Временска прогноза
Сепак сушата продолжува, најава и за температури до -6°C во нашиот регион
Според најновите анализи со кој ние располагаме и тоа со помош на најпрецизните метеоролошки модели, суштата која ја зафати нашата држава ќе продолжи и понатаму, што значи продолжува периодот на претежно стабилно и суво време.
Денес и во утре ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност, додека во сабота повторно ќе има малку повеќе облаци а само на планинските места не се исклучува можноста за сосема слабо и локално провејување на снег.
Особено утре и во сабота ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието.
Максималните дневни температури, особено за време на викендот и тоа поради влијание на постуден воздух од север ќе бележат тенденција на пад и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени, наутро ќе биде значително постудено со минимални температури кој ќе се спуштаав во интервалот од -6 до 1 степени.
Што се однесува до Скопје и околината, ќе продолжи периодот на стабилно и суво време без никакви врнежи, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат до околу 12 степени, пад на истите очекуваме за време на викендот кога ќе се искачуваат до околу 8 степени, наутро ќе биде уште постудено кога минималната температура се очекува да се спушти до околу 0 степени.
Подготви: Славчо Попоски
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
Временска прогноза
Променливо облачно време, пладневните часови проследени со засилен ветер кој ќе создадат услови за краткотраен дожд во западните делови од Македонија
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди преку денот. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/ч). Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.
Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Следните три дена, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе имаме врнежливо време, проследено со ветер над 60 км/ч. Врнежите од дожд некаде ќе бидат и по обилни.
Временска прогноза
Услови со утринска појава на магла по котлините, преку ден сончево и натпросечно топло за овој период од годината
Времето утре ќе биде слично на денес, односно наутро ќе има услови за појава на мaгла некаде во котлините. Преку ден ќе биде сончево и натпросечно топло за овој период од годината, со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец.
Во Скопје претежно сончево со мала локална облачност и тивко.
Температурите во јужните краеви на Македонија некаде ќе достигнат и до рекордни 20 степени, додека утринската ќе се движи околу 0.
Според првичните информации и од она што го најавуваат метеоролозите, после 10-ти февруари ќе следи промена на временската состојба, односно со зимата и снегот се уште не сме завршиле, но за тоа ќе прецизираме во текот на оваа седмица.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (27 март)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за четврток (28 март)
-
Култура2 дена
В сабота во Манастирот Св. Великомаченик Георгиј Победоносец во с. Рајчица ќе пристигне икона на Светиот Георгиј Победоносец, покана до сите верници да присуствуваат на духовното славје
-
Македонија2 дена
Викендов започнува летното сметање на време, ноќта во недела стрелките на часовникот ги поместуваме еден час по напред
-
Кичево1 ден
ССНМ во Кичево организира работен состанок со новинари од локални медиуми
-
Спорт1 ден
Нова победа на македонската репрезентација до 18 години на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп 2024″
-
Lifestyle1 ден
Дали знаете што значи WC?
-
Кичево7 часа
МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед