Македонија Случувања Хроника

ТАЖЕН ДЕН: Сите загинати патници се од Гостивар, нека почиваат во мир!

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, соопшти дека сите патници во автобусот кој падна во бездна, а потоа се преврте, се од Гостивар.

Автобусот патувал од Скопје за Гостивар, а се преврте во близина кај Карпалак.

Според последните информации 13 се загинати, седуммина биле починати на местото на несреќата, а другите починале подоцна на пат кон болница или по згрижување во болниците.

Меѓу повредените има во животно загрозувачка состојба.

Возачот на автобусот на компанијата Дурмо Турс е во добра здравствена состојба, но е во шок. Се очекува тој да помогне во расветлување на причините за оваа трагедија.