Следете не

Магазин

Секој телефон може да се прислушува: Хакерите купуваат пристап до dark net за 500 долари

Објавено пред

на

Секој паметен телефон може да се прислушува и шпионира без да се инсталира специјален софтвер за таа цел, предупреди Dust Mobile денеска на Меѓународниот форум за сајбер безбедност во Лил, на северот на Франција.

„За 500 долари месечно на дарк нет (што не е видливо на обичните прелистувачи), хакер може, само со познавање на вашиот телефонски број, далечински да го лоцира вашиот телефон без ваше знаење, да ги пресретнува и слуша вашите повици и да има пристап до вашите пораки“, велат од компанијата.

Таа додаде дека хакер може дури и да промени некои пораки и да ги испрати на некој друг од вашиот број. Може да остварува и телефонски повици од вашиот број.

Компанијата разви систем за заштита од тој малку познат хакерски ризик. Тој систем може да открие дали хакерите искористуваат некои безбедносни дупки во СИМ-картичките или системите што овозможуваат комуникација помеѓу две лица кои немаат ист оператор.

Тие недостатоци се присутни уште од самиот почеток, бидејќи тие протоколи за комуникација помеѓу операторите првично беа дизајнирани без заштита бидејќи само операторите имаа пристап до тие протоколи.

Сега секој може потенцијално да има пристап до него. Компанијата Dust Mobile создаде заштитна SIM-картичка која во случај на хакерски напад активира аларм и веднаш го блокира нападот. Ваквата картичка е особено наменета за компании и владини институции.

Картичката може да детектира и напади од таканаречениот систем IMSI-Catcher, кој го користат разузнавачките служби.

Хакерските напади на мобилните телефони станаа сè пософистицирани, со софтвер дискретно инсталиран на телефонот и шпионирање на неговата содржина.

Еден од најпознатите такви софтвери е Pegaz.

/Nova

Lifestyle

Како да препознаете вистинско маслиново масло – едноставен трик што секој може да го направи дома

Објавено пред

на

Фото: Dimitri Karastelev @ unsplash
Фото: Dimitri Karastelev @ unsplash

Маслиновото масло е едно од највредните и најкористените производи во секое домаќинство. Но, токму поради неговата популарност, на пазарот често се појавуваат фалсификати и мешавини со поевтини растителни масла. Експертите предупредуваат дека дури и производи кои се рекламираат како „екстра девствено“ не секогаш се вистински.

Вкусот открива многу

Ако вкусот на маслото е премногу благ или потсетува на сончогледово масло, тоа е јасен знак дека се работи за разреден или индустриски преработен производ. Вистинското маслиново масло има лесно горчлив и пикантен вкус кој останува на непцето.

Бојата не е секогаш показател

Домашното маслиново масло не мора да биде совршено бистро. Често е малку заматено, со златно-зелени нијанси, особено кога се гледа на природна светлина. Напротив, претерано проѕирно масло со униформна боја може да биде преработено и да содржи адитиви.

Внимавајте на цената и пакувањето

Квалитетното маслиново масло ретко е евтино. Ако цената е сомнително ниска, тоа најчесто значи дека производот е мешавина или не е од вистинско потекло. Проверете ја декларацијата – вистинските производители секогаш наведуваат од каде потекнува маслото и кога е произведено.

Домашен тест за проверка

Наједноставниот начин да проверите дали маслото е природно е следниот:
Ставете мала количина во фрижидер на неколку часа. Ако маслото се згрутчи или стане густо, тоа е добар знак дека е вистинско маслиново масло. Ако остане целосно течно, веројатно содржи примеси од други масла.

Извор: RTCG

Прочитај повеќе...

Магазин

Galaxy S26, S26+ и S26 Ultra ќе донесат подобри камери и поголеми батерии

Објавено пред

на

ФОТО: Unsplash.com @ Anh Nhat
ФОТО: Unsplash.com @ Anh Nhat

Како што се приближува крајот на годината, сè повеќе информации излегуваат за новата серија на Samsung Galaxy S26. Според најновите гласини, сите модели ќе добијат значителни подобрувања на камерите и батериите, со фокус на перформанси, трајност и нови функции со вештачка интелигенција.

Подобрувања кај Galaxy S26 Ultra

Најскапиот модел, Galaxy S26 Ultra, ќе го задржи 6,9-инчниот M14 OLED дисплеј, но ќе добие нова AI функција за приватност која ја затемнува содржината кога корисникот е во јавен простор – како во лифт или автобус.

Камерите остануваат со резолуции од 200 MP (главна), 50 MP (ултраширока) и 50 MP (5x телефото), но ќе имаат подобрена оптика и побрз сензор. Батеријата ќе биде зголемена на 5.400 mAh, што обезбедува подолга автономија без големо зголемување на тежината на уредот.

Galaxy S26+ со нови камери

Моделот Galaxy S26+ ќе добие поголем 1/1,3-инчен главен сензор, 50 MP ултраширока камера и нова 12 MP телефото камера, која ќе ја замени претходната 10 MP верзија. Батеријата ќе се зголеми на 4.900 mAh, а дизајнот ќе биде потенок и полесен.

Се очекува Galaxy S26+ да преземе дел од камерските технологии од тековниот S25 Ultra, што ќе го направи привлечна опција за корисници кои сакаат врвен квалитет, но пониска цена од Ultra моделот.

Основниот Galaxy S26 и новата варијанта

Базниот модел Galaxy S26 ќе добие истите подобрувања на камерата како S26+, со батерија од 4.200 до 4.300 mAh. Гласините спомнуваат и нова, потенка варијанта со 6,6-инчен дисплеј, три камери од 50 MP и батерија околу 4.300 mAh – што би го поставило помеѓу стандардниот и Plus моделот.

Процесори и достапност

Целата серија Galaxy S26 ќе користи Exynos 2600 чипсет во Европа, додека пазарите како САД и Јужна Кореја ќе го добијат Snapdragon 8 Elite Gen 5 for Galaxy, кој нуди подобри перформанси и енергетска ефикасност.

Новата Galaxy S26 серија се очекува да биде официјално претставена на почетокот на 2026 година, а Samsung веќе ја позиционира како најпаметната и најмоќната линија досега.

Извор: BUG

Прочитај повеќе...

Магазин

Amazon инвестира 1,6 милијарди долари во Холандија

Објавено пред

на

Фото: Bryan Angelo @ unsplash
Фото: Bryan Angelo @ unsplash

Amazon планира да инвестира 1,6 милијарди долари во Холандија во следните три години.

Компанијата продолжува да изненадува со своите амбициозни потези. Откако најави отпуштање на 600.000 работници и поголема автоматизација со роботи, сега Amazon го свртува вниманието кон Европа – со најголемата инвестиција во една земја од 2020 година досега.

Во моментов, Amazon има околу 1.000 вработени во Холандија, но неговата онлајн продажба таму сè уште заостанува зад локалниот пазарен лидер Bol.com. Со новата инвестиција, компанијата има намера да ја зајакне својата позиција и потенцијално да ги надмине конкурентите во регионот.

Холандија е препознаена како стратешки важен пазар и централна точка за понатамошна експанзија на Amazon во Европа. Планираната инвестиција ќе се фокусира главно на развој на решенија базирани на вештачка интелигенција, со цел да им помогне на претприемачите кои продаваат преку платформата.

Со оваа стратегија, американскиот гигант уште еднаш покажува дека има намера да ја зацврсти својата доминација и да ги обедини сите продавци под својата дигитална екосфера.

Извор: PcPress

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Фото: Dimitri Karastelev @ unsplash Фото: Dimitri Karastelev @ unsplash
Lifestyle6 часа

Како да препознаете вистинско маслиново масло – едноставен трик што секој може да го направи дома

Маслиновото масло е едно од највредните и најкористените производи во секое домаќинство. Но, токму поради неговата популарност, на пазарот често...

ФОТО: Unsplash.com @ Anh Nhat ФОТО: Unsplash.com @ Anh Nhat
Магазин6 часа

Galaxy S26, S26+ и S26 Ultra ќе донесат подобри камери и поголеми батерии

Како што се приближува крајот на годината, сè повеќе информации излегуваат за новата серија на Samsung Galaxy S26. Според најновите...

Фото: Bryan Angelo @ unsplash Фото: Bryan Angelo @ unsplash
Магазин6 часа

Amazon инвестира 1,6 милијарди долари во Холандија

Amazon планира да инвестира 1,6 милијарди долари во Холандија во следните три години. Компанијата продолжува да изненадува со своите амбициозни...

Фото: He Junhui @ unsplash Фото: He Junhui @ unsplash
Магазин6 часа

Xiaomi 17 Ultra пристигнува наскоро – спецификации, цена и прв поглед на дизајнот

Xiaomi се подготвува да го претстави својот најнов предводник – Xiaomi 17 Ultra, кој ветува значителни подобрувања во перформансите, камерата...

Хороскоп15 часа

Хороскоп за понеделник (3 октомври)

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

Технологија1 ден

„Google Maps“ има нова корисна функција

Популарната апликација Google Maps наскоро ќе добие нова и многу корисна функција режим за заштеда на батеријата. Овој необичен режим,...

Македонија1 ден

МВР истакна дека пристигнале регистрирани настани, видеа и фотографии во текот на предизборниот молк, три се на територијата од СВР Охрид

За време на предизборниот молк, во текот на 01.11.2025 до 07:00 часот на 02.11.2025, односно до отворање на избирачките места,...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за недела (2 ноември)

ОВЕН Постои можност на деловно поле да добиете помош околу напредувањето кое сте го очекувале. Потребно е повеќе да и...

Здравје и убавина2 дена

Треба да се знае, слебеењето незначи дека треба да гладувате, еве неколку работи околу таа тема

Комбинацијата на редовна физичка активност и балансирана исхрана е најсигурниот пат до намалување на телесната тежина и подобрување на изгледот...

Македонија2 дена

Додека преземал службени дејствија жител на Велешта нападнал полициски службеник

На 31.10.2025 во 15:00 часот на магистралниот пат Подмољје-Струга, полициски службеницн од ОВР Струга го лишија од слобода И.И.(45) од...

НАЈЧИТАНИ