Случувања
Шведска признава дека нема знаци на колективен имунитет

СТОХОЛМ – Шведска призна дека нема индикации дека во таа земја се развил колективен имунитет, што го забавува ширењето на коронавирусот затоа што расте бројот на нови инфекции.
“Прашањето за колективен имунитет е тешко. Не гледаме знаци на имунитет кај популацијата што сега би го забавило ширењето на инфекцијата”, рече главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел, кој е творец на стратегијата за коронавирус во Шведска, што не вклучува карантински мерки.
Швеѓаните биле повеќе изложени на вирусот отколку нивните соседи во нордискиот регион, а секој трет жител на Стокхолм има антитела, покажуваат неодамна објавените податоци, пренесува Блумберг.
Шведска не воведе рестриктивни мерки против ширењето на вирусот и се потпира на доброволна усогласеност со препорачаните мерки. Но, земјата сега бележи меѓу пет и седум илјади нови случаи на вирус на корона секој ден.
Како резултат, владата сега воведе некои ограничувачки мерки, како што е забрана за собирање повеќе од осум лица на јавно место и забрана за продажба на алкохол по 22 часот. „Здравјето и животот на луѓето се уште се во опасност, а опасноста расте“, рече премиерот Стефан Ловен во неодамнешното обраќање.
Во новиот бран на пандемија, болничките капацитети во Шведска се пополнуваат побрзо и побрзо, а бројот на пациенти на кои им е потребна интензивна нега расте.
Временска прогноза
Од вечерва доаѓаат нови дождови, како и снег на пониските места

Претстојната вечер и ноќ од запад ќе се прошират нови уште ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи и тоа на пониските места од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег и снежната покривка ќе продолжи да се зголемува, особено на планинските места со надморска височина од над 1300, 1400 метри и тоа претежно во западните предели.
Ќе дува засилен, повремено на некои места СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец и истиот повремено ќе достигнува брзина од околу 90 км/час. Максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени, додека утре истите ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 16 степени во најтоплите предели од државава.
Утре во текот на денот ќе има краткотраен престанок на врнежите, меѓутоа доцна попладне и навечер од запад ќе започнат нови врнежи од дожд и снег на планините, поради продор на студена воздушна маса во вторник врнежи од снег ќе има и на пониски места. Детална анализа околу ова следува понатаму.
Автор: Славчо Попоски
Македонија
Утре делови од Скопје и Охрид со времен прекин на електрична енергија поради работа на електродистрибутивната мрежа

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 25.01.2021 година – понеделник, ЕВН ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата од следните планирани места:
КЕЦ Скопје Аеродром
АЕРОДРОМ: бул. Јане сандански згради бр. 86, 88 и 90 (Од 09:00 до 12:00 часот)
КЕЦ Скопје Васил Главинов
БУТЕЛ: ул. Гоце Стојчевски зграда бр.5 влез 1-3, Ул. Лазо Москов зграда бр.2 влез 1-4 (Од 08:00 до 09:00 часот)
КЕЦ Охрид
Дел од ул. Беќир Али Риза (према училиштето Братство Единство) (Од 09:00 до 10:00 часот)
Дел од село Долно Коњско, горниот дел на селото, горна мала. (Од 11:00 до 15:30 часот)
Извор: Струја.мк
Македонија
Нови 347 случаи на Ковид-19 денес, починати 11 лица

Во последните 24 часа се направени 2013 тестирања, а регистрирани се 347 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 179
-Куманово 24
-Тетово 14
-Прилеп 5
-Гостивар 8
-Штип 13
-Битола 1
-Велес 11
-Охрид 18
-Струмица 7
-Кавадарци 13
-Струга 4
-Кочани 8
-Кичево 4
-Свети Николе 2
-Гевгелија 1
-Дебар 4
-Ресен 1
-Крива Паланка 3
-Берово 4
-Делчево 10
-Пробиштип 5
-Виница 1
-Богданци 3
-Крушево 1
-Демир Капија 2
-Пехчево 1
Починати се 11 лица, пет пациенти од Скопје (35, 75, 65, 81 и 74г.), еден пациент од Штип (80г.), еден од Велес (82г.), од Струмица (78г.), од Кавадарци (55г.), еден пациент од Валандово (63г.),и еден пациент од Пехчево (93г.). Еден е починат вон, останатите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 378 оздравени пациенти од:
-Скопје 270
-Куманово 13
-Тетово 11
-Прилеп 15
-Гостивар 4
-Штип 5
-Битола 3
-Велес 6
-Струмица 9
-Кавадарци 8
-Струга 1
-Кочани 4
-Кичево 5
-Свети Николе 2
-Гевгелија 2
-Неготино 4
-Ресен 3
-Крива Паланка 4
-Радовиш 3
-Берово 2
-Богданци 1
-Кратово 1
-Крушево 1
-Пехчево 1
Досега во земјата се направени вкупно 441.134 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90471, бројката на оздравени пациенти е 76423, на починати е 2779, а бројот на активни случаи изнесува 11269.
-
Кичево2 дена
СВР Охрид: Вчера во Кичево извршени се 40 контроли на угостителски објекти
-
Кичево1 ден
За Кичево: Млекара „Маврово“ вработува дистрибутер и работници за производство
-
Временска прогноза3 дена
Најава за нови снежни врнежи од понеделник, ова се деталите..
-
Хороскоп2 дена
Дневен Хороскоп (22.01) петок
-
Македонија2 дена
Од ноќеска горивата поевтинуваат, ова е новата цена
-
Видео3 дена
(ВИДЕО) Си крадеше вино во продавница, па вработениот го сецна..
-
Балкан3 дена
(ВИДЕО) Страшна сообраќајка во Ваљево, поставените столбови спасија жена и дете на пешачки
-
Хороскоп1 ден
Дневен Хороскоп (23.01) сабота