Следете не

Балкан

СНЕЖНА БУРА СЕ ДВИЖИ КОН МАКЕДОНИЈА: Бурата која се движи кон Македонија го парализираше Балканот

Објавено пред

на

Словенија и Хрватска денеска ги зафати студен бран пропратен со снежни врнежи, кои според прогнозите на метеоролозите, ќе продолжи и утре. На автопатот кон Загреб поради снег се вози отежнато, по една лента. ХАК предупредува дека патиштата се влажни и лизгави поради дождовите во Истра, северно Приморје, Лика и Далмација, додека во Горски Котар, средишна и северозападна Хрватска паѓа снежна виулица.

Снежните врнежи предизвикаа значителни проблеми во одвивањето на сообраќајот и во главниот град на Словенија, Љубљана, а сообраќајниот информативен центар ги предупреди возачите да не тргнуваат на пат без зимска опрема.

Висината на снежните наноси во највисоките делови на Словенија би можеле да изнесуваат и до 40 сантиметри, а во централниот дел на земјата околу 25 сантиметри, јави Агенцијата за животна средина на Словенија.

Балкан

Ново невреме се приближува кон истиот регион кој го зафати вчерашниот воден талог, Словенија, Хрватска, БиХ и Србија

Објавено пред

на

По разорното невреме кое вчера ги зафати Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и соседна Србија, и однесе неколку човечки животи, а поголем број граѓани беа повредени, во текот на утрешниот ден, а особено вечерта и ноќта према сабота во овие делови очекуваме ново разорно невреме.

Во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина како и во северните предели од соседна Србија утре очекуваме ново разорно невреме, и тоа поради повеќедневните големи горештини кои ги зафатија овие предели. Утре од Алскиот регион према овие предели ќе продре голема влажна и нестабилна воздушна маса и истата ќе го донесе ова ново страшно невреме.

Можно е ново сериозно Суперќелијско невреме, па затоа граѓаните да бидат крајно претпазливи, особено апелираме на нашите граѓани кои се наоѓаат во овие земји. Од појави се очекуваат силни поројни врнежи од дожд, опасност од поплави, разорен ветер, силни и чести електрични празнења и појава на крупен град кој може да направи многу штети.

За голема среќа, нашата Македонија нема да биде зафатена од ова ново разорно невреме кое ќе го зафати регионот утре, пишува Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Балкан

(ВИДЕО) Татко на едно од девојчињата кои загинаа во ОУ „Владислав Рибникар“ на гостување зборува за фактите со кои се соочиле родителите на загинатите

Објавено пред

на

printscreen/facebook video

Слободан Негиќ, татко на едно од девојчињата кои загинаа во престрелката на 3 мај во ОУ „Владислав Рибникар“, вчера вечер гостуваше во „Впечаток на неделата“ или „Utisku nedelje“ на „ТВ Нова С“ бидејќи како што рече, почувствувал потреба да ја донесе сериозноста на ситуацијата во јавноста и да ја искористи можноста да зборува за фактите, и да се обиде да побара помош од јавноста и некакво разбирање.

– „Да разбудам емпатија меѓу сите околу мене. Сакав да дојдам овде, многу е тешко, но почувствував силна потреба да ја изнесам тежината на ситуацијата во јавноста. Сакам да ја искористам приликата да ги кажам фактите како поединец и граѓанин на оваа земја и да се обидам да ја разбудам свеста кај луѓето, која веќе се буди за фактот дека поделбите се нешто што не ни треба и дека проблемот е многу тежок. “, истакна Негиќ и додаде:

„Никој нема решение и многу е тешко да се живее со него, но јас гледам искрена желба кај луѓето кога ќе ми погледнат во очи, кои се преплашени од она што го гледаат и кои реагираат на ова на човечко ниво. надвор од вообичаените теми и дневно-политички приказни. Секој што ќе најде простор во ова да објави избрзани мислења наместо тоа што навистина се случило, само му прави лоша услуга на општеството“, пренесува Нова.рс.

Во продолжение погледнете го видеото кое вирално се шири низ социјалните мрежи:

Прочитај повеќе...

Балкан

Што се случува вечерва во Србија, неофицијално пукано од автомобил, има и мртви?

Објавено пред

на

Во престрелката во Младеновац вечерва околу 23.30 часот загинаа две лица, а седуммина се ранети!

На местото на инцидентот има и силни полициски сили.

Според неофицијални информации има и повредени деца. Медиумите пишуваат и дека од автомобил во движење наводно било пукано од автоматска пушка и дека се се случило во селото Дубона.

Како што неофицијално дознава Пинк, маж од возило во движење пука неселективно со калашникови. Според непотврдени информации меѓу ранетите има и деца.

На местото на инцидентот се и припадници на полицијата, а по младиот У.М., 21 година, е распишана потерница. Откако ги испукал истрелите побегнал со мерцедес.

Ниту една од овие информации се уште не е официјално потврдена.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за среда (27 септември)

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

Спорт11 часа

Познати осминафиналистите за Купот на Македонија, додека теренот на ФК Башкими суспендиран за натпревари

Познати се двојките од осминафиналето во Купот на Македонија. Бранителот на трофејот, Македонија Ѓорче Петров ќе игра против Вардар. Финалистот...

Автомобили21 час

(ВИДЕО) „BMW XM“ изненади на тестот на еден престижен настан за автомобили

Шпански специјализиран сајт го тестираше BMW XM, првиот независен модел М, но и најтешкиот сериски BMW во продажба од 2.800...

На денешен ден21 час

На денешен ден (26 септември)

1186 – Дубровник склучил мир со српскиот голем префект Стефан Немања, кој се обидел да го заземе градот во два...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (26 септември)

ОВЕН Размислувајте однапред при носењето одлуки на деловно поле и важно е некои проекти добро да ги организирате. Со саканата...

Спорт1 ден

Ова е составот на Украина кој ќе биде на располагање и на мечот против Македонија во Прага закажан за 14 октомври, истакна Ребров

Селекторот на фудбалската репрезентација на Украина, Сергеј Ребров, го објави списокот на фудбалери на кои ќе бидат на располагање на...

Македонија2 дена

Од вечерва горивата со намалена цена за литар, ова е новата цена

Од вечерва по еден ипол денар поевтинуваат нафтените деривати, односно, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 89 денари за...

Магазин2 дена

Пристигнаа првите информации за серијата Google Pixel 8: Дали iPhone 15 добива „ривал во сенка“? (ФОТО)

Впечатоците по iPhone 15 сè уште не стивнуваат, а веќе ги имаме првите информации за новиот изданок на серијата Google...

Магазин2 дена

Snapchat се обидува да им отежне на тинејџерите да се поврзат со странци

Snapchat додава нови функции кои имаат за цел да ги обесхрабрат тинејџерите да комуницираат со странци на својата апликација. Промените...

Магазин2 дена

YouTube работи на алатки за вештачка интелигенција за да им помогне на креаторите

YouTube има нови AI функции за креаторите. Функциите со вештачка интелигенција што компанијата ги објави на настанот „Made on YouTube“...

НАЈЧИТАНИ