Следете не

Технологија

Snapdragon 480 на Qualcomm овозможува 5G на евтини телефони

Објавено пред

на

Прифатлива 4xx серија чипсети на Qualcomm го доби својот прв 5G SoC, а тоа е штотуку објавениот Snapdragon 480. Чипсетот се очекува да биде одговорен за лансирање на уште подостапни 5G телефони оваа година.

Snapdragon 480 е создаден во процес на производство од 8nm и доаѓа со интегриран Snapdragon X51 5G модем-RF систем, кој поддржува мрежи и mmWave и Sub-6 GHz.

Кога станува збор за самиот процесор, тука е Kryo 460 јадро задолжено за перформанси базирани на Cortex-A76, со такт од 2.0GHz; присутни се и поефикасните јадра од A55, со такт од 1,8GHz. GPU е Adreno 619. Qualcoom истакнува дека Snapdragon 480 нуди двојно зголемување на перформансите на процесорот и графичкиот процесор во споредба со Snapdragon 460. Чипот Qualcomm Hexagon 686 е задолжен за извршување на AI задачи.

Останатите спецификации на чипсетот Snapdragon 480 вклучуваат поддршка за брзина на освежување на дисплејот од 120Hz, резолуција FHD +, сензор за 64MP камера и снимање до 1080p @ 60 fps. Чипсетот има и Qualcomm Spectra 345 ISP за истовремено снимање со најмногу три сензори на камерата. Исто така, постои поддршка за режимите SA и NSA 5G, Динамичко споделување на спектарот (DDS), Wi-Fi 6 и Bluetooth 5.1 врска.

Snapdragon 480 се очекува да дебитира на 5G телефони од различни производители, како што се Oppo, Xiaomi, Motorola и Nokia, во текот на првиот квартал на 2021 година.

Технологија

Фејсбук го купи „BigBox VR“ game студио

Објавено пред

на

Фејсбук купи неколку студија за производство на VR игри во изминатите неколку години, а BigBox VR сега се приклучува на таа група. Студиото е најдобро познато по играта „Population: One“, која се смета за една од најпопуларните игри на системот Oculus Quest 2 VR на Фејсбук. Играта може да се нарече директен клон на Fortnite, но во VR средина. Аквизицијата беше направена во петокот, но како што често се случува во такви ситуации, финансиските детали не беа објавени во јавноста.

Не е невообичаено сопствениците на хардверска платформа за игри да отворат свои студија за развој на игри кои ќе бидат исклучиво достапни само на таа платформа, но во светот на ВР работите работите се малку поинакви. Имено, тука нема голема конкуренција, па честите аквизиции на Фејсбук можат да доведат до монополска позиција на пазарот.

Додека многу програмери во студијата Oculus продолжуваат да создаваат наслови за Steve Store на Valve, која исто така нуди наслови за трети лица VR системи, повеќето конкурентни платформи го губат својот удел на пазарот на VR.

Присуството на Фејсбук, кој практично со намалувањето на цената на Oculus Quest 2 на 299 долари сака да направи масовност и со тоа да обезбеди голема база на корисници за неговите VR игри.

Извор: TechCrunch.com

Прочитај повеќе...

Социјални мрежи

Фејсбук „Messenger“ добива нови теми и повеќе подобрувања

Објавено пред

на

Фејсбук објави нови функции кои доаѓаат за Месинџер, преку најновата надградба. Додадени се нови теми во разговорите, воведени се подобрувања на Facebook Pay и додадена е опција за брзо реагирање на медиумските датотеки во разговорот.

Три нови теми вклучуваат налепници Оливија Родриго, тема за Светскиот ден на океаните и темата Ф9 – Брзи и бесни 9.

Facebook Pay добива подобрувања што го прават плаќањето полесно и побезбедно, особено за оние кои добиваат плаќања од клиенти и непознати корисници. Корисниците сега имаат можност да користат QR-кодови и врски за плаќање.

Опцијата за полесно одговарање на мултимедијални пораки има лента за брз одговор на дното на фотографијата и ќе им биде позната на оние кои користат функции на „приказна“ на различни платформи.

Нови промени доаѓаат во апликациите Messenger и Facebook за Android и iOS.

Прочитај повеќе...

Магазин

Google Pixel Fold се очекува кон крајот на оваа година или почетокот на следната година

Објавено пред

на

Претходните гласини сугерираат дека Pixel Fold, телефонот на Google со флексибилен екран, ќе биде претставен заедно со Pixel 6, што се очекува во текот на октомври. Сепак, во новиот извештај на The Elec сега се споменува дека Pixel Fold може да не биде објавен пред годинешната празнична сезона, па дури може да биде преместен во почетокот на следната година.

Samsung Display ќе обезбеди флексибилни панели за Pixel Fold, а масовното производство на овие екрани ќе започне во октомври, што значи дека тие нема да бидат достапни на Google пред сезоната на празници на крајот на годината.

Кога станува збор за спецификациите, гласините споменуваат дека Pixel Fold ќе има внатрешен OLED дисплеј, со големина од 7,6 инчи, сличен на моделот Galaxy Z Fold 2. За жал, други детали за телефонот не се познати, и сигурно е дека тој ќе доаѓа со софтвер Андроид 12 и може да биде напојуван од Google’s Whitechapel SoC.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен денПред 5 часа

На денешен ден – 15 јуни

1215 година – Под притисок на благородништвото, кралот Јован од Англија ја прифаќа Магна Карта Либертатум, темелот на државата, симбол...

ХороскопПред 7 часа

Дневен Хороскоп (15 јуни) вторник

ОВЕНПатувајте или физички или преку информации затоа што толку инстинктивно ќе разберете што точно треба да направите за да го...

СпортПред 10 часа

И ФФМ прати допис до УЕФА за најстрога казна кон Арнаутовиќ кој расистички го нападна Алиоски

Марко Арнаутовиќ расистички го нападна Езгјан Алиоски, а Фудбалската федерација на Македонија застана во заштита на македонскиот репрезентативец. Поднесен е...

КичевоПред 13 часа

(ФОТО) Во кичевско Србјани во дворецот на Храмот „Св.Петар и Павле“ за прв пат блесна светиот Крст

Вчера вечер беше вистински празник за жителите на с. Србјани – кичевско кои не го криеа нивното задоволството од убавината...

СпортПред 15 часа

Трајковски: Фокусот е да победиме против Украина, со тоа ќе имаме големи шанси да ја поминеме групата

Александар Трајковски, македонскиот репрезентативец го коментираше вчерашниот дуел со Австрија и поразот од 3:1. Тој смета дека Австријците не се...

ТехнологијаПред 16 часа

Фејсбук го купи „BigBox VR“ game студио

Фејсбук купи неколку студија за производство на VR игри во изминатите неколку години, а BigBox VR сега се приклучува на...

МакедонијаПред 17 часа

Од ноќеска поскапуваат горивата, ова е новата цена

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска одлучи да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати, просечно за...

МакедонијаПред 21 час

Комисијата предлага укинување на полицискиот час, да нема ограничување за гости на свадби?

Комисијата за заразни болести утринава одржа состанок на кои се донесени одлуки за нови мерки. Министерот за здравство Венко Филипче...

Временска прогнозаПред 23 часа

Денес и утре по свежо време, од среда доаѓа затоплување на времето

Денес и утре времето ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен...

На денешен денПред 1 ден

На денешен ден – 14 јуни

1645 година – Во граѓанска војна во Англија, парламентарните сили предводени од Оливер Кромвел и Томас Ферфакс ги поразија ројалистите...

НАЈЧИТАНИ