Следете не

Здравје и убавина

Со лаванда против изгореници

Avatar

Објавено пред

на

Лавандата има широка примена во козметиката. Најважните фарматички својства на маслото од лаванда се противвоспалувачко, седативно, аналгетичко и антисептичкото својство. Маслото од лаванда се користи и за изгореници и е многу делотворно.

Многу врсти на лаванда се користат за благи изгореници, а т.н. широколисна е најделотворна. Доколку се изгорите, веднаш капнете 2 – 3 капки етерично масло од широколисната лаванда. По 15 минути повторно капнете иста количина.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Здравје и убавина

Овој симптом укажува за можен срцев удар

Avatar

Објавено пред

на

Симптоми кои укажуваат на инфаркт во главно се болка во градите, слабост, умор, отежнато вршење на физички активности, мачнина и висок притисок. Меѓутоа, малку знаат дека и замаглениот вид може да укажe на можен срцев удар.

Доколку овој симптом се јави напоредно со парализирање на едниот дел од телото, отежнато разбирање на она што ви го зборуваат, збунетост и губење рамнотежа, веднаш повикајте брза помош.

Стручните лица истакнуваат дека инфарктот може да се јави во било која животна доба, но додаваат дека најзагрозени се оние кои имаат повисок холестерол во крвта и висок крвен притисок.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Зошто е здрава брусницата и кој лековити својства ги поседува

Avatar

Објавено пред

на

Таа е природен антибиотик кој содржи голем број на витамини, неопходни за нормалното функционирање на организмот.

Таа содржи минерали, витамини А, Ц и Б, калиум, растителни влакна и омега 3 масни киселини, а нејзиното редовно конзумирање може да спречи или намали инфекции на уринарниот тракт. Биофлавоноидите кои ги содржи делуваат антибактериски, уништувајќи ги штетните бактерии во телото.

Богата е со влакна, антоцијаним, проантоцијаним, бета-каротен, калциум, магнезиум и други микронутриенти. Концентратот од брусница се вика брусницин и најчесто се користи во лечење на инфекции на мочниот меур предизвикани од ешерихија коли.

Проантоцијанидните соединенија со кои што брусницата е особено богата делуваат со уништување на бактеријата ешерихија коли, со тоа што и оневозможуваат да се закачи на површинскиот слој на матката и бешиката.

На сличен начин, материите од брусницата делуваат во намалувањето на бројот на бактерии во усната празнина, а со тоа се намалуваат и наслагите од плак на забите.

Освен тоа, брусницата дејствува одлично во уништувањето на хеликобактер бактеријата, која е главен причинител на чирот на желудникот, а исто така го намалува и ризикот за појава на болести на забите и непцата, но и ракот на градата и дебелото црево.

Широкиот дијапазон на позитивно делување на брусницата оди и во прилог на обновување на видот, намалување на шеќерот во крвта, а нејзините плодови делуваат одлично и во исхраната на луѓето подложни на стрес и кардиоваскуларни болести. Воедно, го зајакнува имунитетот и отпорноста на организмот.

Брусницата содржи антиоксиданс – фенол, кој спречува срцеви болести, неколку видови карциноми и предвремено стареење. Изобилува со танини кои се важни за здравјето на срцето. Содржи и големи количини флавоноиди и полифеноли кои служат како природна одбрана од атеросклероза, зошто го инхибираат лошиот холестерол и ја подобруваат циркулацијата.

Брусницата можете да ја конзумирате во вид на сок, чај, во џем или едноставно како свеж, замрзнат или сушен плод.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Симптоми кои ќе ви покажат дека имате недостиг на железо во крвта

Avatar

Објавено пред

на

Проблемот со недостигот на железо лесно се решава.

Недостигот на железо предизвикува слабокрвност, телото не произведува доволно хемоглобин што е еден од најважните протеини во нашето, а директно е одговорен за преносот на кислород во црвените крвни клетки.

Ако се соочувате со следниве симптоми, тогаш е препорачливо да посетите лекар или да ја проверите крвната слика.

Симптоми:

– бледило на бојата на кожата

– вртоглавица

– поспаност

– слабост

– замор

– губење на апетитот

– срцебиење

– зашеметеност

– анемијата неретко води и до нерасположеност

Ниту еден од овие симптоми немојте да ги потцените. Исто така анемијата може да биде причина за сексуални дисфункции, главоболки, нервоза, заборавеност, недостиг на концентрација и лоша работна активност.

Не е неопходно да се имаат сите симптоми, кај секој човек се појавуваат други. Ако немате време да посетите лекар, внимавајте што јадете. На својата чинија ставете повеќе говедско месо, грав, ореви, овошје и зеленчук. Исто така јадете намирници богати со витамин Ц, а избегнувајте млеко и кофеин.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 5 часа

Денешен Хороскоп (26.11) четврток

ОВЕН Денес ќе се чувствувате рамнодушно, ќе се трудите да се фокусирате кон вашите цели но ќе ви недостига инспирација....

МакедонијаПред 8 часа

Нови 1288 ковид случаи, 39 починаа, две лица се жители на Кичево, ова се бројките по градови

Во последните 24 часа се направени 3349 тестирања, а регистрирани се 1288 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 570 -Куманово...

СпортПред 11 час

Почина легендарниот Диего Марадона

Аргентинските медиуми пред неколу минути објавија дека почина Диего Армандо Марадона. Оваа вест ги шокираше сите фудбалски фанови. Марадона е...

Временска прогнозаПред 24 часа

Период на стабилно време со ниски утрински температури, од недела следува промена на времето

Под влијание на стабилна и сува воздушна маса, и во текот на следните неколку денови времето ќе биде стабилно, суво...

Здравје и убавинаПред 1 ден

Овој симптом укажува за можен срцев удар

Симптоми кои укажуваат на инфаркт во главно се болка во градите, слабост, умор, отежнато вршење на физички активности, мачнина и...

ХороскопПред 1 ден

Редовен Хороскоп (25.11) среда

ОВЕН Ќе имате среќа околу работата денес. Можно е некои деловни обврски да ги завршите побргу од планираното. Ве очекува...

МакедонијаПред 1 ден

Нови 1039 случаи на Ковид-19, 28 од Кичево, додека починаа 15 лица

Во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 546 -Куманово...

МузикаПред 2 дена

(ВИДЕО) „Балкан Румба“ е новото оро првенче на нашиот кичевчанец маестро Бојан Кузманоски

Маестро Бојан Кузманоски од Кичево вчера на ЈуТјуб етерот го издаде своето прво „видео и аудио“ музичко остварување насловено како...

МакедонијаПред 2 дена

Радувај се народе, се собраа средствата за лекување на малата Илина, капа долу луѓе со големо срце!

Симона Пармачка Блажевска, мајката на Илина, на својот Фејсбук профил вчера објави дека се собрани потребните средства за лекување на...

МакедонијаПред 2 дена

СВР Охрид: Напишани 66 казни за неносење маски и 76 контроли врз угостителски објекти

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 66 прекршоци за неносење...

НАЈЧИТАНИ