Здравје и убавина
Следните седум работи кај луѓето, ја уништуваат убавината на забите
На забите штетно влијаат црвеното вино, кафето, чајот и секако цигарите. За тоа сигурно дека сте свесни, но некои штетни навики поминуваат незабележано. Ова се едни од најраспространетите:
1. Грицкањето мраз– Природен е и без шеќер, но мразот може да предизвика пукање на забната глеѓ. Со ова се предизвикува иритација на мекото ткиво во внатрешноста на забите и со тоа се создава забоболка.
2.Пирсинг на јазикот– Kул е , меѓутоа доволно е јасно зошто на јазиот и устата не треба да имате метални украси- ги оштетуваат забите, ги иритираат и непцата кои можат да се воспалат, а може да дојде и до губиток на заби. Освен тоа, устата е поволно место за развој на бактерии, а пирсингот го зголемува ризикот од инфекции.
3.Гумени и други бонбони ( дури и оние за грло)– Гумените и другите слатки купени во продавница се сомнителни, а оние, купените во аптека се безопасни за забите? Бактерискиот биофилм на забите го претвара остатокот од шеќер во киселина која ја оштетува забната глеѓ. Ако не можете без слатки, јадете ги со поголем оброк, кога се лачи повеќе плунка.
4.Засладени пијалоци ( газирани и негазирани)- Л именка газиран пијалок содржи до 11 лажици шеќер, а тука се и киселините кои ја оштетуваат глеѓта. Диеталните верзии можеби немаат толку шеќер, но затоа количините на киселини во облик на вештачки засладувачи се многу поголеми. И овошните сокови се опасни, бидејќи со витамините и антиоксидансите содржат и шеќерни адитиви. Купувајте природни сокови или разредете ги со вода.
5.Чипс- Бактериите во устата го разградуваат и скробот од чипсот. Киселината, според тоа може да ја загризат глеѓта долги 20 минути а и подолго, ако парчиња храна се заглавени во забите. Користете забен конец.
6.Отварање предмети со забите– необично, но многу луѓе разни пакувања, па дури и шишиња ги отвараат со забите. Не користете ги забите како алатка, не можете толку едноставно да ги купите како ножици или отварач за шише.
7.Гризење молив– Како и грицкањето мраз, и оваа навика може да предизвика оштетување на забите. Ако веќе имате потреба за џвакање, истото сторете го со гума за џвакање.
Здравје и убавина
Дајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
Многу луѓе се соочуваат со проблеми во дигестивниот систем кога патуваат на одмор. Промената на климата и новата околина често влијаат, но има решение што може да ви помогне да се ослободите од овие тегоби. Австралискиот нутриционист Роберт Вилсон советува како да се справите со тоа.
Таа објаснува дека е многу важно да се консумира овошје кое е корисно за цревата.
– „Крушите се одличен избор, бидејќи нивните влакна и природни шеќери, како што се сорбитолот и фруктозата, помагаат за одржување на добрата работа на дигестивниот систем и спречуваат запек“, изјавува Вилсон.
Патувањето со авион често доведува до стомачни проблеми, што е последица од наглите промени во воздухот, што особено го погодува дигестивниот систем.
– „Но, ова не се однесува само на проблемите со столицата. Здравиот дигестивен систем и цревата се клучни за добро чувство и повисоки нивоа на енергија. Тие помагаат на организмот да ги апсорбира хранливите материи и да изгради силен имунитет“, додава тoj.
Крушите се еден од најбогатите извори на влакна, па ако редовно ги јадете додека сте на одмор, вашите црева ќе ви бидат благодарни.
/taratur
Здравје и убавина
Како полесно да ја издржите диетата за слабеење
Според една понова анализа спроведена од научници од Холандија и Португалија, ако за време на држење диета си дозволиме еден „слободен ден“ во неделата кога можеме да изедеме нешто што инаку е забрането, значително се зголемува веројатноста да се остане доследен на режимот.
Во истражувањето биле вклучени две групи луѓе кои имале цел да ослабат: првата група секој ден консумирала по 1.500 калории, додека втората шест дена во неделата јадела по 1.300 калории, а седмиот ден добивала дозвола да внесе околу 2.700 калории.
Резултатите покажале дека учесниците од првата група побрзо ја губеле мотивацијата. Кај втората група, пак, сознанието дека имаат „награден ден“ делувало мотивирачки, па поретко се откажувале од диетата.
Интересно е што и покрај разликите во пристапот, двете групи забележале слично намалување на телесната тежина.
Извор: taratur
Здравје и убавина
Само со неколку нови навики, стартот на денот ќе ви биде полн со енергија
Доколку секоја утрина се борите со алармот и без силно кафе не можете да ја започнете дневната рутина, постои брз трик кој може да ви го промени стартот на денот. Според стручњаците, доволни се само 90 секунди под туш за да го „разбудите“ телото и да се наполните со енергија.
Професионалците од академијата „Кериер Грл“ истакнуваат дека голем дел од луѓето имаат погрешни навики при утринското туширање. Имено, топлата вода создава дополнително чувство на релаксација и поспаност, па дури и кога ќе излезете во студената просторија телото сè уште е „во режим на спиење“.
Нивната препорака е следна: започнете 30 секунди со ладна вода, продолжете 30 секунди со топла и завршете повторно со 30 секунди ладна вода.
Иако на почеток можеби ќе ви биде непријатно, овој контрастен туш ја поттикнува циркулацијата и ги активира капиларите, што делува како природен „вклучувач“ на мозокот и телото. Дополнително, ваквото туширање може да помогне во намалување на стресот, зајакнување на имунитетот преку зголемено создавање бели крвни клетки и поефикасно согорување масти.
Овој ритуал редовно го користат и светските ѕвезди, кои дел нагласуваат дека ладно-топлото туширање делува како природен антидепресив, бидејќи го стимулира мозокот со зголемени електрични импулси и носи чувство на освежување и благосостојба.
/таратур
-
Хороскоп1 денХороскоп за вторник (9 декември)
-
Кичево22 часаНоќеска во Кичево европско-медитеранскиот сеизмолошки центар регистрираше слаб земјотрес на длабочина од околу 15 километри
-
Кичево1 денКнежинскиот манастир денес го слави својот патрон „Св. Ѓорѓија – Победоносец“, за многу години „Св. Ѓорѓија“, Христовиот војник, заштитник на сиромашните
-
Хороскоп11 часаХороскоп за среда (10 декември)
-
Временска прогноза23 часаЗа вистинската зима и снежна идила ќе почекаме, следуваат пролетни температури над просекот за месец декември
-
Македонија2 денаЖена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
-
Македонија20 часаНово намалување на дизелот од ноќеска, бензините остануваат непроменети
-
Македонија2 денаПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
