Свет Случувања

Ново видео од Џенова: Снимен моментот на фаталното уривање на мостот

Новите снимки од Џенова кои го прикажуваат моментот на фаталното и смртоносно уривање на автопатниот надвозник Понте Моранди, кое се случи на 14 август, предизвикуваат морници кога ќе ги погледнете.

На местото на урнатините, само неколку секунди пред тоните бетон да се урнат на тлото, е снимен пешак кој не претпоставувајќи ништо ја преминувал улицата.

Трагичниот биланс на загината во оваа трагедија засега е 43 лица, но надлежните органи се плашат дека оваа бројка не е дефинитивна.

Премиерот на Италија Џузепе Конте во областа на Џенова прогласи вонредна ситуација во период од 12 месеци, и определил 5 милиони евра помош од владините фондови.

Close