Временска прогноза
Сонце и топло, попладне очекувајте дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе биде помеѓу 7 и 15, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, попладне со локален пороен дожд. Температурата ќе се движи од 12 до 26 степени.
Под влијание на циклонска активност од Медитеранот во следните денови продолжува периодот на променливо и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи (над 20 л/м2), грмежи, засилен ветер и појава на град, особено в недела.
Временска прогноза
Многу топло цела седмица, додека во попладневните часови ќе има активна дестабилизација

За време на овој викенд, како и во текот на следната седмица продолжува периодот на многу топло и сончево време. Сепак, во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а има услови и за локална појава на краткотрајно невреме.
Температурите ќе се движат во интервалот од 31 до 38 степени, додека во најтоплите предели ќе се искачат и до 40 степени.
УВ-индексот ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па токму поради ова препорачуваме да се заштитувате – за Еспресо вели Славчо Попоски и напоменува дека поради релативно високата влажност во воздухот, во следниот период температурите ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените.
Временска прогноза
Се спрема ново локално невреме во попладневните часови?

Денес во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови и за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ, а температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени.
Ув – индексот ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10. Напомена: Поради релативно високата влажност во воздухот, во следниот период температурите ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените – за Еспресо вели метео прогнозерот Попоски.
Временска прогноза
Многу топло со висок УВ, попладне можна појава на краткотрајно локално невреме

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните и во вечерните часови локално, и тоа особено во западните предели ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени.
– Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во попладневните и во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 36 степени. Потоа и во следните денови времето во Македонија ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО и сончево со мала локална облачност.
Во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, додека во најтоплите предели истите ќе се искачат и до 40 степени. Ув – индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10 – за Еспресо вели метео прогнозерот Попоски.
-
Кичево2 дена
Се бара 52-годишник од кичевско, скоро една недела го нема
-
Кичево17 часа
Ноќеска на магистралниот пат во Кичево се случила страшна сообраќајна несреќа со жртва
-
Кичево2 дена
(ФОТО+ВИДЕО) Најавеното невреме носи сè пред себе, кон с.Извор се лее кал по регионалниот пат
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (3 јули)
-
Кичево14 часа
Вчера во Кичево била пријавена физичка пресметка помеѓу малолетници, додека едно лице настрадало од куче скитник
-
Хороскоп6 часа
Дневен Хороскоп (4 јули) – понеделник
-
Хроника1 ден
Трагедија ја потресе Македонија, се трага по телото, 14-годишник попладнево се удави во Беровско Езеро
-
Македонија2 дена
СВР Охрид: Внимавајте, дури 27 санкции за возила кои престигнувале на недозволени места