Следете не

Живот и стил

Што се случува во вашиот организам штом престанете со цигарите?

Avatar

Објавено пред

на

Ако размислувате да ги оставите цигарите, ќе ви дадеме 8 добри причини поради кои би требало тоа да го направите.

ознајте што се случува во вашиот организам по одредено време откако ќе ги оставите цигарите.

По 20 минути: Се намалува бројот на отчукувања на срцето и крвниот притисок.

По 12 часа: Нивото на јаглерод моноксид во крвта паѓа на нормала.

По 2 до 12 недели: Се подобрува циркулацијата и се зголемува функцијата на белите дробови.

По 1 до 9 месеци: Се намалува кашлањето и недостатокот на воздух.

По 1 година: Ризикот од срцеви заболувања е помал за половина отколку кај пушачите.

По 5 години: Ризикот за мозочен удар е намален.

По 10 години: Ризикот од рак на бели дробови е за половина помал отколку кај пушачите, се намалува и ризикот за рак на устата, грлото…

По 15 години: Ризикот од болести е ист како и кај лицата кои никогаш не запалиле цигара.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Живот и стил

Зголемете ја плодноста со следните намирници

Avatar

Објавено пред

на

Иако многу фактори влијаат на можноста да ја добиете улогата родител, здравиот начин на живот и правилната исхрана се едни од поважните.

Авокадо

Ова овошје содржи доста незаситени масти кои можат да ја зголемат плодноста. Имено, едно истражување покажало дека жените чија исхрана е богата со овие масти, а кои биле вклучени во програмата за вештачко оплодување, имале три пати поголем успех во обидите за забременат.

Семки од сончоглед

Препуштете му се на уживањето во овие грицкалки барем три пати неделно. Богати со цинк, семките од сончоглед помагаат во одржувањето на рамнотежа на репродуктивните хормони и влијаат позитивно врз квалитетот на јајце клетките.

Цимет

Овој ароматичен зачин има способност за намалување на инсулинот и зголемување на шансите за зачнување во плодните денови.

Јајца

Подгответе си поширани јајца или меко варени, но избегнувајте омлет. Жолчката која не е тврда содржи повеќе витамин Д и Б6 кои се заслужни за зголемување на лачењето на прогестеронот, хормон кој игра важна улога при зачнувањето.

Хељда

Семето од хељда е богато со материи кои кај жените го намалуваат инсулинот и тестостеронот, а со самото тоа ја зголемуваат можноста за зачнување во време на овулацијата.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Живот и стил

Сепак природните препарати се подобро решение против „првут“ во косата

Avatar

Објавено пред

на

Подобар начин е да се одлучите за природни препарати со кои многу умешно можете да се ослободите од оваа појава. Шампоните против првут како што знаеме можат да бидат ефикасно средство за решавање на овој многу чест проблем, но можат да направат и штета. Тие содржат многу агресивни хемиски состојки кои во одредени случаи можат да реагираат негативно на здравјето на луѓето.

Маслиново масло

Помешајте две лажици маслиново масло и една лажица масло од бадем. Пополека нанесете ја смесата на главата и нежно тријте го коренот на влакната. Маслото нека ви постои на главата 15 минути, а потоа убаво исплакнете ја косата.

Исто така, можете да направите сличен препарат со маслиново масло и рузмарин. На една лажица маслиново масло се ставаат 10 капки масло од рузмарин, кое можете да го купите од аптека. Откако ќе го нанесете на главата, најубаво е да го оставите да ви делува за време на ноќта, а потоа наутро да ја измиете косата.

Јаболков оцет

Еден од начините е да помешате иста количина на вода и оцет. Нанесете го овој препарат на косата и оставете го да ви дејствува цела ноќ. Утредента, косата исплакнете ја со бебешки шампон.

Доколку имате осетлива кожа, препорачливо е во шише од половина литар да измешате 1 децилитар оцет и 4 децилитри топла вода. Откако ќе ја измиете косата, земете ја оваа мешавина и пополека сипете ја на косата. Можеби ќе чувствувате мало пецкање, но тоа е сосема нормално. Масирајте ја кожата на главата, а потоа убаво исперете ја за да не ви мириса косата на оцет.

Алое вера

Се препорачува 2-3 часа пред миење на косата, да ја измасирате главата со алое вера. Ова помага да се ослободите од првутот, а го зајакнува и коренот на влакната.

Камилица, мајчина душица и ловоров лист

Камилицата ја смирува осетливата и воспалената кожа, па токму затоа можете да земете три кесички чај од камилица и да ги ставите во 150 мл топла вода. Оставете ги да отстојат 10 минути во водата, а потоа чајот нанесете го на коренот на влакната и нежно масирајте. Препорачливо е потоа косата да не се мие.

Пробајте и со лековитата билка мајчина душица, распоредувајќи 7 лажици сува билка во две шолји за чај полни со топла вода. Оставете ги покриени 10 минути, а потоа процедете го чајот и оставете го да се олади. Едната шолја искористете ја на чиста коса, масирајќи ја главата. Со другата шолја повторете го третманот наредниот ден.

Ловоровиот лист исто така може да ви помогне при отстранувањето на првутот. Во 1 литар вода ставете цела шака ловорови листови и оставете го на оган убаво да зоврие. Кога ќе се олади, процедете ја течноста и на чиста коса нанесете ја на главата. Косата замотајте ја во пешкир и оставете ја течноста да ви делува барем еден час. На крајот исплакнете ја косата со млака вода.

Сок од лимон

Исцедете еден лимон и со сокот истријте ја кожата на главата. Потоа земете една чаша вода, додадете во неа една лажица лимон и повторно истријте ја главата. Оставете го сокот да делува неколку минути, а потоа измијте ја косата. Постапката можете да ја повторите неколку пати, се додека не се ослободите од првутот.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Живот и стил

Ова се сите негативни и штетни последици врз човекот поради недоволниот сон

Avatar

Објавено пред

на

Како и повеќето луѓе, веројатно и вие сте почувствувале на своја кожа како непреспаните ноќи го попречуваат нормалното функционирање. Недоволното спиење има многубројни негативни последици врз нашето здравје и нашиот живот. Еве некои од нив:

Зголемен ризик од кардиоваскуларни болести. Модерниот тренд на скратување на сонот е темпирана бомба. Краткиот сон влијае негативно врз вашето срце, со тоа што го зголемува крвниот притисок, го забрзува ритамот на срцето и го покачува нивото на хормонот на стресот.

Зголемен апетит и склоност кон дебелеење. Додека спиеме, нашиот организам ослободува специфични хормони и хемикалии кои го контролираат апетитот и му помагаат на телото да одржува нормална телесна тежина. Намалениот сон го нарушува балансот меѓу хормоните, односно го намалува нивото на хормонот кој го потиснува гладот, па ние јадеме повеќе од вообичаено.

Зголемен ризик од дијабетес. Кај луѓето кои спијат помалку од 7 часа дневно се зголемува ризикот од појава на дијабетес тип 2.

Намалена способност на мозокот за помнење. Помнењето се создава врз основа на серија од нервни врски кои се обновуваат или зацврстуваат за време на спиењето. Секоја фаза од спиењето има различна улога во обединување на новите информации, научени во текот на денот. Доколку не му дадете доволно сон на вашиот мозок, тој не може правилно да ја складира новата материја, па поверојатно е да заборавате.

Намален имунитет. Колку помалку спиеме, толку послаб станува нашиот имунитет. Организмот на личностите кои спијат недоволно потешко се бори со вируси и бактерии.

Влошување на комуникациските вештини. Уморните луѓе почесто предизвикуваат конфликти, секогаш реагираат бурно, покажуваат лоши комуникациски способности и често молчат и немаат желба да ги решаваат проблемите.

Намалена способност за донесување разумни одлуки и решавање проблеми. Способноста на мозокот да продуцира логични и пресметани решенија на проблемите значително е намалена кај личностите кои не спијат доволно во текот на ноќта. Тие често избрзуваат или занемаруваат важни факти, а тоа ја намалува ефективноста и резултира со донесување на непромислени ризични одлуки.

Појавување на тага и депресија. Краткиот сон не само што го намалува интензитетот на позитивните емоции, туку води и до појава на негативни емоции, како тага и вознемиреност. Хроничните проблеми со спиењето се поврзуваат со долготрајни нарушувања во расположението и појава на депресија.

Појавување на тешкотии при учењето на нова материја. Луѓето кои на работното место константно учат нешто ново мораат да си го пружат луксузот „квалитетен сон“. Недоволното спиење значително ја намалува способноста за учење и помнење.

Доколку се соочувате со овие последици од нередовниот сон време е да го промените својот став и да престанете да ја занемарувате силата на добриот сон, кој носи подобро здравје, поведро расположение и поубави спомени.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 3 минути

Нови 387 случаи регистрирани од Ковид-19, починати 35, ова е денешниот биланс

Во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 174 -Куманово...

СпортПред 2 часа

Марк Гасол во Лејкерс

Шпанскиот кошаркар Марк Гасол ќе биде новиот играч на НБА шампионот Лос Анџелес Лејкерс. Според американските медиуми, помладиот брат на...

МакедонијаПред 2 часа

Бензините се намалуваат, додека дизелот се покачува

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за нови цени на горивата, која започнува од ноќеска на полноќ и ќе...

СветПред 2 часа

Worldometers: Повеќе од 59 милиони случаи на корона

ВАШИНГТОН: Во светот, 59.080.520 случаи на инфекција се потврдени од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на веб-страницата на „Worldometers“. 1.395.340...

СветПред 3 часа

Нема повеќе ресторани, само храна преку телефон: Лос Анџелес жестоко се бори со коронавирусот

Мерките се воведуваат затоа што просечниот број на новоинфицирани во текот на пет дена беше над 4.000 Властите во областа...

ХороскопПред 17 часа

Дневен Хороскоп (23.11) понеделник

ОВЕН Фокусирани сте кон финансиите и заработката. Не постојат промени на долгорочен план. Ако се обидувате да се справите со...

МакедонијаПред 20 часа

Официјално денес 1112 нови случаи на Ковид-19, починаа 24 лица

Во последните 24 часа се направени 2553 тестирања, а регистрирани се 1112 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 321 -Куманово...

ЗанимливостиПред 1 ден

За ладните денови направете дома балзам за усни

Гроздовата маст или балзамот за заштита на усните од ладното и ветровито време може лесно да се направи без хемиски...

МакедонијаПред 2 дена

❄️⚠️ Внимание во патниот сообраќај за предели каде има мраз, поледици, осојници!

Внимавајте периодот кој следи, во случај на мраз, подледување на асфалтот и голомразици за време на возењето во предели каде...

ХороскопПред 2 дена

Дневен Хороскоп (22.11) недела

ОВЕН Подготвени сте да работите прекувремено и да се докажете уште повеќе за еден ден да остварите напредок. Ако ви...

НАЈЧИТАНИ