Следете не

Магазин

Сепак природните препарати се подобро решение против „првут“ во косата

Објавено пред

на

Подобар начин е да се одлучите за природни препарати со кои многу умешно можете да се ослободите од оваа појава. Шампоните против првут како што знаеме можат да бидат ефикасно средство за решавање на овој многу чест проблем, но можат да направат и штета. Тие содржат многу агресивни хемиски состојки кои во одредени случаи можат да реагираат негативно на здравјето на луѓето.

Маслиново масло

Помешајте две лажици маслиново масло и една лажица масло од бадем. Пополека нанесете ја смесата на главата и нежно тријте го коренот на влакната. Маслото нека ви постои на главата 15 минути, а потоа убаво исплакнете ја косата.

Исто така, можете да направите сличен препарат со маслиново масло и рузмарин. На една лажица маслиново масло се ставаат 10 капки масло од рузмарин, кое можете да го купите од аптека. Откако ќе го нанесете на главата, најубаво е да го оставите да ви делува за време на ноќта, а потоа наутро да ја измиете косата.

Јаболков оцет

Еден од начините е да помешате иста количина на вода и оцет. Нанесете го овој препарат на косата и оставете го да ви дејствува цела ноќ. Утредента, косата исплакнете ја со бебешки шампон.

Доколку имате осетлива кожа, препорачливо е во шише од половина литар да измешате 1 децилитар оцет и 4 децилитри топла вода. Откако ќе ја измиете косата, земете ја оваа мешавина и пополека сипете ја на косата. Можеби ќе чувствувате мало пецкање, но тоа е сосема нормално. Масирајте ја кожата на главата, а потоа убаво исперете ја за да не ви мириса косата на оцет.

Алое вера

Се препорачува 2-3 часа пред миење на косата, да ја измасирате главата со алое вера. Ова помага да се ослободите од првутот, а го зајакнува и коренот на влакната.

Камилица, мајчина душица и ловоров лист

Камилицата ја смирува осетливата и воспалената кожа, па токму затоа можете да земете три кесички чај од камилица и да ги ставите во 150 мл топла вода. Оставете ги да отстојат 10 минути во водата, а потоа чајот нанесете го на коренот на влакната и нежно масирајте. Препорачливо е потоа косата да не се мие.

Пробајте и со лековитата билка мајчина душица, распоредувајќи 7 лажици сува билка во две шолји за чај полни со топла вода. Оставете ги покриени 10 минути, а потоа процедете го чајот и оставете го да се олади. Едната шолја искористете ја на чиста коса, масирајќи ја главата. Со другата шолја повторете го третманот наредниот ден.

Ловоровиот лист исто така може да ви помогне при отстранувањето на првутот. Во 1 литар вода ставете цела шака ловорови листови и оставете го на оган убаво да зоврие. Кога ќе се олади, процедете ја течноста и на чиста коса нанесете ја на главата. Косата замотајте ја во пешкир и оставете ја течноста да ви делува барем еден час. На крајот исплакнете ја косата со млака вода.

Сок од лимон

Исцедете еден лимон и со сокот истријте ја кожата на главата. Потоа земете една чаша вода, додадете во неа една лажица лимон и повторно истријте ја главата. Оставете го сокот да делува неколку минути, а потоа измијте ја косата. Постапката можете да ја повторите неколку пати, се додека не се ослободите од првутот.

Магазин

Тежината на сите ковид честички кај пациенти е од 100g до 10kg

Објавено пред

на

Доколку сите честички на ковид се пронајдени на едно место, нивната тежина би се движела помеѓу тежината на јаболкото и малото дете – од 100 грама до десет килограми, објави сајтот „Science Alert“.

Група истражувачи неодамна пресметаа дека секое заразено лице носи 10 милијарди до 100 милијарди честички на вирусот на врвот на инфекцијата, што значи дека вкупниот САРС-Ков-2 кој моментално циркулира на планетата во просек е од милион до десет милиони инфекции во било кој период пандемија, тежина од 100 грама до десет килограми.

Малата тежина, додадена е во текстот, не значи дека е незначителна.

“Ако го погледнеме историскиот контекст, атомската бомба тежи помалку од 100 килограми. И погледнете ја штетата што ја предизвика”, рече еден од водечките автори на студијата, Рон Мило, професор на Институтот за наука Вајземан во Израел и ко -автор на студијата, Рон Сендер.

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Денес се одбележува Светскиот ден на јогата

Објавено пред

на

Љубителите на јога ширум светот денес го слават Меѓународниот ден на јогата, меѓутоа, поради се уште актуелната пандемија на Ковид-19, прославите се намалени.

Античката вештина, која некогаш била карактеристична за гуруата, денес стана светски феномен, а во Индија, од каде потекнуваат прославите, се наоѓа и премиерот Нарендра Моди, кој исто така ќе избегне масовни собири поради пандемијата, пишува Би-Би-Си.

Со години, Моди промовира јод, честопати нарекувајќи го подарок за светот од Индија, и како што рече, токму таа беше „трошка надеж“ за милиони за време на пандемијата на вирусот корона.

Претседателот Рам Хет Ковинд имаше и приватна сесија за јога во претседателската палата за да го прослави Меѓународниот ден, нагласувајќи дека јогата е „подарок на Индија за човештвото“.

Како што е наведено, јогата одигра значајна улога во психо-социјалната грижа и рехабилитација на пациентите во карантин и изолација.

Освен во Индија, љубителите на јога го слават 21 јуни секој ден како Ден на јога и на тој ден вадат килими надвор за да вежбаат.

Обединетите нации го прогласија 21 јуни 2015 година за Меѓународен ден на јогата и оттогаш се слави низ целиот свет.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Дневен Хороскоп (21 јуни) понеделник

Објавено пред

на

ОВЕН
Нови можности за подобрување на вашата кариера се на повидок. Ви претстои добар период на финансиски и бизнис план. Вашата тенденција да се грижите и да им помагате на другите ќе ги подобри вашите врски со блиските. Пред вас е период кога ве очекуваат доста романтични мигови со саканиот.

БИК
Денес ќе се чувствувате особено немирно, ќе сакате да бидете на повеќе места одеднаш. Ќе чекате некој важен одговор или информација а тоа ќе ве направи уште поанксиозни. Поради тоа ќе ви годи добар фитнес тренинг или аеробик. Најдобро е да го правите тоа дома наместо во теретана за да избегнете интеракција со други луѓе што може да биде фрустрирачко.

БЛИЗНАЦИ
Можни се препреки на деловен и финансиски план. Ќе бидете особено внимателни при донесување на одлуки и правење промени а тоа ќе спречи во иднина да се соочите со непријатности. Ќе имате напредок во некој важен проект или план кој е во тек. Запишувајте ги вашите идеи, можат да ви послужат подоцна.

РАК
Вашата моќ на убедување денес ќе биде особено силна. Ова е одличен ден да ги промовирате вашите нови идеи и проекти. Ќе се здобиете со признание и почит кај вашите колеги. Ќе бидете во можност да ги читате туѓите мисли и да претчувствувате што се крие во нивното срце. Ова е одличен ден за да направите напредок.

ЛАВ
Денес ви претстојат значајни напредоци на бизнис и финансиски план. Инвестициите кои сте ги направиле во минатото конечно ќе се исплатат. Нови можности се на вашиот пат. Сега е одличен период за да го завршите она кое што веќе сте го започнале. Разгалете се себеси со шопинг и купете некое парче кое одамна сте го посакувале и носете го на вечера со пријатели или партнерот.

ДЕВИЦА
Вашиот ум ќе биде преплавен од нови идеи и планови, ќе се чувствувате инспирирани. Ќе имате енергија и ќе бидете особено продуктивни. Но не заборавајте да здивнете, ако работите премногу напорно без одмор, на крајот ќе завршите исцрпени.

ВАГА
Денес е поволен ден да се одморите и да се разгалите себеси. Посетете центар за масажа или ароматерапија. Ќе бидете среќни од резултатите. Вашиот ум ќе впива нови информации со брзина на светлината, ќе научите многу интересни нешта.

ШКОРПИЈА
Бидете подготвени да ги остварите своите соништа затоа што ќе го имате потенцијалот за тоа. Успехот е дефинитивно на ваша страна. Ќе добиете важен повик или порака кој ќе ве израдува. Во текот на денот оставете малку време и за себеси.

СТРЕЛЕЦ
Денес ќе ви биде малку потешко да се разбудите затоа што ќе чувствувате како да немате многу енергија. Некои промени на деловен план ќе ве направат мрзоволни но немојте да дозволите чувствата да ве контролираат. Излезете од летаргијата и тргнете во прошетка. Можно е од никаде да ви светне некоја одлична бизнис идеа која ќе ви отвори нови можности.

ЈАРЕЦ
Денес е идеален ден да ги завршите задачите кои долго време сте ги оставале настрана. За да се спасите себеси од непотребниот стрес, организирајте ги вашите обврски за деновите пред вас, наградете се себеси со мал шопинг или здравица со пријателите.

ВОДОЛИЈА
На деловен план денес ви претстојат многу профитабилни можности. Ќе се најдете себеси во недоумица дали да се посветите на нивно остварување или да земете одмор и да се релаксирате дома. Ако можете да одлучувате, дефинитивно најдобра опција е да ги искоритите можностите за напредок додека се сеуште достапни. Испланирајте интимна вечера со партнерот за крајот на денот. Ќе се чувствувате задоволно од продуктивниот ден.

РИБИ
Некои планови кои сте ги оставиле за во иднина е најдобро да се остварат сега затоа што ќе ви донесат одлична добивка. Ќе бидете среќни што сте донеле таква одлука и ќе се чувствувате олеснати што сте завршиле важна задача навреме. Пред крајот на денот опуштете се себеси со омилениот филм и вашиот најдраг пијалак.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

СкопјеПред 1 час

ЕВН Скопје: Најава за прекин на електрична енергија во следниве скопски реони

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа, утре на ден 22.06.2021 година – вторник, ЕВН Скопје ќе работи на терен, така што прекини...

СпортПред 2 часа

(ВИДЕО) Нашата репрезентација оштетена, недосудениот фаул причина за примениот гол во контра на лалињата

Да токму така, Македонската репрезентација е дефинитивно оштетена по недосудениот фаул врз Горан Пандев на работ на шеснаесетникот, по што...

МакедонијаПред 7 часа

Од ноќеска поскап бензин и дизел, ова е новата цена

Регулаторната комисија за енергетика ги одреди новите цени, бензините поскапуваат за еден денар. Поточно, ЕУРОСУПЕР-95 од полноќ ќе чини 69,5...

АвтомобилиПред 7 часа

Пристигнува електричната Mazda MX-5

Mazda потврди дека има намера да понуди електрифицирана верзија на MX-5 до крајот на деценијата. Според Carscoops, извештајот доаѓа од...

МагазинПред 8 часа

Тежината на сите ковид честички кај пациенти е од 100g до 10kg

Доколку сите честички на ковид се пронајдени на едно место, нивната тежина би се движела помеѓу тежината на јаболкото и...

СпортПред 8 часа

Кичевчанката Минговска непобедлива во својата класа, освои златен медал на државното првенство во Карате каде се натпреваруваа 260 спортисти

Во салата Крсте Мисирков при ООУ „Крсте Мисирков“ во Скопје изминатиот викенд на 19 и 20 јуни 2021 година, се...

АвтомобилиПред 8 часа

Toyota Supra од филмот Fast & Furious е продадена за 550.000 долари

Toyota Supra во 1994 година, управувана од Paul Walker во филмот Fast & Furious, беше продадена на аукција во Барет-onексон...

СветПред 8 часа

За прв пат во историјата на Шведска: Изгласано недоверба на премиерот

Шведскиот премиер, социјалдемократот Стефан Левен беше соборен денеска откако парламентот изгласа недоверба на неговата влада. Ова е првпат да се...

LifestyleПред 8 часа

Денес се одбележува Светскиот ден на јогата

Љубителите на јога ширум светот денес го слават Меѓународниот ден на јогата, меѓутоа, поради се уште актуелната пандемија на Ковид-19,...

Временска прогнозаПред 11 часа

Од денес топлиот бран од северните предели на Африка ќе продира кон нашите простори

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локална појава...

НАЈЧИТАНИ