Временска прогноза Случувања

Сончево со мала локална облачност и температура до 26 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. 

Утринската температура ќе се движи од нула до девет степени, а дневната температура од 17 до 26 степени. 

Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. 

Утринската температура ќе достигне до шест степени, а дневната температура ќе достигне до 24 степени. 

Од четврток повремено ќе има појава на мала до умерена облачност. Утрата ќе бидат малку постудени, а дневните температури ќе бидат без позначителни промени.