Следете не

Магазин

Што е поздраво: Оброк со кафеав или бел ориз?

Avatar

Објавено пред

на

Малкумина го имаат разграничено консумирањето на овие две состојки. Јадат како кафеав, така и бел ориз. Повеќето луѓе не гледаат значајна разлика помеѓу белиот и кафеавиот ориз. Ви ги открваме основните разлики.

Оризот е истиот јаглехидрат како и тестенините. Некои луѓе го сметаат за доста корисен. Други категорично одбиваат да користат житни култури. Кој е во право? Има толку многу конфликтни информации па затоа ќе направиме еден пресек на основните придобивки.
Кафеав ориз

Кафеав ориз не потклекнува на таква темелна обработка, за разлика од белиот ориз, кој поминува низ неколку фази на полирање и чистење. Целото жито од кафеав ориз се состои од три дела: трици (со висока содржина на растителни влакна), ембриони (кои содржат здрави масти) и ендосперм (кој е јаглехидрат). Убаво е да се знае дека полнозрнестата храна значително го намалуваат нивото на холестеролот во крвта, го регулираат нивото на шеќерот и создаваат чувство на ситост и исполнетост на стомакот. Покрај тоа, кафеавиот ориз значително ја подобрува цревната подвижност, која од своја страна ја нормализира столицата. На многу начини тоа е предност на растителните влакна, кои се наоѓаат во големи количини во полнозрнестата храна. Диетолозите исто така, наведуваат дека кафеавиот ориз го намалува ризикот од развој на дијабет тип 2.
Бел ориз

Една урамнотежена диетална програма едногласно глси дека треба да примате околу 50% здрави јаглехидрати од полнозрнестите продукти дневно. Ова значи дека првото место од листата припаѓа на белиот ориз. Овој производ е особено корисен за спортисти за кои јаглехидратите се од огромно значење. Кога ви треба енергија (пред или по тренингот), белиот ориз е вистинското решение. Бидејќи мастите и влакната во преработените житни култури се веќе отстранети, преостанатите јаглехидрати подобро се апсорбираат. Тоа значи дека енергијата се ослободува побрзо и стомакот нема да има проблеми со варењето. Покрај тоа, белиот ориз помага во обновувањето на гликогенот и мускулната маса, што е многу важно по исцрпувачките вежби.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Хороскоп

Дневен Хороскоп (03.04) петок

Avatar

Објавено пред

на

ОВЕН

Ве очекуваат помали недоразбирања со соработниците. Генерално овој ден не ви е особено поволен. Нема нови промени кај вас на љубовно поле. Ова е прилично статичен и здодевен ден. Болки во грбот.

БИК

Премногу очекувате од соработниците кои не размислуваат на ист начин како вас. Време е да ги земете работите во свои раце. Чувствувате дека партнерот не е искрен за некои работи. Време е да поразговарате со него. Избегнувајте алкохол.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекуваат проблеми на деловно поле. Многу нешта ве оптеретуваат и не се чувствувате добро поради тоа. Срамежливи сте и тешко ви е да покажете што чувствувате кон личноста во која сте заљубени. Чувствителен урогенитален тракт.

РАК

Не е поволен ден за нови случувања, за нови одлуки или било какви важни промени на работно поле. Посветени сте и на саканата личност и ќе направите сѐ што можете за да и докажете љубов и приврзаност. Склони сте кон алергии.

ЛАВ

Ве очекуваат помали компликации, па затоа подгответе се за ден во кој ќе има стрес и тензии околу вас. Се двоумите околу нови одлуки. Саканата личност ќе покаже дека е подготвена да направи некои драстични промени. Кожата ви е склона кон иритации.

ДЕВИЦА

Организационите способности ви е најчесто силна страна но денес дури ни тоа не ви оди од рака. Имате грижа на совест бидејќи не сте сосема искрени кон партнерот. Можен е пад на имунитетот.

ВАГА

Може да очекувате дека ќе успеете да најдете решение за деловните проблеми околу вас. Ќе се смирите со личноста која ја сакате. Ако сте слободни, наскоро ќе имате ново познанство. Болки во грлото.

ШКОРПИЈА

Успешно ги решавате сите дилеми. Одлуката која ќе ја донесете за вас може да биде од многу големо значење. Ве очекува можност да ја освоите личноста која ви се допаѓа веќе подолго време. Чувајте се од настинки.

СТРЕЛЕЦ

Не сте подготвени за драстични промени на деловно поле, а сѐ што правите оди постепено чекор по чекор. Саканата личност не е подготвена да ви покаже отворено што мисли, а вас тоа ве оддалечува и лади од неа. Потребен ви е сон.

ЈАРЕЦ

Ве очекуваат нови случувања на работно поле. Не сакате да зависите од другите, за вас контролата е многу важна. Партнерот покажува дека сака повеќе време за себе и поголема слобода, а вам тоа не ви се допаѓа. Помал пад на имунитетот.

ВОДОЛИЈА

Успешно ќе ги завршите работните обврски. Може да се надевате на многу позитивен ден. Можеби ви се допаѓа некој кој кон вас сѐ уште не покажал симпатии. Немате проблеми со здравјето.

РИБИ

Не сте подготвени за промени на работно поле туку сметате дека ќе ви биде подобро доколку ја задржите оваа работа. Сакате семејство но не сте го пронашле адекватниот партнер за тоа. Дајте си време. Намалете го стресот.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Природен рецепт против болки во грбот

Avatar

Објавено пред

на

Сакате вашиот р’бет никогаш повеќе да не ве боли? Обидете се со овој природен рецепт, и нема да го препознаете вашиот р’бет. Бидејќи, се она што е брилијантно е всушност многу едноставно и достапно, буквално на дофат на рака, со што многумина од вас ќе се убедат да го користат овој едноставен и ефикасен рецепт за ослободување од болките во грбот, зглобовите и нозете.

Ако сакате да заборавите на болките во р’бетот, секоја вечер, пред спиење, во рок од 1,5 месец треба да јадете:

*1 смоква

*1 сува кајсија

*5 суви сливи

Ова овошје содржи супстанции кои ја индуцираат обновата на ткивата, кои ги составуваат интервертебралните дискови. Тие ги прават посилни и почврсти. Пршлените почнуваат да застануваат на нивните природни места, без надворешна рачна корекција.

Пробајте го и вие, нема да го препознаете својот р’бет!

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Живот и стил

Поучна приказна за убав ден: „Не кажувај ја твојата приказна секому“

Avatar

Објавено пред

на

Не кажувај му ја секому твојата приказна. Зошто на крајот ќе се почувствуваш дека уште повеќе си отфрлена. Луѓето не можат да ти го дадат она  кон што се стремиш во своето срце. Колку повеќе очекуваш од одговорот на луѓето на твоето чувство на напуштеност, толку повеќе ќе чувствуваш дека си изложена на потсмев.

Треба да се изолираш од очекувањата од надворешниот свет, за да можеш да го побараш Бога преку твојата болка. Бог ќе ти испрати луѓе со кои ќе можеш да ја споделиш својата болка, кои ќе можат да те доведат поблиску до вистинскиот извор на љубовта.

Бог е доследен на своите ветувања. Ако го Бараш Бога ќе ги најдеш прифаќањето и љубовта за кои копнееш. Тоа нема да се случи на начин на кој се надеваш. Тоа нема да ги следи твоите потреби и желби.

Но тоа ќе го исполни твоето срце и ќе ја задоволи твојата најдлабока желба. Нема ништо на што би може да се повикаш освен на ова ветување. Се друго ти е одземено.

Држи се цврсто  до ова јасно ветување. Твојата вера ќе те излекува.

Бог ќе те излекува. 👏

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ВидеоПред 5 часа

(ВИДЕО) Морничаво! Си ја запали косата додека подучува други како се прави фризура

Типкава си ја запали косата покажувајќи им на гледачите нешто….. Погледнете: © Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии)...

ХороскопПред 7 часа

Дневен Хороскоп (03.04) петок

ОВЕН Ве очекуваат помали недоразбирања со соработниците. Генерално овој ден не ви е особено поволен. Нема нови промени кај вас...

ВидеоПред 9 часа

(ВИДЕО) Куче херој: Скокна во вода да си го спаси другарчето

Кучињата се неверојатни животни кои секогаш нè воодушевуваат. Интернетот е воодушевен од видеото кое доаѓа од Кина. Во провинцијата Гуангдонг,...

МакедонијаПред 12 часа

Новата Рисица ќе го носи името Атиџе и ќе се следи во НП „Маврово“

Македонското еколошко друштво (МЕД) во соработка со НП „Маврово“ на почетокот на март обележа нова единка од балканскиот рис, близу...

КичевоПред 15 часа

Четири лица од Кичево не почитувале забрана за движење, додека другите се во самоизолација

Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна. Изминатово деноноќие,  во периодот од 07...

МакедонијаПред 16 часа

Вкупно 384 лица во Македонија имаат коронавирус, денес 30 новозаболени

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Здравје и убавинаПред 18 часа

Природен рецепт против болки во грбот

Сакате вашиот р’бет никогаш повеќе да не ве боли? Обидете се со овој природен рецепт, и нема да го препознаете...

Живот и стилПред 1 ден

Поучна приказна за убав ден: „Не кажувај ја твојата приказна секому“

Не кажувај му ја секому твојата приказна. Зошто на крајот ќе се почувствуваш дека уште повеќе си отфрлена. Луѓето не...

МакедонијаПред 1 ден

Денес ќе биде сончево и ветровито, додека викендов ниски утрински температури, преку денот дожд

Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Претпладнето се уште ќе има...

ХороскопПред 1 ден

Дневен Хороскоп (02.04) четврток

ОВЕН Можни се успеси на деловно поле, особено ако планирате некој нов проект. Наскоро ќе повлечете важен потег и ќе...

НАЈЧИТАНИ