) во рамки на Оперативниот план „Безбедно лето 2022“, во периодот од 22.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе акциска контрола на територијата на град Кичево за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
При контролата санкционирани се 36 возачи, од кои 10 за возење под дејство на алкохол, а еден мотоцикл е одземен поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од МВР.
Кичево
(ВИДЕО) Суспектниот кичевчанец на мајмунски сипаници денес бил тестиран, неговите резултати ќе се објават во текот на вечерта

Кичевчанецот суспектен на мајмунски сипаници кој неодамна се вратил од Австрија, конечно е тестиран и е во изолација, потврдија од Комисијата за заштита од заразни болести. По три дена брканица денеска или најдоцна утре Македонија конечно ќе донае дали во државата има мајмунски сипаници. Во меѓувреме, по наредба на Министерот за здравство веќе е испратен инспектор до неговиот дом за да му биде доставено и решение за здравствен надзор.
– „Пациентот од Кичево денеска беше исконтактиран, а потоа и тестиран од страна на Центарот за јавно здравје во Битола. Во моментов, тој е во изолација, а резултатите од тестот ги очекуваме до 20 часот.“ – изјави Мехмедовиќ
Видео од прилогот како и целиот натпис погледнете го на порталот од Алфа Телевизија ТУКА
Кичево
Алфа ТВ: Прв сомнителен случај со „мајмунски сипаници“ жител на град Кичево

Според извори од Алфа Телевизија пациент од Кичево е првиот сомнителен случај со „мајмунски сипаници“. Според информациите до кои дојде Алфа пациентот имал закажано термин на инфективна клиника во Скопје, така што го очекуваат да пристигне во секој момент.
Според истиот извор, кичевската брза помош одбила да го пренесе, па тој со сопствено возило се упатил кон клиниката во Скопје.
Дополнително како што наведуваат, врз пациентот најверојатно ќе му бидат извршени лабараториски испитувањa за да се потврди дали се работи за мајмунски сипаници.
Видео од прилогот на Алфа ТУКА
Извор и повеќе информации: Алфа Телевизија
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за понеделник (15 август)
-
Хороскоп2 дена
Дневен Хороскоп (14 август) – недела
-
Lifestyle2 дена
(ВИДЕО) Лозано: Дома си е дома, „Ја излези Ѓурѓо“ од многу грла во еден глас ❤️ Кичево!
-
Кичево1 ден
ОВР Кичево: Ноќеска 10 пијани возачи и 1 одземен нерегистриран мотор
-
Македонија6 часа
Ова се новите цени на горивата кои ќе стапат на сила од ноќеска
-
Македонија6 часа
Соборен рекорд, 47 пребрзо возеле во Кичево, додека на подрачјето на СВР Охрид вкупно 92 возачи надминале дозволена брзина
-
Спорт1 ден
Академија Пандев со „петарда“ на гости, Силекс ја изненади Шкендија, додека стружани победија во Штип
-
Македонија22 часа
„Се лета“ Тетово-Гостивар, дури 13 возачи движеле над 70 км/ч од дозволеното!