Забава Занимливости Скопје

Сергеј Варошлија удри по стајлингот на Елена Велевска: „Колку рибарски мрежи има настегано на себе“?

Македонскиот моден критичар Сергеј Варошлија во својата емисија „Мода“ често знае да ги критикува или да ги пофали модните комбинации на личностите од јавната сцена.

По Елена Стефановска, Тамара Тодевска, Елена Ристеска и ред други јавни личности сега на ред се најдоа Сузана Гавазова и Елена Велевска.

Имено, во последнaта емисија на ова модно издание, Варошлија коментираше фотографија на која заедно се Елена и Сузана.

„Вчера сакаше да ми пукне душата, од оваа фотографија. Дали е можно во 21 век, фолк естрадата да изгледа овака. Да фотографијата била стара од пред една година. Овој изглед е нешто што е најужасно и најлошо“ вели модниот критчар.

Тој го истакна своето мислење прво за македонската фолкерка Сузана Гавазова.

„Госпоѓа Гавазова во целиот овој панаѓур на невкус дури изгледа и пристојно бидејќи има некое кожно фустанче, црни потпетици“, изјави Сергеј.