Временска прогноза
Сепак толку од пролетните температури, од утре циклон на дожд и ветар
Полека но сигурно се приближуваме кон најавената нова промена на временската состојба кај нас. Полека од утре облачноста ќе се зголемува а во исто време ќе започне да дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен правец.
Утре навечер и во текот на ноќта кон понеделник во западните предели ќе започнат повремени врнежи од дожд, додека на планинските места со надморска височина од над 2000 метри ќе има врнежи од снег.
Врнежите во понеделник ќе се прошират во поголем дел од државава кога ќе има услови и за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен, повремено на некои места СИЛЕН ветер од јужен правец (над 70 км/час).
Повремени врнежи од дожд ќе има и во вторник, особено попладне и навечер. На највисоките планини ќе има услови за повремени врнежи од снег. За време на оваа циклонска активност локално, особено во западните предели се очекува да наврне позначително количество на воден талог (над 25 л/м2).
Температурите на воздухот и во првите денови од следната недела ќе бидат над просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени.
Пишува: Славчо Попоски
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
Временска прогноза
Променливо облачно време, пладневните часови проследени со засилен ветер кој ќе создадат услови за краткотраен дожд во западните делови од Македонија
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди преку денот. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/ч). Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.
Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Следните три дена, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе имаме врнежливо време, проследено со ветер над 60 км/ч. Врнежите од дожд некаде ќе бидат и по обилни.
Временска прогноза
Услови со утринска појава на магла по котлините, преку ден сончево и натпросечно топло за овој период од годината
Времето утре ќе биде слично на денес, односно наутро ќе има услови за појава на мaгла некаде во котлините. Преку ден ќе биде сончево и натпросечно топло за овој период од годината, со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец.
Во Скопје претежно сончево со мала локална облачност и тивко.
Температурите во јужните краеви на Македонија некаде ќе достигнат и до рекордни 20 степени, додека утринската ќе се движи околу 0.
Според првичните информации и од она што го најавуваат метеоролозите, после 10-ти февруари ќе следи промена на временската состојба, односно со зимата и снегот се уште не сме завршиле, но за тоа ќе прецизираме во текот на оваа седмица.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (18 април)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за петок (19 април)
-
Кичево21 час
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
-
Кичево18 часа
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Хроника23 часа
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
-
Спорт1 ден
Кралскиот клуб по „пенал рулетот“ обезбеди полуфинале, Начо: „Магична ноќ, за ова се живее“
-
Магазин24 часа
Telegram наскоро ќе има повеќе од една милијарда корисници
-
Свет2 дена
Google подготвува големо изненадување на I/O 2024 – XR очила