Македонија
Обид за силување врз 16 годишна од Виница, додека пасела овци

На 19.06.2018 година во 09.00 часот во Полициската станица Виница, 36-годишна жена од виничко село пријавила дека на 18.06.2018 година во периодот од 14.00 до 14.30 часот во атар на селото, додека нејзината 16 годишна ќерка ги напасувала овците, непознато лице се обидело да ја силува. Девојчето успеало да се ослободи и побегнало кон семејната куќа.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Извор: МВР
Македонија
Викендов во акциска на СВР Охрид санкционирани 10 возачи кои возеле под дејство на алкохол

На 28/29.01.2023 во периодот од 22.00 до 04.00 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли, при што полициските службеници затекнале 10 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-08, Струга-01, Кичево-01).
Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.
Извор: МВР
Македонија
Во акциска вчера, пратени на технички возила кои вршат јавен превоз на ученици

Во текот на вчерашниот ден (25.01.2023) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.
При контролата констатирани се 67 сообраќајни прекршоци, при што едно возило е исклучено од сообраќај поради истечена регистрација.
Упатени на вонреден технички преглед се 17 возила.
Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, известуваат од МВР.
Македонија
(ФОТО) Хуман гест, млад полицаец од Кичево, вработен во Охрид помага на постаро лице да помине преку улица

Неодамна во Охрид кај местото Поштана (како што охриѓани го викаат тој потег) колегите од електронскиот медиум Публицитет забележале гест на Полицаец кој е за пофалба и поздравување.
Имено додека старица се обидувала да ја помине улицата и бавно чекорела, од полициското возило излегол полицаец ѝ ја фатил под рака и најгрижливо ѝ помогнал да ја премине сообраќајницата.
Иако непознат за јавноста и порталот Полицискиот службеник направил хуман гест кој ни ја враќа надежта во луѓето.
За овој чин, пофалби јавно упати и портпаролот на СВР Охрид, г-дин Стефан Димоски.
Денес дојдовме до ексклузивни информации дека полицискиот службеник кој покажа хуман гест, чин за сите пофалби е од Кичево, во СВР Охрид е повеќе од 2 години, неговиот идентитет е Мики Милосовски (23).
Се работи за млад перспективен кадар со спортски дух, расположен и сталожен карактер кој секогаш оддавал ведрина и почит према постарите. Ваквите личности секогаш влеваат надеж во иднината на сите вредни професионални полиња од животот.
За неговите амбиции и посебен придонес, признанијата доаѓале и претходно. Тој во ноември изминатата година се здобил и со Благодарница за успешно извршување на Полициските работи во меѓусекторската активност на “Безбедно лето” потпишана од првиот човек на Полицијата.
Во оваа прилика упатуваме честитки и од нас Мики, Кичево се гордее со тебе!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (31 јануари)
-
Lifestyle2 дена
12 карактеристики на незрели луѓе! Ако забележите дека некој се однесува вака, знајте со кого си имате работа!
-
Временска прогноза1 ден
Снег послабо и за месец февруари, сув студ и силен ветер се она што треба сигурно да се очекува, ова се деталите…
-
Хороскоп5 часа
Месечен Хороскоп (февруари)
-
Видео2 дена
Фармерот и магарето имаат посебен однос, видеото е прегледано 4 милиони пати
-
Автомобили2 дена
Изгледа дека електричните автомобили не се толку исплатливи
-
Видео16 часа
Со хумористично видео, мајка покажа како се менуваат градите за време на бременоста и доењето
-
Магазин2 дена
Ова се најнестабилните апликации за iPhone и Android