Следете не

Временска прогноза

Снегот почна да провејува над Кичево

Објавено пред

на

Моментално најавениот снег почна да го носи северен ветар со мал интензитет кон нашиот град Кичево.

Рано на утро температурите ќе се спуштат под нулата.

Од УХМР најавија сув студ, така што облакајте се потопло.

 

Временска прогноза

Најнови метео вести, викендов дестабилизација на времето..

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени. Потоа од утре попладне па натаму времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег на планините.

Поинтензивни врнежи ќе има во сабота, а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. температурите ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, додека пониски температури ќе имаме за време на викендот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени. за време на викендот врнежи од снег ќе има и на некои од повисоките места.

Известува Славчо Попоски за порталот Еспресо.мк

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Денес услови за снег и на пониските места, ова се деталите..

Објавено пред

на

Под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, денес времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Во текот на денот и тоа поради заладувањето, услови за врнежи од снег ќе има и на некои од пониските места.

Ќе дува умерен, а Долж Повардарието засилен ветер од северен и од северозападен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно и студено со умерен до засилен ветер од северен и од северозападен правец. Ќе има услови и за локално проврнување на дожд и снег. Максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени.

Потоа утре ќе има краткотрајно стабилизирање на времето и повеќе сонце. Наутро ќе биде студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.

Под влијание на влажен воздушен бран, од четврток попладне па натаму ќе има нови повремени врнежи од дожд и снег на планините.

Автор: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Доаѓа голем влажен бран кој носи дожд и снег, ова се најновите детали…

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла и на ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец и истиот на некои места ќе засилува на интензитет. Во вечерните часови, и во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува и во западните предели ќе има локални врнежи од дожд, а на високите планини врнежите ќе бидат од снег. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината претпладнево ќе има појава на слаба магла и на ниска облачност, додека во текот на денот времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Во вечерните часови облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а попладне и навечер, како и во текот на ноќта повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурата ќе се искачи до околу 9 степени.

Според Попоски, под влијание на ПОГОЛЕМ влажен бран, утре и во вторник времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (над 30 л/м2), додека на повисоките планини ќе има врнежи од снег и таму ќе се формира нова снежна покривка. Во текот на ноќта кон вторник, како и во вторник поради спуштање на студена воздушна маса од север, врнежи од снег ќе има и на повисоките места, а во вторник услови за врнежи од снег ќе има и на некои пониски места. Во вторник снежна покривка ќе се формира и на некои места со надморска височина од под 1000 метри.

Утре ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, додека во вторник истиот ќе го промени својот правец во северен. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени, додека во вторник истите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени.

Пишува Славчо Попоски за порталот Еспресо.мк

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен денПред 3 часа

На денешен ден: 9 декември

1594.- Роден е шведскиот крал Густаф Адолф, голем војсководец, воен и државен реформатор. Тој успешно ги заврши војните со Данска,...

ХороскопПред 7 часа

Дневен Хороскоп (9 декември) – четврток

ОВЕН Водете сметка да не бидете сам себеси најголем непријател. Лесно може да се впуштите во кредити или позајмици. Партнерот...

МагазинПред 17 часа

Мал пад на цените на криптовалутите од утрово

Пазарот на криптовалути изгуби 0,2 отсто од вредноста во последните 24 часа, па според податоците на веб-страницата Коингеко, капитализацијата денес...

СветПред 17 часа

Кина има најмногу новинари во притвор во светот

Кина е земјата со најмногу новинари во притвор во светот, според новиот извештај на Репортери без граници. Најмалку 127 новинари...

СветПред 17 часа

Инвестициите во европските технолошки стартапи на рекордно ниво

Новиот извештај покажува дека стартапите во европскиот технолошки сектор се повеќе привлекуваат инвеститори со рекордно ниво на инвестиции оваа година,...

ЗанимливостиПред 17 часа

Јапонскиот милијардер стана првиот руски турист во вселената

Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава денеска полета до Меѓународната вселенска станица (ISS) во својот прв вселенски лет. Руското вселенско летало Сојуз,...

СветПред 17 часа

ОМИКРОН ВО 57 ЗЕМЈИ Супермутантот се шири низ светот, предупредува СЗО: „Се очекува хоспитализацијата да се зголеми“

Сојот на корона вирусот омикрон е пријавен во 57 земји ширум светот, објави Светската здравствена организација (СЗО). Во неделен извештај...

Временска прогнозаПред 18 часа

Најнови метео вести, викендов дестабилизација на времето..

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и...

КултураПред 22 часа

Денеска го празнуваме Свети Климент Охридски, наш најголем просветител и учител.

Денеска го празнуваме Свети Климент Охридски, наш најголем просветител и учител. Свети Климент Охридски македонски светец и еден од учениците...

На денешен денПред 1 ден

На денешен ден: 8 декември

1542.- Родена е Мери Стјуарт, шкотската кралица, која подготвила заговор против англиската кралица Елизабета I. 1626.- Родена е шведската кралица...

НАЈЧИТАНИ