Театар
За прв пат во Кичево доаѓаат неповторливите „Солзи и Смеа“, бидете дел од урнебесното „Комично 7-up Шоу“ кое со сигурност ќе ве насмее, резервирајте на време..

Овој месец „Солза и смеа“ доаѓаат во Кичево, каде за прв пат во ваков формат и на сцена премиерно ќе ја изведат нивната најнова претстава која носи наслов „КОМИЧНО 7-up ШОУ“. Станува збор за нивната најнова урнебесна комедија која со сигурност ќе Ве насмее до солзи!
Ова најново комично шоу на „Солза и Смеа“, ќе се одржи во петок на 24.11.2023 година во големата сала на НУЦК „Кочо Рацин“, а почетокот на овој спектакл започнува во 18:00 часот
Резервација на карти ќе биде малце поразлична од препознатливата, за да резервирате карти мора да се јавите на контакт телефон 078/66-77-97, за истите на влез да си ги подигнете. Цената на билет ќе биде 200 денари.
Театар
Хит театарската комедија „Обвинителка“ вечерва доаѓа во Кичево, триото Лидија Вукиќевиќ, Ризова и Ристовски, повторно со гостувања ширум Македонија

Тоа што многумина го посакуваа како театарска претстава веќе имаат можност да го видат на сцената. Комедија без вулгарности, комедија на ситуации со јасно изразени карактери и комедија која третира актулна тематика. Тоа е комедијата „Обвинителка“, која дава свој суптилен коментар на денешното време.
Преку низата на драмски ситуации актерското трио Вукичевиќ, Ризова и Ристовски со извонредната актерска игра изнудува многу смеа од страна публиката.
Како е да се биде бизнисмен? Обвинител или вработен во обвинителство? Кои средства се користат за спас од обвинение? Љубовта и страста што можат да му сторат на еден човек, како е да се плашиш и да живееш во страв дека те прислушкуваат, колку и на што се сме спремни за да побегнеме од одговорност и многу општествени случувања кои се карактеристични на денешното време. Како и многу други прашања, самата претстава го дава одговорот. После полните сали каде и да гостува ,,Обвинителка” се бара повторна изведба.
Тоа што оваа комедија ги спои уметниците од Србија и Македонија е патоказ како треба да се работи во иднина на полето на културата. По барање на публиката хит комедијата ,,Обвинителка” ќе гостува во Кочани, Кичево, Гостивар, Неготино, Велес и Струмица, а веќе следниот месец се предвидени гостувања и во дијаспората.
Автор на текст: Огнен Неделковски
Режија: Сашо Ристовски
Улогите ги играат: Лидија Вукиќевиќ, Магдалена Ризова-Черних и Сашо Ристовски
Сценограф: Крсто Богојевски
Костимографија: Елена Лука
Музика: Мишел Трајковски
Претставата ќе се реализира во Центарот за култура „Кочо Рацин“ – Кичево вечерва 22.05 понеделник со почеток во 20 часот.
Цената на билетот ќе биде 200 денари, бидете дел и не пропуштајте.
Театар
Утре премиера на претставата „Последна реплика“ во режија на кичевчанецот Михајло Петрески

Утре во НУЦК Кочо Рацин ќе се одигра премиера на претставата “Последна реплика“ од Габор Георге во режија на кичевчанецот Михајло Петрески.
Во главните улоги ќе играат: Ристе Ѓорѓиески и Весна Гаврилоска, музика и дизајнот ке биде дело на Виктор Гаврилоски.
Голема сала на НУЦК “Кочо Рацин“ Кичево со почеток во 20:00 часот.
Бидете дел и не пропуштајте.
Театар
„Stand Up Special“ смеење на секој 20 секунди со Бојан Велевски во Охрид

За прв пат во големата сала на НУЦК „Григор Прличев“ голем настап на Бојан Велевски во Охрид. Бидејќи е прв, а првиот впечаток секогаш најважен, тој доаѓа со STAND UP SPECIAL или најдобриот материјал од 10 години кариера и над 400 настапи „збиен“ во пеколни 90 минути и смеење на секои 20 секунди во просек.
– „Со задоволство ја прифатив поканата на да гостувам во Охрид и конечно да се запознаеме одблиску, како што е редот со охридската публика. Внимателно ќе ги одберам моите најдобри фори и ветувам дека ова ќе биде едно вистинско освежување за охриѓани.“ – вели за ПортаМК Бојан.
– Настанот е закажан за 29.04 (петок) со почеток од 20:00 часот, или петок веќе познат во Охрид како „ден за театар“.
Цената на билетите е стандардна – 200 ден, а може да се набават на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, или на телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066
А, додека дојде датумот за средба, загревање со едни од најдобите клипчиња на Бојан.
Наскоро Велевски ни открива дека следуваат многу новости, караван настапи низ Македонија, за кои ќе бидете навремено информирани.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (6 декември)
-
Кичево1 ден
Полициски службеници од СВР Охрид и ОВР Кичево денес во О.У. „Кузман Јосифовски-Питу“ го реализираа превентивно-едукативниот проект ,,Булинг и сајбер булинг“
-
Кичево21 час
(ФОТО) Кичевскиот „ART Caffe“ блесна во вистински предновогодишен сјај, пиете го најдоброто кафе во топол амбиент и нов уреден стил во срцето на градот
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за четврток (7 декември)
-
Временска прогноза20 часа
На пат студен бран од север, дождот ќе премине во снег кој истиот најпрво ќе се спушти до 1000 метри надморска височина
-
Македонија2 дена
(ФОТО+ВИДЕО) МВР на прес соопшти дека лицето за кое беше поднесена „црвена потерница“ е уапсено во Турција, наскоро ќе биде екстрадирано во Македонија
-
Македонија2 дена
МВР ги подбра возилата кои движат без атест на фолии
-
Магазин1 ден
Завршува поддршката за испраќање пораки меѓу Facebook и Instagram